Почна амaндманската расправа за Предлог буџетот за 2027 година, поднесени 400 амандмани - Канал 5

Почна амaндманската расправа за Предлог буџетот за 2027 година, поднесени 400 амандмани

Почна амaндманската расправа за Предлог буџетот за 2027 година, поднесени 400 амандмани
Со поднесени 400 амандмани почна амандманската расправа на предлог-буџетот за 2027 година. Најголем дел од нив 226 се од СДСМ, 87 од ДУИ, Левица поднесе 83, Алијанса за Албанците три и пратеничката Весна Бендевска еден амандман. Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights Reserved

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжи рочиштетот против разрешениот апелациски судија Ристов, вештакот на одбраната ги оспорува доказите

Можна контаминација на доказите, необележани и нефотографирани фолии во кои биле парите и опасност од преност на туѓа ДНК.

Продолжи рочиштетот против разрешениот апелациски судија Ристов, вештакот на одбраната ги оспорува доказите

Можна контаминација на доказите, необележани и нефотографирани фолии во кои биле парите и опасност од преност на туѓа ДНК – вештото лице Атанас Козарев, кој денеска сведочеше по барање на одбраната на разрешениот апелационен судија – Ѓоко Ристов, со низа забелешки го доведе во прашање прибирањето на доказите од страна на полицијата во домот на родителите на обвинетиот каде беа пронајдени 350.000 евра. Според него, клучните докази против Ристов, најдената негова ДНК, се контаминирани од страна на истражителите, од кои едниот бил со скината ракавица.

„Не се забележува дека секоја фолија е фотографирана од сите страни, не се документирани нејзините преклопи, надворешна и внатрешна положба на снопот. Имаме алуминиумски фолии кои не се обележани и ја допираат подната површина која не е форензички заштитена. Кај оштетена ракавица се отвора можност за контаминација. Важно било да се утврди дали ракавиците на полицајците биле заменети и дали имало записник со кој е документирано со кои докази оперирал полицаецот кој имал скината ракавица“, беа забелешките на криминалистот Козарев.

Со ваквото постапување, според адвокатот на Ристов – Давидовиќ, не се испочитувани светските форензички стандарди на кои како држава сме потписник и ги применуваме.

-Тој не го спори ДНК-вештачењето, кое е неспорно, но го спори начинот на кој се обезбедени ДНК-трагите и дека постои реална можност од нивната контаминација и објасни зошто. Тој го спори материјалот кој што е вештачен, затоа што според стандардите кои требало да бидат применети и оваа држава е потписник на истите протоколи, не се испочитувани,- Звонко Давидовиќ – Адвокат на Ѓоко Ристов.

Она што го изготви денешниот технички советник не може да се нарече вештачење, туку осврт кон постапувањето на овластените службени лица при вршењето на претресот, кажа обвинителката Искра Хаџи – Василева, која во прашање го доведе и образованието на Козарев. Таа потенцира, дека не станува збор за стручен наод со кој се дискредитира вештачењето на трагите од биолошко потекло, кое е доказен материјал на обвинителството.

-Според оцената на обвинителството не слушнавме ништо суштинско. Според одбраната оди во делот на прибирањето на трагите и пропусти кои се таму, меѓутоа ништо суштинско со кое реално се дискредитира експертизата дадена во однос на трагите од биолошко потекло, кои се на Ѓоко Ристов, обвинетиот, а пронајдени на фолиите и на материјалот подигнат од местото. Профилот на овој технички советник не може да врши вештачење на ДНК – траги, не може бидјеќи единствено со технолошки или природни науки образование вешти лица, можат да даваат стручно мислење и осврт во однос на ДНК-материјалот,- Искра Хаџи Василева – Обвинител.

Судската постапка против судијата Ѓоко Ристов се води за пронајдените заѕидани 350.000 евра во домот на неговите родители во Неготино. Предметот е во самиот финиш, на следното рочиште на 9ти декември пред судот ќе излезе уште еден вештак на одбраната, на 15-ти следуваат завршните зборови.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Влада: Заштитата на жртвите е приоритет, насилството не смее да биде предмет на партиски препукувања

Владата веќе работи на подобрување на постојните решенија, а надлежните институции преземаат мерки во рамките на своите надлежности. 

Влада: Заштитата на жртвите е приоритет, насилството не смее да биде предмет на партиски препукувања

Во таа работа е важен придонесот на стручната јавност и на организациите што секојдневно работат со жртвите.

Воедно, сметаме дека на вака чувствителна тема јавната дебата треба да се води со особена одговорност.

Препознатливите партиски пораки во дебатата за насилството ја отежнуваат соработката што им е потребна на жртвите, а политичкиот наратив го одвлекува вниманието од прашањето што треба да биде во средиштето на вниманието, а тоа е заштита на жртвите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од 25 до 27 ноември во Скопје ќе се одржи петтото издание на фестивалот на грчкиот филм

Од 25 до 27 ноември во Скопје ќе се одржи петтото издание на Фестивалот на грчкиот филм.

Од 25 до 27 ноември во Скопје ќе се одржи петтото издание на фестивалот на грчкиот филм

Оваа година фестивалот е фокусиран на жените во грчката кинематографија. Под мотото Женскиот поглед-киното на жената- фестивалот има оддава признание на женските филмски авторки- нивната креативност и придонес во филмската уметност.

На фестивалот ќе бидат прикажани три долгометрани и два краткометражни филма со кои се обединуваат различни генерации на режисерки од Грција.

Датумот на отворање на фестивалот 25 ноември е симболичен- на Меѓународниот ден за елиминација на насилството врз жените со филмот-„ titanic ocean“, на Константина Котзамани.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер