Превентивна активност на СВР Куманово за зголемување на свеста кај возачите да не управуваат возило под дејство на алкохол
2Превентивна активност на СВР Куманово за зголемување на свеста кај возачите да не управуваат возило под дејство на алкохол
3Лишени од слобода 16 лица на различни локации во државата, при преглед кај нив пронајдена е дрога, следуваат пријави
СветТрета недела од „Турата низ главните градови“ на Кошта Целта на оваа турнеја на Кошта е да размени мислења со шефовите на држави или влади на земјите членки за агендата на ЕУ и за претстојните состаноци на Европскиот совет и на меѓународните самити.Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, денеска ја продолжува својата „Тура низ главните градови“ започната на 1 септември, во чии рамки ги посетува земји членки на ЕУ на разговори со нивните лидери за актуелни прашања поврзани со Унијата, политичките приоритети и методите на работа на Советот. Целта на оваа турнеја на Кошта е да размени мислења со шефовите на држави или влади на земјите членки за агендата на ЕУ и за претстојните состаноци на Европскиот совет и на меѓународните самити. Третата недела од турнејата низ ЕУ, Кошта ќе ја започне од Атина каде денеска ќе се сретне со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис. Од Атина Кошта ќе замине за Никозија на средба со кипарскиот претседател Никос Христодулидес, по што попладне ќе отпатува за Рим на разговор со италијанската премиерка Џорџа Мелони. Утре Кошта прво ќе се сретне со францускиот претседател Емануел Макрон во Париз, од каде ќе замине за Мадрид на средба со шпанскиот премиер Педро Санчез. Инаку, според првичниот план, Кошта требаше да престојува во Мадрид во четвртокот, но посетата беше презакажана за утре. Кошта в среда ќе престојува во Луксембург на средба со луксембуршкиот премиер Лук Фриден. Последната етапа од „Турата“ на Кошта е Порто, каде в петок ќе се сретне со португалскиот премиер Луиш Монтенегро, по што ќе учествува на Социјалниот форум во Порто. Во првата недела од турнејата од 1 до 5 септември, Кошта ги посети Словенија, Хрватска, Австрија, Романија, Бугарија, Чешка и Холандија, а во текот на втората седмица од 8 до 11 септември престојуваше во Финска, Шведска, Естонија, Летонија, Литванија, Полска, Унгарија, Германија и Словачка. Претходно на 27 август во Брисел Кошта се сретна и со белгискиот премиер Барт де Вевер. - Овие разговори ќе помогнат во обликување на нашата заедничка агенда за наредните месеци. Како претседател на Европскиот совет, моја должност е да ги слушам и да се запознам со приоритетите на сите лидери, особено во овие неизвесни времиња. Мојата улога е да градам консензус. Со секоја посета, ќе работам на зајакнување на нашата соработка, бидејќи во денешниот непредвидлив свет, нашето единство е нашата најголема сила, порача Кошта пред почетокот на турнејата. До крајот на 2025 година се предвидени два самити на ЕУ - во Брисел на 23 и 24 октомври и на 18 и 19 декември, како и неформална средба на лидерите на шефовите на држави или влади на членките на Унијата на 1 октомври во Копенхаген. Ден по овој неформален лидерски собир, на 2 октомври во Копенхаген ќе се одржи и Самит на Европската политичка заедница. Покрај ова, на 8 и 9 ноември во Колумбија ќе се одржи Самит меѓу ЕУ и Заедницата на латиноамерикански и карипски земји (ЦЕЛАЦ), а на 24 и 25 ноември и средба на врвот меѓу Европската и Африканската Унија во Ангола.Тагови: Антонио Кошта Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоУтре сончево и релативно топлоУтрото ќе биде ведро и студено, а во текот на денот сончево и релативно топло. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 6, а максималната ќе достигне од 22 до 29 степени. Во Скопје, сончево и релативно топло со слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 27 степени. Во следните денови времето ќе биде релативно топло. До среда утрата ќе бидат ведри и студени, а во текот на денот ќе преовладува сончево време. Од четврток ќе има зголемување на облачноста и утринските температури ќе бидат во пораст. Услови за локален дожд ќе има во петок.Тагови: сончево Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПревентивна активност на СВР Куманово за зголемување на свеста кај возачите да не управуваат возило под дејство на алкохолВо рамки на активноста беа користени специјални наочари, кои им овозможуваат на граѓаните да ја увидат намалената способност за управување возило доколку се под дејство на алкохол.Вчера (03.10.2026), полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Куманово и Општинскиот совет за превенција во Куманово реализираа сообраќајна превентивна активност за подигање на свеста на граѓаните и степенот на сообраќајна култура, а посебен акцент беше ставен на свесноста кај возачите да не управуваат возила под дејство на алкохол, со оглед на тоа дека алкохолот сериозно ги намалува возачките вештини, ги нарушува психомоторните способности и претставува сериозна закана по нивната и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот. Во рамки на активноста беа користени специјални наочари, кои им овозможуваат на граѓаните да ја увидат намалената способност за управување возило доколку се под дејство на алкохол.Тагови: мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваКучето кое влета на стадионот стана „славно“ (ФОТО)Во дуелот со Шкотска кој донесе разочарување за македонските навивачи, куче кое влета на теренот и заради кое имаше прекин во првото полувреме, се чини стана голем хит.Моментот кога овој натрапник влета на теренот беше реристриран на видео снимките а дел од светските спортски портали и списанија буквално го врамија на насловните страници. Кучето кратко беше на теренот по што го напушти стадионот. Scotland lead against North Macedonia thanks to Kieron Bowie's goal, but one home supporter in particular was not happy about it... A dog invaded the pitch at the Toše Proeski Arena in Skopje shortly afterwards and took a liking to left-back Sebastian Herrera. https://t.co/mSLelPsqCl — The Athletic | Football (@TheAthleticFC) October 3, 2026 Тагови: куче Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook