Трета Демирхисарска летна школа во Манастирот Слепче - Канал 5

Трета Демирхисарска летна школа во Манастирот Слепче

На денот на раѓањето на свети Јован Претеча – Иванден, од утре до 14.ти , традиционално ќе се одржи 3та Демирхисарска летна школа во Манастирот Слепче.

Трета Демирхисарска летна школа во Манастирот Слепче

На денот на раѓањето на свети Јован Претеча – Иванден од утре, во организација на манастирот Свети Јован Претеча Слепче, до 14.јули , традиционално ќе се одржи 3та Демирхисарска летна школа – Манастирот Слепче, духовен, културен и уметнички центар, во манастирскиот комплекс свети Јован Претеча во Слепче.

Активностите во рамките на Демирхисарската летна школа ќе се остваруваат во доменот на пет научно – истражувачки секции предводени од реномирани професори и научни истражувачи: архитектура (проф. д-р Елизабета Касапова), археологија ( проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс и м-р Орданче Петров), историја на уметноста (проф. д-р Сашо Цветковски, координатор на школата), теологија ( м-р Виктор Недески) со учество на триесеттина студенти, додипломци и постдипломци.

Значајно е да се нагласи дека во рамките на школата оваа година ќе учествуваат и студенти и професори од Полска и Босна и Херцеговина со што школата добива нова, интернационална атрибуција.

Посебно внимание ќе биде посветено на археологијата и археолошките истражувања во манастирскиот комплекс, со учество на дваесеттина студенти по археологија од Филозофскиот факултет при УКИМ од Скопје и Универзитетот Гоце Делчев од Штип.

Во рамките на школата, свои предавања ќе имаат академик Ѓорги Поп – Атанасов "Слепченска книжевна школа – Висарионовски период" ; проф. д-р Сашо Цветковски, "Декоративните мотиви на Слепченската резбарска школа од XVI-XVII век", ИЦКН "Цветанан Грозданов" при МАНУ; м-р Гоце Ристески, "Химнографијата и химнографските творби во византиската и словенската средновековна традиција"- Богословски факултет, Софија; м-р Гоце Секуловски, "Црковното пеење во Република Македонија, како инструмент во духовно-просветната мисија на Црквата во минатото и денес. Современи предизвици и прашања во литургиското музичко творештво и дејност во Светиклиментовата диецеза." ;

Предавањата на школата ќе бидат од отворен тип.

Оваа година во рамките на школата ќе учествуваат и студенти од Факултетот за Дизајн и технологии на мебел и ентериер, кои ќе остварат непосреден допир со делата на Слепченската резба од XVI – XVII век, а мотивите амблематични заоваа резба ќе ги вградат во своите идејни проекти околу ентериерното уредување на сакрални целини.

Секциите по архитектура и историја на уметноста оваа година ќе работат заедно, во евиденција и увид на сакралните споменици во Демирхисарско од XVI – XVII век.

Учесниците на школата ќе имаат можност низ теренските предавања да посетат повеќе археолошки локалитети, средновековни цркви и манастири како и најзначајните места од Илинденскиот период, Смилево, Бабино, Велмевци, Вардино и Крушево, информираат организаторите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

По размена на информации од македонската полиција, во Франција запленети 68 килограми кокаин

Заплената е резултат на оперативни информации обезбедени од Одделот за криминалистичка полиција.

По размена на информации од македонската полиција, во Франција запленети 68 килограми кокаин

Како резултат на успешната меѓународна полициска соработка и навремената размена на оперативни информации од страна на Бирото за јавна безбедност при МВР, на територијата на Франција, на наплатната станица Фонтен, запленети се 68 килограми кокаин, пронајдени во товарно моторно возило управувано од македонскиот државјанин М.Ф. (44).

Заплената е резултат на оперативни информации обезбедени од Одделот за криминалистичка полиција, односно Единицата за недозволена трговија со дрога, кои преку Секторот за меѓународна полициска соработка и Европол биле доставени до надлежните француски органи.

Ова е втора успешна меѓународна акција во период од еден месец, по претходната соработка со грчката полиција, која резултираше со заплена на 324 килограми марихуана.

Овие резултати ја потврдуваат ефикасноста на меѓународната полициска соработка и континуираната посветеност на МВР во борбата против организираниот криминал и недозволената трговија со дрога.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Актери во Белград ја прекинаа претставата по победата на студентите: „Луѓе, готово е!“

Синоќа, изведбата на претставата „Ода на радоста“ во белградскиот театар „Ателје 212“ беше прекината откако актерите дознаа за победата на студентската листа на парламентарните избори во Србија. 

Актери во Белград ја прекинаа претставата по победата на студентите: „Луѓе, готово е!“

Од сцената одекна извикот: „Луѓе, готово е!“, по што и актерите и публиката започнаа со славење.

Актерка сподели снимка од прославата

Актерката Тамара Драгичевиќ на Инстаграм сподели снимка од тој момент.

„А ова е моментот за време на претставата кога дознавме дека победивме – едвај стоевме на нозе“, напиша таа покрај видеото.

Таа додаде дека актерите требало да ја одиграат претставата таа вечер, но настанот се претворил во голема прослава. Драгичевиќ исто така укажа на симболиката на насловот на претставата, „Ода на радоста“, кој таа вечер доби посебно значење.

Вучиќ го призна поразот

За потсетување, студентската листа „Студентите победуваат“ извојува победа на вонредните парламентарни избори во Србија, освојувајќи 52,54 отсто од гласовите, додека листата „Обединета Србија“ на Александар Вучиќ доби 39,29 отсто.

Во своето обраќање до јавноста, Вучиќ го призна поразот. За загубата ги обвини медиумите и „американската длабока држава“. По признавањето на поразот, граѓани ширум Србија излегоа на улиците за да слават до доцна во ноќта.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лула Да Силва со пресврт до победа на претседателските избори во Бразил, противкандидатот Болсонаро најави оспорување на резултатите

Заостануваше со над 2 милиони гласови во првиот, победи со предност од 4,5 милиони во вториот круг, Луис Инасио Лула да Силва со историски пресрврт на претседателските избори во Бразил дојде до вториот последователен мандат. 

Лула Да Силва со пресврт до победа на претседателските избори во Бразил, противкандидатот Болсонаро најави оспорување на резултатите

Кандидатот на левичарската работничка партија, победата, во која освои 51,79% од гласовите ја оцени како пораз на лагите и одбрана на демократијата. Противкандидатот од десничарската конзервативна партија Флавио Болсонаро, кој освои 48% од гласовите, одби да признае пораз и најави дека ќе бара поништување на резултатите, повикувајќи се на одлуката од Врховниот суд со која времето на за гласање беше продолжено за два часа. Лула Да Силва по резултатот на овие избори освои, четврти, историски мандат, односно втор последователен.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер