Трет шешир, кој е кој на СП во фудбал во Русија во 2018 година - Канал 5

Трет шешир, кој е кој на СП во фудбал во Русија во 2018 година

Профили на репрезентации што ќе учествуваат на Светското првенство во фудбал во Русија идната година. Во Москва денеска ќе се одржи ждрепка за групите.

Трет шешир, кој е кој на СП во фудбал во Русија во 2018 година

Исланд
Најмала нација што се пласирала на Светски куп во фудбал. Беа први во квалификациската група во која беа Хрватска, Турција и Украина. Во репрезентацијата каде селектор е Хеимир Халгримсон се Гилфи Сигурдсон кој игра за Евертон и напаѓачот Колбеин Сигторсон од Нант како и Алфред Финбогасон од Аугсбург.

Костарика
Во 2014 година стигнаа до четвртфинале во 2014 година. Најуспешна репрезентација од централна Америка која не смее да биде потценета во Русија. Деби имаа во Италија во 1990 година. Селекторот Оскар Рамирез има играчи со европско искуство меѓу кои капитенот Брајан Руиз од Спортинг, Навас, голман во Реал, Кембел поранешен напаѓач во Арсенал сега во Реал Бетис и Боргес од Депортиво ла Коруња каде игра во средниот ред.

Данска
Пропуштија завршни натпревари на СП во 2014 година, но се непоразени речиси една година под „палката“ на селекторот Аге Хареиде кој го замени Мортен Олсен откако не успеаја да се пласираат за Еуро 2016. Имаа само еден пораз во квалификациската група од Ирска и пет победи. Завршија зад Полска на табелата во групата Е. Тоа е нивни петти настап на СП во фудбал.

Шведска
Во тимот ќе го нема Златан Ибрахимовиќ кој најави повлекување во летото 2016 година. Губитници од финалето во 1958 година, Швеѓаните беа трети во 1994, но не се квалификуваа на измиантите два турнира. Јан Андерсон како селектор има добар тим предводен од капитенот Андреас Грангвист кој игра во Красондар, Емил Форсберг од Лајпциг и напаѓачот на Тулуз Ола Тоивонен.

Египет
Се враќаат на СП по неуспешните квалификации во 2010 и 2014. Селектор им е Аргентинецот Хектор Купер кој има на располагање европски играчи. Тоа ќе биде нивно трето натпреварување на СП по 1934 и 1990 година. Предводени се од Мохамед Салах кој игра во нападот на ЛИверпул и постигна најмногу голови во квалификациите.

Иран
Селектор им е Португалецот Карлос Кеироз. Завршија први во азиската квалификациска група А. Тоа е нивни прв настап на СП во фудбал. Во селекцијата се Сардар Азмун од Рубин Казан, Реза Гочананеџхад и Ашкан Даџагах поранешен играч на Волфсбург.

Сенегал
Се врќаат по вторпат со надеж за повторување на чертвтфиналето од 2002 година кога дебитираа на СП. Сисе, капитенот од тогашните натпревари, сега е селектор. Во селекцијата му се напаѓачот на Ливерпул Садио Мане, одбранбениот играч на Наполи,Калиду Кулибали и капитенот Чеикоу Кујате од Вест Хем.

Тунис
Петти настап за нив на завршницата од СП. Последниот во 2006 година со една победа досега. Сега имаат нова генерација талентирани фудбалери. Селекторот е Набил Малуи, поранешен играч од среден ред назначен во април 2017 година. Најголем дел од играчите се од домашното првенство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Променливо облачно со повремени сончеви периоди и температура до 16 степени

Времето денес ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди.

Променливо облачно со повремени сончеви периоди и температура до 16 степени

По одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Најпрво во западните делови, а попладне и кон крајот на денот насекаде ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.

Во Скопје, променливо облачно со повремени сончеви периоди, попладне и кон крајот на денот ќе има врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 14 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. Од утре под влијание на јужно воздушно струење, температурите ќе бидат во постепен пораст и повторно над просекот за овој период од годината. Ќе дува умерен до засилен, а од среда повремено силен ветер од јужен правец (над 60 km/h), особено во западните делови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дневен хороскоп за 16. ноември 2026 година

Дневен хороскоп за понеделник, 16. ноември 2026 година. 

Дневен хороскоп за 16. ноември 2026 година

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Сите знаци покажуваат дека денеска ќе блескате. И на вас ќе ви биде чудно како привлекувате толкаво внимание.

Кариера

Денеска на работа можете слободно да се потпрете на сопствениот шарм. Сите работи на кои вие имате влијание , ќе бидат успешни.

Здравје и совет

Дотерајте се за да блеснете уште повеќе.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Ќе се обидувате да бидете скромни во своите љубовни очекувања, но таквиот пристап нема да ви биде познат.

Кариера

Пред вас се потези со кои можете да ги смените условите за работа на вас и вашите колеги.Внимавајте само да не избрзате со зборовите.

Здравје и совет

Почитувајте го своето тело.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Тешко дека ќе можете да се согласите со саканата личност за што било. наведнете си ја главата и слушајте што има да ви каже. Нема друг начин.

Кариера

Иако изгледа дека сте под нечија заштита , не е така.Забавни сте и способни ,а сега тоа се бара.

Здравје и совет

Одморете се од преголемите очекувања.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Денеска ќе се чувствувате добро , без разлика дали сте дома во друштво на саканата личност или сте излезени.

Кариера

Новите работни задачи ќе бараат поголема креативност и смисол работите да се постават на нов начин или делумно да се изменат.

Здравје и совет

Продолжете понатаму .

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Ви претстои излегување на интересно место полно со уметнички вибрации и убави луѓе.

Кариера

Оние чија работа е поврзана со настапи или презентации , денеска ќе постигнат убав успех. Другите ќе бидат во публика.

Здравје и совет

Ќе ја надминете малата меланхолија.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Она што не ви се допаѓа кај вас самите , би сакале да го скриете под тепих. Не може така, саканата личност доволно добро ве познава.

Кариера

направете се што можете за вашите професионални способности да дојдат до израз и не се плашете да го покажете вашето знаење.

Здравје и совет

Вежбајте повеќе.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Тајните интриги особено ќе ве инспирираат. Ќе бидете подготвени да направите се за да освоите нечие срце. Пазете до каде може да одите.

Кариера

Уметниците денеска добро ќе функционираат , а сите други ќе бараат место каде би ја изразиле својата креативност.

Здравје и совет

Можни се интересни сништа.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Подготвени сте да ги спуштите критериумите , зашто гледате дека животот е многу поедноставен , отколку што сте мислеле. Ве очекува опуштеност и среќа во љубовта.

Кариера

Денеска ќе работите лесно и пријатно.Причината е најава за добар настан.

Здравје и совет

Ќе се чувствувате одлично.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Денеска би можеле да доживеете многу пријатно и неврзано дружење. Некои ќе си најдат љубов преку пријателите.

Кариера

Ќе ви ги признаат вашите заслуги во работата , но веднаш ќе побараат од вас поголема одговорност.

Здравје и совет

Добро ќе се држите.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Додека вие се обидувате што повеќе да му се приближите, партнерот се обидува што повеќе да се повлече во себе и на тој начин да се оддалечи.

Кариера

Ситните незавршени работи ќе ви задаваат мала главоболка . Најдобро е да ги решите што побргу.

Здравје и совет

Душевен немир.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Она што можеби во моментов ви недостига во вашата врска , ќе го надоместите со добрата еротска игра.

Кариера

Малите интриги околу доминацијата на работното место ќе ги разоткриете со помош на вашата интуиција.Потпрете се на неа.

Здравје и совет

Зголемена општа сензуалност .

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Можеби ќе видите нешто што другите не го гледаат , но не се оптоварувајте со тоа. Денот е добар за љубов.

Кариера

Ако ја употребите својата интуиција на вистински начин , би можеле да постигнете многу повеќе од очекуваното.

Здравје и совет

Ќе сонувате интересни сништа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Компир манџа

Во понеделник (09.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Коки Јанков.

„Гответе со Дракче“ - Компир манџа

Состојки за денешниот рецепт:

300 гр. свинско месо

4 компири

1 главица кромид

1 морков

4 кисели краставички

масло

сол и др. зачини по избор

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер