Претседателката на Европската централна банка - Кристин Лагар се повлекува од функцијата, веќе не сака да молчи
1Претседателката на Европската централна банка - Кристин Лагар се повлекува од функцијата, веќе не сака да молчи
3Четворица италијански државјани загинаа при уривање на воен хеликптер на ЕУФОР во Босна и Херцеговина
КултураТрескавец интензивно се обновува До крајот на годинава, манастирот „Трескавец“ кај Прилеп треба да го добие својот препознатлив лик на големо духовно светилиште од 12 век и културно богатство уште од антиката. Пет години од последниот пожар, манастирот Трескавец постепено се обновува. Според Никола Ѓулизибариќ, главен проект-менаџер за Трескавец од иведувачот, фирмата „Кото“ од Белград, Србија, крајниот рок за изградба на опожарените конаци е напролет, но изведувачите настојуваат до крајот на годинава манастирот да биде завршен. Ќе има трислојна заштита од пожари. Според нашиот договор, посочи, крајниот рок да ги завршиме работите се напролет во 2019 годсина. Нагласи дека настојуваат конаците да ги завршат до крајот на годинава. - Сега дојдовме до завршната фаза, ги почнавме занаетчиските работи и сите се радуваме да завршиме побрзо и поквалитетно. Сите материјали што ги вградуваме во конаците се првокласни и со висок квалитет. Така на пример, керамиката е од Италија, дрвото од Србија, камените плочи за покривање се од Грција, така што ги применуваме најдобрите и најсовремени материјали. Посебен акцент е ставен на противпожарната заштита. Имаме три системи за противпожарна заштита. Во овој момент се работи на проект за да се синхронизираат трите вида на заштита. Кога ќе завршиме, објектот треба да биде 100 отсто заштитен од пожари. Манастирот Трескавец и црквата „Успение на Пресвета Богородица“ се специфични што се однесува до изведбата на работите, истакна Ѓулизибариќ. Според него, треба да се работи полека, внимателно, зашто станува збор за префинети занаетчиски изведби. - Мора да биде приближно како што било некогаш. Имаме искуство во тоа, нашите мајстори работат на вакви објекти веќе 25 години. Трескавец е светско богатство и е меѓу 100-те најпознати во целиот свет. Има своја автентична историја, особено ископините околу манастирот кои датираат од пред нашата ера, вели Ѓулизибариќ. Единствениот жител на манастирот Трескавец, отец Калист со голема надеж е дека наредниот Велигден ќе се прослави во обновениот манастир со многу гости. Се работи на повеќе проекти. - Работите се во поодмината фаза. Се надеваме дека до крајот на годинава ќе го видиме крајот. Можеби некои интериерни ситници ќе останат за напролет. Како и да е, за следниот Велигден Трескавец ќе блесне со сиот свој сјај за гостите. Реконструкцијта на опожарените конаци е само еден сегмент од целиот „мозаик“ Трескавец. Југоиточното крило сѐ уште не е започнато со реновирање, а најзначаен проект е реставрацијата на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ која датира од 12 век. Тоа заедно оди со трпезаријата која е од истиот период. Но многу битен е и третиот проект за магерницата и магерничкиот конак, а тоа е југозападниот дел на Трескавец, појасни отец Калист. За проектот за водоснабдувањето на Трескавец, кој е исклучително тежок за реализација, потенцира дека очекуваат информација дали ќе биде оваа или наредната година. - Има многу работа да се возобнови Трескавец. Предвидовме и простор за презентација на целото движно наследство на Трескавец. Ќе има музејска поставка, главно со 30-ина икони од 16, 18 и од 20 век, како и со ексклузивми предмети од археолошките истражувања последните четири години кои ќе ја раскажуваат приказната за Трескавец и за античката населба Колобаиса..., рече отец Калист. И додека се обновува, манастирот Трескавец го посетуваат гости од целиот свет. Трескавец на надмосрка височина од над 1200 метри на работ на Пелагонија, под Златоврв, секогаш имал различни поклоници и туристи кои преферираат културен туризам, а и оние со авантуристички дух, бидејќи веднаш до манастирот е и полетувалиштето за параглајдеристи. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВицепремиерот на Црна Гора – Филип Ивановиќ во втор ден официјална посета на земјава08:44Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06МВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби15:00
Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06
МВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55
Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24
ЕвропаПретседателката на Европската централна банка - Кристин Лагар се повлекува од функцијата, веќе не сака да молчиПретседателката на Европската централна банка - Кристин Лагард ќе се повлече 9 месеци порано од својата функција, бидејќи како што вели, повеќе не сака да молчи.Лагард се пожали дека неутралноста која се очекува од централните банкари, која ја опиша како „цената за нивната независност„ повеќе не е нешто што може да го прифати. Околу тоа која од европските монетарни политики лагард ја смета за погрешна, засега нема информации, меѓутоа, нејзината оставка доаѓа откако ЕЦБ ги остави своите клучни каматни стапки непроменети, со депозитна стапка од 2,5%. Иако одлуката била едногласна, таа порача на пазарите дека оваа пауза може да трае само до декември. Лагард пред оваа функција беше и директор на Меѓународниот монетарен фонд. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВицепремиерот на Црна Гора – Филип Ивановиќ во втор ден официјална посета на земјава08:44Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06МВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби15:00
Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06
МВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55
Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24
СветВо Монтреал Канада, денеска се оддржува самитот ЕУ-КанадаВо Монтреал Канада, денеска се оддржува самитот ЕУ-Канада каде се очекува подетална разработка на партнерството кое иницијално беше наречено придружно членство на Канада во ЕУ,Во Монтреал Канада, денеска се оддржува самитот ЕУ-Канада каде се очекува подетална разработка на партнерството кое иницијално беше наречено придружно членство на Канада во ЕУ, меѓутоа, Германија, Италија, Франција и Грција се спротивставија на оваа формулација, наведувајќи дека создава правна несигурност и преседан за други земји. Сепак, на овој самит се очекува да се прошири соработката во повеќе клучни и стратешки области, вклучувајќи ја безбедноста и Арктикот, трговијата и инвестициите, со што Канада би ја заменила досега традиционалната улога на Соединетите Американски Држави како најголем партнер на ЕУ надвор од Европа. И Канада и ЕУ се обидуваат да создадат алтернативни партнерства без САД под водство на претседателот Доналд Трамп, со оглед на неговите закани за царини кон ЕУ но и реториката дека ќе ја претвори Канада во 51-та држава на САД, што силно ги потресе добрососедските односи меѓу двете северноамерикански држави.Тагови: ЕУ канада Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканЧетворица италијански државјани загинаа при уривање на воен хеликптер на ЕУФОР во Босна и ХерцеговинаЧетворица италијански државјани загинаа вчера при уривање на воен хеликоптер на ЕУФОР во близина на градот Горице во Босна и Херцеговина.. Мисијата ЕУФОР потврди дека нивниот авион се урнал за време на рутинска операција во областа Брчко.. Повредени се 12 лица. Во несреќата не е оштетен цивилен имот или инфраструктура и нема повредени цивили.. Од ЕУФОР најавија целосна и темелна истрага за инцидентот и ќе објават повеќе информации откако ќе се утврдат сите факти. Во исто време, ги повикаа граѓаните да ги следат само официјалните канали за да избегнат дезинформации..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter