Тренерот на Барселона демантираше дека останува на „Камп ноу“

Тренерот на Барселона, Чави Ернандез денеска повтори дека не се предомислил за заминување на крајот од сезоната.

Од крајот на јануари, кога објави дека заминува, медиумите упорно инсистираат дека Чави ќе ја промени одлуката, но засега ништо од тоа не се случи.

-Апсолутно ништо не е сменето. Се уште стојам на мојата одлука да си заминам на крајот од сезоната. Таа моја одлука позитивно влијаеше на играчите да знаат дека никој не е тука „засекогаш" и дека секој може да си замине. Сега одиме натпревар по натпревар. Размислуваме за Кадиз и сакаме да победиме, во спротивно ќе се збогуваме со Ла Лига, изјави Чави.

Се очекува тој да одмори неколку клучни играчи пред реваншот со Пари Сен Жермен и го најави дебито на одличниот стопер од Б тимот.

-Илкај Гундоган заслужи одмор, затоа што играше премногу оваа сезона, а веќе не е тинејџер. Мика Фаје ќе дебитира. Ќе видиме кој како се чувствува и дали има мали повреди, но ќе има промени. Тоа не значи дека нема да одиме на победа, напротив, мора да победиме, истакна Чави.

Барса гостува во Кадиз во сабота во 21 часот, а потоа во вторник во истиот термин го пречекува ПСЖ. /МИА

ДИК: Заврши прегласувањето на болните и немоќни лица, затворениците и лица во центрите за грижа

Денес заврши прегласувањето на болните и немоќни лица, лицата кои издржуваат казна затвор и лицата сместени во центрите за вонсемејна грижа а кои припаѓаат на избирачките места каде што се поништи гласањето за парламентарните избори.

Денес заврши прегласувањето на болните и немоќни лица, лицата кои издржуваат казна затвор и лицата сместени во центрите за вонсемејна грижа а кои припаѓаат на избирачките места каде што се поништи гласањето за парламентарните избори спроведено на 8 мај 2024.

Вкупно 45 лица пријавени како болни или немоќни имаа право на глас на избирачките места каде се одвива прегласувањето во Желино, Крушево, Охрид, Долнени и Струга.

На ИМ 2101 во Желино гласале сите 4 лица кои биле запишани како болни или немоќни.

На ИМ 1194 Крушево од 20 запишани лица гласале 18 а на ИМ 1202 Крушево гласале сите 6 запишани лица.

На ИМ 1272 Охрид, правото на глас денес го искористиле двете запишани лица во посебниот извод од Избирачкиот список .

На ИМ 1470 Долнени во кое имаше запишано 7 лица како болни или немоќни и на ИМ 1470/1 Долнени со запишани 2 лица, сите го искористија правото на глас.

На ИМ 1844 Струга, сите 4 лица запишани како болни или немоќни гласаа денес во текот на денот.

Гласањето заврши и за лицата кои се на издржување казна затвор како и за лицата кои се сместени во центрите за вонсемејна грижа.

Сите 5 пријавени лица за гласање во затворите во Прилеп и Шуто Оризари денес гласаа во објектите каде престојуваат, а и двајцата пријавени гласачи во центрите за вонсемејна грижа во општините Карпош и Битола, денес го остварија своето право на глас

Гласањето се одвиваше непречено, без пријавени нерегуларности.

Државна Изборна Комисија

Кривичен му одреди притвор од 30 дена на Палевски, вели дека ќе докажел дека не е виновен

Љупчо Палевски попладнево за првпат откако беше екстрадиран од Турција од затворот во Шутка под силно полициско обезбедување беше спроведен во Кривичниот суд пред судија на претходна постапка...

Палевски кој е првоосомничен за грабнувањето и убиството на Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, на прашања на новинарите негираше вина..

Пред Кривичниот суд е Елизабета Дамјановска Спасеновска..

Бети нешто помалку од два часа Палевски беше пред судијата на претходна постапка...

Ердоган: Евровизија ја поттикнува родовата неутрализација

Претседателот на Турција, Реџеп Тајип, критикувајќи ја Евровизија, истакна дека музичката манифестација „ја поттикнува родовата неутрализација“ и го загрозува традиционалното семејство.

Ердоган ги опиша учесниците на Евровизија ако „тројански коњи на општествената корупција“ при тоа потенцирајќи дека неговата Влада била во право што што од 2012 година Турција не учествува на паневропскиот музички натпревар во 2012 година.

- На ваквите настани стана невозможно да се сретне нормална личност, посочи Ердоган, чија владејачка Партија на правдата и развојот е нетолерантна кон правата на ЛГБТ плус./МИА

притисни ентер