Трендафилов: Барањето за зголемување на минималната плата е оправдано, време е работниците да излезат на улица - Канал 5

Трендафилов: Барањето за зголемување на минималната плата е оправдано, време е работниците да излезат на улица

Утре е денот кога работниците повторно зборуваат. Колку ќе не слушнат зависи од нашата бројност. 

Трендафилов: Барањето за зголемување на минималната плата е оправдано, време е работниците да излезат на улица

Ние ја имаме моќта на бројноста, тие ја имаат моќта на политиката, другите ја имаат моќта на парите, порача денеска претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија Слободан Трендафилов потсетувајќи ги работниците дека „вредноста на синдикалната минимална кошничка во овие 24 месеци е зголемена за повеќе од 10.000 денари, наспроти усогласувањето кое го дава Владата од 1.600 денари“.

- Барањето за зголемување на минималната плата за 200 евра е оправдано затоа што работниците во Македонија тонат во сиромаштија. Околу 160.000 работници според податоци од Управата за јавни приходи имаат плата под прагот на сиромаштијата или под 31.200 денари, истакна Трендафилов.

Тој повика работниците да ги поддржат своите семејства и да излезат на улица, а на тие што живеат од политика им порача да не доаѓаат.

- Ве повикуваме да ги поддржите вашите семејства, да ги поддржите вашите деца, да ги поддржите вашите внуци, да излезете на улица и да им покажете дека не се плашите и дека барате платата да ви се зголеми, вашата плата да се зголеми, истакна Трендафилов, додавајќи дека 160.000 работници, доколку излезат утре на улица, минималната плата ќе биде многу повеќе од 600 евра.

Трендафилов упати повик до сите работници, вклучително и оние во јавниот сектор, текстилната индустрија, МВР и Армијата, да се приклучат на протестот. Според него, во буџетот за 2024 година за дел од јавниот сектор е предвидено „нула проценти зголемување на платите“.

Повици беа упатени и до младите и пензионерите, со образложение дека без повисоки работнички плати нема одржлив пензиски систем, ниту услови за младите да останат во земјата.

Преседателот на ССМ информираше дека голем број работници се пријавиле за организираниот превоз за утрешниот протест.

- И само еден работник да дојде, јас ќе бидам вториот, порача Трендафилов, додавајќи дека бројноста на протестот директно ќе влијае врз подготвеноста на Владата да ги зголеми платите.

Синдикатот најави дека денеска ќе ја објави вонредната пресметка на синдикалната минимална кошничка, поради, како што наведоа, нови поскапувања во супермаркетите. ССМ повтори дека повеќе од една деценија предлага мерки за заштита на животниот стандард, но дека институциите не ги прифаќаат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Влада донесе одлука: Се намалува ДДВ-то за горивата од 18 проценти на 10 проценти

Согласно пресметките на Владата, со намалувањето на ДДВ од 18% на 10% значително ќе се ублажи очекуваното зголемување на цените на горивата.

Влада донесе одлука: Се намалува ДДВ-то за горивата од 18 проценти на 10 проценти

Владата на денешната седница, донесе Одлука со која ДДВ се намалува од 18% на 10%, со цел директно да се ублажи ценовниот удар врз граѓаните и стопанството во услови на кризна состојба поради можноста за нарушувања во снабдувањето со нафта и нафтени деривати.

Согласно пресметките на Владата, со намалувањето на ДДВ од 18% на 10% значително ќе се ублажи очекуваното зголемување на цените на горивата.

Кај нафтата, наместо редовното очекувано зголемување од околу 5 денари, со оваа мерка се очекува намалување од околу 2 денари. Тоа значи вкупно ублажување на ценовниот удар од околу 7 денари, при што новата цена би изнесувала околу 99 денари за литар.

Кај бензините, согласно пресметките, се очекува зголемување од околу 3,5 денари, што значи дека новата цена би изнесувала околу 100,5 денари за литар за бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, односно 102,5 денари за литар за бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98.

Повластената даночна стапка од 10% ќе се применува од 00:01 часот на 15 септември 2026 година до 24:00 часот на 28 септември 2026 година.

Со оваа одлука Владата презема конкретна и навремена мерка за заштита на животниот стандард на граѓаните, намалување на финансискиот товар и поддршка на стопанството во услови на кризна состојба.

Владата продолжува внимателно да ги следи состојбите на пазарот на нафтени деривати и да презема мерки во интерес на граѓаните и економијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шкотска, Велс и Северна Ирска се здружуваат – бараат право на референдуми за независност

Шкотскиот премиер Џон Свини смета дека политичките промени покажуваат дека сегашната состојба не може да трае бесконечно.

Шкотска, Велс и Северна Ирска се здружуваат – бараат право на референдуми за независност

Лидерите на Шкотска, Велс и Северна Ирска во понеделник ќе се сретнат во Кардиф, каде што треба да потпишат заедничка декларација со која ќе го потврдат правото на нивните нации на самоопределување и ќе побараат можност граѓаните на референдуми да одлучуваат за својата иднина.

Според „Телеграф“, ова ќе биде прв заеднички настап на тројца лидери на Шкотска, Велс и Северна Ирска кои отворено се залагаат за промена на сегашниот уставен статус во рамките на Обединетото Кралство.

По состанокот се очекува нивните партии да потпишат и меморандум за соработка во четири области – економијата, енергетиката, европа и меѓународната соработка и самоопределувањето.

Сите три политички опции имаат и европска агенда. Шкотската национална партија и Плајд Камри се залагаат независните Шкотска и Велс во иднина да станат членки на Европската Унија, додека Шин Фејн бара обединување на Северна Ирска со Република Ирска.

Шкотскиот премиер Џон Свини смета дека политичките промени покажуваат дека сегашната состојба не може да трае бесконечно.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

115 лица евакуирани од патнички брод со кој беше изгубен контактот

Вкупно 115 лица се евакуирани од индонезиски патнички брод со 243 патници и членови на екипажот.

115 лица евакуирани од патнички брод со кој беше изгубен контактот

Вкупно 115 лица се евакуирани од индонезиски патнички брод со 243 патници и членови на екипажот – кој утрово исчезна откако беше изгубен контактот со него во Јаванското Море поради лошите временски услови – при што едно лице загина, а друго е повредено, изјави Дани Рахмат, портпарол на пристанишниот оператор „Пелиндо“.

Претходно, државната агенција за потрага и спасување на индонезија соопшти дека бродот Virgo Transport 8, испловил во саботата од градот Сурабаја во Источна Јава кон Банџармасин во Јужен Калимантан, потоа бил изгубен контактот, што ги поттикнало спасувачите да започнат потрага и да испратат тим на последната позната локација на бродот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер