Тренчевска: СДСМ нема да учествува на седница ниту во Клубот на пратенички - Канал 5

Тренчевска: СДСМ нема да учествува на седница ниту во Клубот на пратенички

​Во пресрет на 8 Март, Меѓународниот ден на жената, ја изразуваме нашата почит и благодарност кон сите жени кои се бореле и кои и денес се борат за еднакви права и подобра положба во општеството.

Тренчевска: СДСМ нема да учествува на седница ниту во Клубот на пратенички

Собранието на Република Македонија, токму во таа насока, веќе трета година по ред одржува пленарна седница посветена на прашањата за родовата еднаквост, иницијатива која започна во 2022 година кога парламентарното мнозинство беше предводено од СДСМ.

Но, да се зборува за родова еднаквост, за заложби и достигнувања, додека само пред неколку дена од собраниската говорница беше изречена тешка навреда и дискриминација кон жените – е крајно лицемерно и срамно!

Министерката за финансии Гордана Кочоска, со своите навредливи и понижувачки зборови, покажа крајно непочитување кон жените во општеството.

Она што е уште позагрижувачко е што не следеше никаква реакција ниту од неа ниту од Собранието ниту од Клубот на пратенички.

Потпретседателката на Собранието, Весна Бендевска, која ја водеше седницата, остана нема, го премолче скандалот.

Овој молк е подеднакво загрижувачки како и навредите што беа изречени.

Пратеничките од ВМРО-ДПМНЕ во Клубот на пратенички спречија институционална реакција и осуда на дискриминацијата.

Иако првично се согласија дури и со ублажени формулации, добија наредба од партијата и истиот ден се повлекоа.

Наместо да одлучуваат жените кои се избрани тука во Собранието пратеничките на ДПМНЕ дозволија Мицкоски да одлучува за нив.

Кога молчиш пред навредите, пред дискриминацијата, тоа значи дека ги поддржуваш.

Денешната седница треба да биде простор за дебата за правата и положбата на жените, но како да учествуваме во дискусии кога истите тие кои требаше да реагираат – молчат?

Нема да учествувавме во лицемерни процеси и да прифаќаме молк пред неправдите.

Затоа, пратеничката група на СДСМ и коалицијата нема да учествува на пленарната седница посветена на 8 Март. Нашето отсуство е протест против неправдата, дискриминацијата и премолчувањето на навредите кон жените.

Дополнително, пратеничките од СДСМ и коалицијата нема да учествуваат во работата на Клубот на пратенички и Комисијата за еднакви можности во Собранието, се додека не видиме конкретна акција и осуда на навредливите изјави.

Нема да запреме со реакциите се додека таа не ја поднесе оставката или не биде разрешена!

8 Март не е само ден за честитки – туку ден за акција! Борбата продолжува!

YouTube video

Прес конференција на пратеничката група на СДСМ и Коалицијата, Јована Тренчевска-пратеничка

Му открија израсток- загрижувачки информации за здравствената состојба на Бајден

Рутинскиот медицински преглед на поранешниот претседател Џо Бајден минатата недела открил „мал јазол“ на неговата простата, потврди денеска неговиот портпарол.

Му открија израсток- загрижувачки информации за здравствената состојба на Бајден

„За време на рутински физички преглед, на простатата беше пронајден мал нодул, кој бара понатамошна евалуација“, изјави портпаролот на Бајден.

Тој не сакаше да даде детали за неговата здравствена состојба.

Бајден, 82, помина некое време во болница во Филаделфија во петокот, според „Њујорк тајмс“, кој прв објави за развојот на настаните.

Бајден ја напушти Овалната соба во јануари како најстариот претседател во историјата на САД.

На поранешниот претседател му беше отстранета лезија на градите за време на медицински преглед во 2023 година. Станува збор за базалноклеточен карцином, според лекарот на претседателот, д-р Кевин О'Конор.

Четиригодишниот мандат на Бајден беше обележан со загриженост за неговото здравје и напредната возраст. После тоа, поранешниот претседател ја повлече својата кандидатура за реизбор во јули.

Поранешниот претседател се врати во центарот на вниманието во последните недели, иако неговото повторно појавување предизвика негодување кај некои демократи.

Тој даде интервју за Би-Би-Си откако ја напушти Белата куќа и се појави во емисијата „The View“ на АБЦ заедно со неговата сопруга, поранешната прва дама Џил Бајден.

Комо не го пушта Фабрегас во Баер Леверкузен

Комо го информирал Баер Леверкузен дека нема намера да го пушти главниот тренер на тимот, Сеск Фабрегас, според информациите на инсајдерот Фабрицио Романо. 

Комо не го пушта Фабрегас во Баер Леверкузен

Според информациите, 37-годишниот Шпанец е вклучен во долгорочно планирање на иднината на италијанскиот клуб.

Претходно беше објавено дека Баер Леверкузен, Рома, РБ Лајпциг и други европски клубови се заинтересирани за услугите на Фабрегас.

Младиот стручњак е на чело на Комо од летото 2024 година. Под негово водство, дебитантот во Серија „А“ е на 10-то место на табелата со 48 бода по 36 кола. /МИА

Потпреседателот на ЗНАМ, Павле Арсоски на средби со граѓаните во Гостивар, Врапчиште и Брвеница

Потпреседателот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Павле Арсоски во рамките на кампањата „Заедно знаеме повеќе“ се сретна со членовите и симпатизерите на  ЗНАМ од општинската организација во Брвеница, Врапчиште и Гостивар.

Потпреседателот на ЗНАМ, Павле Арсоски на средби со граѓаните во Гостивар, Врапчиште и Брвеница

На средбата присуствуваа и членот на Извршниот одбор на ЗНАМ, Виктор Јовановски, како и Никола Мемов, директор на центарот за комуникации и аналитика на ЗНАМ и директорна Фондот на ПИОМ.

Тема на дискусија беа проблемите со кои се среќаваат граѓаните во овие општини, како и можните решенија на истите, а особено во сферата на инфраструктурата. Исто така, стана збор и за проблемот со младите, односно нивното заминување од земјата, како и начините за нивно задржување и поголемо ангажирање во општествениот живот.

Во општините Врапчиште и Брвеница, се разговараше за состојбата со земјоделието и како таа да се подобри.

Потпреседателот Арсоски ги акцентирање политиките на Движењето ЗНАМ во рамките на владината партиципација, а исто така членовите беа запознаени со следните активности на партијата, за организацијата на вториор Конгрес на ЗНАМ кој треба да се одржи во втората половина на јуни, но и за процесот на преговори и подготовка за следните локални избори.

Овие средби се дел од пошироката стратегија на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија за активно учество на граѓаните во политичкиот процес и зајакнување на локалните заедници.

Центар за комуникации и аналитика

притисни ентер