Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
2Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
МакедонијаТренчевска: Поради корупција на власта EK ја суспендирала ИПАРД 3 програматаЕвропската Комисија ги суспендирала сите исплати за ИПАРД 3 програмата, поради корупцискиот скандал каде приведен е директорот на Платежната агенција, кадар на ДПМНЕ.Изолација од ЕУ! Десет дена власта молчи за оваа одлука. Европа реагира и испраќа јасна порака дека корупцијата на ДПМНЕ не се толерира, одговорност мора да има! Ова е најголемиот скандал со европски пари во Македонија, загрозени се 130 милиони евра од ИПАРД 3-пари за земјоделците. Сега истрагата мора да оди до крај и мора да ги опфати сите инволвирани, не само приведениот директор. Да ги даде одговорите и за најблискиот круг на премиерот Мицкоски. Еве зошто. Директорот на Агенцијата, Илија Стоилев, е близок соработник на Игор Миќев, познат како Панкерот, кој е во кумска врска со премиерот Христијан Мицкоски. Неговата сопруга пак е вработена во Агенцијата, на позиција одговорна за исплата на парите од ИПАРД. Значи и Трипуновски и Мицкоски треба да одговараат за овој криминал и за штетата што ќе ја претрпат земјоделците. Почитувани граѓани, Кога СДСМ ја разобличи оваа коруптивна шема, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се обидоа да дефокусираат од скандалот, ја пуштија во погон фабрика за лаги. Ги обвинуваа СДСМ, претседателот Филипче, Заев кој 5 години е во политичка пензија, Николовски, луѓе кои немаат никаква врска со овој случај. Денес, кога фактите излегоа на виделина, на сите им е јасно: дезинформациите и лагите служеа за дефокусирање и прикривање на сопствената корупција. Ова е потврда на она што СДСМ цело време го говори. На ДПМНЕ не им се важни граѓаните, важни им се наместените милионски тендери. 161 тендер вреден 5,3 милиони евра, 9 милиони евра за фирма со двајца вработени – тоа е приоритетот на ДПМНЕ. Затоа им е потребна изолација и затоа сакаат да го конторлираат судството со наводни „реформи“. Бараме брза, темелна и целосно транспарентна истрага. Затоа ја повикавме главната европска обвинителка, Лаура Ковеши, да дојде во Македонија. Немаме доверба во институции под притисок на власта, кои го штитат криминалот наместо правото и јавниот интерес. Нема да дозволиме да си играат со судбината на граѓаните. Одговорноост ќе има. Работата не е завршена. Прес-конференција на СДСМ, Јована Тренчевска – потпретседателкаТагови: Тренчевска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМВР распиша меѓународна потерница по Ива Михаилова08:3930 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32Бугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00Од денеска парно – ниските температури порано ја почнаа грејната сезона08:50Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија18:00
30 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32
Бугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00
ЖивотНа папата Лав XIV му е дијагностициран рак на белите дробови, но успешно е опериран соопшти Ватикан На Папата Лав 14 му е дијагностициран рак на белите дробови, но успешно е опериран соопшти Ватикан .71-годишниот папа бил подложен на 90-минутна операција во вторникот во болницата „Џемели“ во Рим, каде му бил дијагностициран аденокарцином на белите дробови. „Операцијата беше успешна и немаше никакви компликации“, соопшти Ватикан. „По операцијата, папата се разбуди нормално и се врати по краток период на набљудување во својата соба“, додаде Ватикан. Грутката првпат била откриена за време на она што Ватикан го опиша како „рутински проверки“. Се очекува папата да остане во болница околу една недела. Претходно, големи толпи чекаа со часови пред болницата на папата.Тие го поздравуваа со радосни поздрави и му посакуваа добро здравје додека поминуваше. Во своето соопштение, Ватикан соопшти дека целиот долен лобус на десниот белодроб на папата бил отстранет „за да се осигури дека постапката е успешна “. Извор од Ватикан изјави за новинската агенција „Франс прес“ дека се спроведуваат дополнителни тестови за да се види дали има некакви знаци дека ракот се проширил. Папата во неделата ја објави веста за својата операција на светот, зборувајќи од балконот на плоштадот „Свети Петар“ .Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНема промена кај цените на гориватаНема промена на цените на бензините и дизелот. Со најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика, Еуросупер БС-95 останува 98,50 денари за литар, Еуросупер БС-98 се продава по 100,50 денари, а дизелот по 97 денари за литар.Единствено поскапува мазутот, за 2,14 денари и сега чини 51,74 денари за килограм. Во актуелните цени на горивата се вклучени владините мерки за намалено ДДВ на дизелот од 18 на 10%, како и намалената акциза за бензините и дизелот за 4 денари по литар..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМВР распиша меѓународна потерница по Ива МихаиловаМинистерството за внатрешни работи распиша потерница по 23-годишната Ива Михаилова, по барање на Основниот суд во Кочани..Лицето е барано по централна и меѓународна потерница по барање на Основен суд Кочани за кривично дело по член 300 став 4 и член 297 став 3 од кривичниот законик, објави МВР, откако Михаилова пред три дена побегна во Бугарија и беше утврдено дека таа нелегално ја напуштила земјава.. Претходно, судот во Кочани и одреди 30-дневен притвор на Михаилова, која е обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици.. Иако таа и нејзиниот адвокат за бугарските медиуми изјавија дека легално ја поминале границата, од МВР соопштија дека на ниту еден граничен премин не е евидентиран нивни излез од Македонија, ниту влез во Бугарија..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter