Трејлерот за новиот филм на Скорсезе е прегледан 5 милиони пати за два дена (ВИДЕО) - Канал 5

Трејлерот за новиот филм на Скорсезе е прегледан 5 милиони пати за два дена (ВИДЕО)

Трејлерот за новиот филм на легендарниот режисер Мартин Скорсезе за два дена собра пет милиони прегледи на YouTube.

Трејлерот за новиот филм на Скорсезе е прегледан 5 милиони пати за два дена (ВИДЕО)

Филмот беше премиерно прикажан на Канскиот филмски фестивал, каде што ја држеше фестивалската публика на нозе за време на деветминутните овации. „Ова беше толку трогателно искуство, мислам дека никогаш не сум доживеал нешто слично“, рече Скорсезе по проекцијата.

Killers of the Flower Moon трае три часа и 26 минути, а главните улоги ги толкуваат Леонардо ди Каприо, со кого Скорсезе соработуваше шест пати, и Лили Гладстон. Покрај нив, во филмот се појавува и легендата Роберт Де Ниро, кој во својата богата кариера глумеше во дури единаесет филмови на Скорсезе.

Скорсезе ги ангажира и свежиот оскаровец Брендан Фрејзер, Џеси Племонс и Џон Литгоу, додека сценариото е напишано од Ерик Рот, кој е номиниран за Оскар не помалку од шест пати. Според Variety, Скорсезе инсистирал луѓето од Осаж да ги глумат Индијанците за да се прикаже вистинската приказна што е можно поверно.

Филмот е базиран на истоимениот бестселер на Дејвид Гран, кој следи низа убиства во нацијата Осаж во Оклахома во 1920-тите. Семејството Осаж стана најбогатиот народ на светот откако на нивната територија била пронајдена нафта.

Како резултат на тоа, многумина ги искористија за да добијат пари, што доведе до серија убиства што Гардијан ги нарече геноцид врз Индијанците. Убиствата се сметаат за прв голем случај што го истражувало новоформираното ФБИ.

YouTube video

Ди Каприо го игра Ернест Буркхарт, внук на богат ранчер кого го игра Де Ниро. Сопругата на Буркхарт, која ја игра Гледстон, е член на нацијата Осаж, што го вмешува во случај што го истражува ФБИ. Племонс го игра Том Вајт, главниот истражувач на случајот. Улогата на Том Вајт требаше да му припадне на Ди Каприо, но актерот реши да ја преземе улогата на морално амбивалентниот Ернест Буркхарт.

Филмот, чиј буџет е 200 милиони долари, е најскапиот филмски проект на Apple досега, пишува The Guardian. Apple TV+ се здружи со Paramount за да го дистрибуира филмот, пред да се пресели во услугата за стриминг.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во пожар над селото Палиград на Китка спасено теле

Вчера додека бев на лице место на големиот пожар над селото Палиград, на планината Китка, покрај тешката борба со пожарот имавме и една несекојдневна и убава случка.

Во пожар над селото Палиград на Китка спасено теле

Во метежот и огнот, пожарникарите од Противпожарната бригада на Град Скопје успеаја да спасат едно мало теле кое останало на опожарениот терен. Мало, исплашено, но живо – една мала победа во тешкиот ден.

Во вакви моменти, секој спасен живот е важен. А денес, меѓу огнот и пепелта, успеавме да спасиме и едно мало суштество.

За жал, пожарите не ја загрозуваат само природата, имотот и животите на луѓето. Загрозени се и животните, кои често остануваат беспомошни пред огнената стихија.

Затоа, апелирам на максимална одговорност и внимателност. Пожарите, без разлика дали се подметнати или избувнуваат поради невнимание, оставаат последици врз сите живи суштества. Да ја чуваме природата, да ги заштитиме луѓето, имотот и животнитеинформира првиот човек на ЦУК, Мухамед Али.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ливерпул во нов обид да го ангажира Минте, Баркола се уште прескап

Англискиот гигант Ливерпул повторно ќе се обиде да го реализира трансферот на десното крило Јанкуба Минте (22) од Брајтон. 

Ливерпул во нов обид да го ангажира Минте, Баркола се уште прескап

Минатата сезона, гамбискиот репрезентативец постигна три гола и забележа четири асистенции на 34 натпревари во Премиер-лигата. Неговата пазарна вредност изнесува 45 милиони евра, а тој има договор со клубот до летото 2029 година.

Главна цел на Ливерпул е Бредли Баркола од ПСЖ, но клубот не е подготвен да ги плати 160-те милиони евра (или повеќе) што францускиот гигант ги бара за него.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Град Скопје: Се уредува пешачката зона долж целиот кеј на Вардар

Градот Скопје започна голема акција за целосно уредување и санација на пешачката зона долж кејот на реката Вардар, на потегот од Лисиче до Влае.

Град Скопје: Се уредува пешачката зона долж целиот кеј на Вардар

Кејот на Вардар е едно од најпосетените и најзначајните места за скопјани, простор каде граѓаните спортуваат, се рекреираат, поминуваат време со своите семејства и создаваат пријателства и спомени. Токму затоа, неговото одржување и уредување претставува обврска и одговорност кон сите граѓани.

Во рамки на акцијата се заменуваат уништените и оштетени подни плочки, се нивелираат нерамните површини и се санираат оштетувањата долж пешачката зона. Целта е кејот да биде повторно безбеден, функционален и уреден простор достапен и пријатен за сите генерации.

Уредувањето на кејот е дел од пошироките активности за враќање на животот и содржините на овој простор. Во изминатиот период се изградени нови спортски терени и се поставува современа урбана опрема, а паралелно се реализира и голема акција за темелно расчистување на коритото на реката Вардар на територијата на Скопје.

Кејот е пулсот на Скопје – место каде што градот живее и каде што секојдневно престојуваат илјадници граѓани. Затоа, неговото уредување, одржување и развој остануваат еден од приоритетите во создавањето подобар и поквалитетен јавен простор.

Градот Скопје продолжува со активности за унапредување на кејот и негово претворање во современ, безбеден и функционален простор кој ќе им служи на скопјани и на идните генерации.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер