Трансфер на денот: Ливерпул купува ѕвезда за 100 милиони евра

Зимскиот преоден рок започна на почетокот на новата година и секој ден се случуваат интерсни трансфери и договори за нив.

Главната приказна на пазарот на играчи денес беше интересот на Ливерпул за одличниот фудбалер на Вулверхемптон, Адам Траоре.

Траоре е голема желба на Ливерпул, пишува каталонски Спорт. Sвездата на Вулверхемптон е хит на Премиершип, а тоа очигледно го препознаа и на „Енфилд“.

Ако им се верува на извештаите во англиските медиуми, „Волците“ би побарале сума што може да достигне 100 милиони евра за него, а Ливерпул наводно е подготвен да ги плати тие пари.

Владата усвои во приватниот сектор да се почитува етничка, полова, и религиозна категорија

Од Владата соопштија дека денеска е прифатен Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и  услуги на пазарот на трудот за 2021 година.

Со него меѓу другото се предвидува, да се почитува принципот на диверзитет и инклузивност за сите општествени категории во приватниот сектор согласно принципите на правична и адекватна застапеност на етничка, полова, религиозна, расна или било која друга ранлива категорија на граѓани во согласност со стандардите и практиките на Обединетите нации и Меѓународната организација на трудот - стои во соопштението од Владата.

Грчката полиција разбила мрежа на криумчари со луѓе

Грчката полиција денеска објави дека успешно ја разбила мрежата на илегални трговци со луѓе и пасоши и уапсила шестмина осомничени.

Против сите осомничени веќе имало потерници под обвинение за основање на криминална организација за трговија со луѓе, нелегално преминување на граници, испраќање бегалци во европските земји и обезбедување на нивното криење.

Покрај шестмината осомничени, полицијата уапсила и петмина мигранти, одзеле повеќе од 70 пасоши, а целата акција била поддржана од ЕУРОПОЛ, пренесува агенцијата АНА.

„Само Вистина" со Сафет Бишевац и Никола Дујовски

Во вечерашната „Само Вистина“ дебатираа Сафет Бишевац и Никола Дујовски. 

ДУЈОВСКИ: Се надевам дека и во бугарските безбедносни служби има професионалци и ако работата отиде во спротивната страна да им се укаже дека станува збор за манипулација со силата на системот за да се загрози соседната земја.

БИШЕВАЦ: Не станува збор за инцидентна постапка туку за бугарска државна политика и е обид да се остварат нивните цели а тоа е остварување на идејата за Санстефанска Бугарија.

БИШЕВАЦ: Обидот за бегството на Мијалков покажа дека институциите се руинирани.

ДУЈОВСКИ: Нема друга земја во Европа каде што луѓе кои и по симнување од власт се уште се покажува дека ги контролираат институциите.

ЃУРЧЕВСКИ: Без помош од органите и крт внатре во органите, Мијалков немаше да се обиде да бега, треба да се утврди одговорноста на сите инволвирани.

БИШЕВАЦ: Имаме еден куп акциски планови за борба против се нешто, проблемот е дека не се реализира ниту првиот чекор од нив.

ДУЈОВСКИ: За проблемите со корупција најголема одговорност носи власта и ги повикувам граѓаните да останат коректор на политиките на власта.

Повеќе детали погледнете во најновото издание на „Само Вистина".

притисни ентер