Трамп загуби на суд во Пенсилванија, републиканците бараат да го признае поразот

По новиот пораз на судот во Пенсилванија, американскиот претседател Доналд Трамп се соочува со зголемен притисок од републиканците да се откаже од понатамошните обиди да ги сврти резултатите и да ја признае победата на демократот Џо Бајден.

Откако е прогласен Бајден за победник пред две недели, Трамп покрена тужби против неколку земји клучни за претседателските избори во САД во обид да го промени резултатот и започна силна кампања на притисок за да се спречат државите да ги потврдат изборните резултати.

Судовите во Џорџија, Мичиген и Аризона ги отфрлија неговите обиди да го запрат процесот за потврда на изборните резултати.

Вчера федералниот судија Метју Бран, републиканец номиниран за оваа функција од поранешниот претседател Барак Обама, отфрли сличен обид во Пенсилванија, пишувајќи дека пред него имал поднесок со „развлечени правни аргументи без основа и многу сомнителни обвинувања“.

Тимот на Трамп се обидел да го запре процесот за потврдување на резултатите во Пенсилванија, тврдејќи дека има неправилности во ракувањето со гласачките ливчиња испратени по пошта, а Бран одговори дека „тој нема овластување да го лиши некого од правото на глас, а камоли на милиони граѓани“.

За да има какви било шанси да остане во Белата куќа, Трамп мора да ја поништи предноста на Бајден во Пенсилванија од 81.000 гласови. Државата утре треба да започне со процесот за потврда на изборните резултати.

Адвокатскиот тим на Трамп објави дека веднаш ќе ја обжали одлуката на судијата Бран до Окружниот суд во Филаделфија, кој во најголем дел е составен од судии номинирани од републикански претседатели, но од другата страна изјавија дека времето му е истечено.

Републиканскиот сенатор Пат Томи по пресудата на Бран рече дека се исклучува каква било можност за законска победа на тимот на Трамп во Пенсилванија и го повика Трамп да го признае поразот.

Членот на раководството на Републиканците во Претставничкиот дом, пратеничката Лиз Чејни, го повика Трамп да ја почитува „светоста на изборниот процес“ доколку не успее на суд.

Вчера на обидите на Трамп се придружи и републиканецот од Пенсилванија, Мајк Кели, кој побара од судот да поништи најмалку 2,6 милиони гласови во таа сојузна држава, односно сите гласачки ливчиња добиени по пошта, тврдејќи дека законот за поштенско гласање, изгласан од Претставничкиот дом на Пенсилванија е неуставен. Затоа, тој побара од судот да ги поништи сите поштенски гласови или, алтернативно, да ги поништи сите гласови во таа сојузна држава и да нареди интервенција на бранителот при изборот на победникот во таа сојузна држава.

Правните експерти оценија дека е малку веројатно дека судот ќе поништи толку голем број гласови.

Бајден освои шест милиони гласови повеќе од Трамп на претседателските избори во САД на 3 ноември и има 306 изборни гласови , наспроти 232-те на Трамп.

Пребројувањето на гласовите во Џорџија, една од неколкуте клучни држави, потврди дека Бајден победил. После тоа, тимот на Трамп објави дека ќе побара пребројување на гласовите, што им следува со закон, бидејќи разликата помеѓу двајцата кандидати е помала од 0,5 проценти.

Гувернерот Брајан Кемп и државниот секретар Бред Рафенспергер, двајцата републиканци, во петокот ги потврдија резултатите од изборите на кои Бајден победил со разлика од 12.000 гласови.

Во Висконсин, изборните власти ги критикуваат волонтерите на Трамп за бавно пребројување на гласовите при делумното пребројување на гласовите. Во таа држава, не се очекува пребројувањето да ја загрози победата на Бајден.

Со неуспеси во судот и во пребројување на гласовите, Трамп се сврте кон новата стратегија за притисок врз републиканските пратеници во одделните државни парламенти да ги отфрлат изборните резултати и да го прогласат за победник.

,,Со надеж дека судовите и законодавците ќе имаат храброст да сторат се што е потребно за да се зачува интегритетот на нашите избори и на самите Соединетите држави“, објави на Твитер Трамп по одлуката на судијата Бран.

Трамп во петокот повика двајца водечки републиканци од Претставничкиот дом на Мичиген во Белата куќа и тие по состанокот објавија дека не гледаат докази што би се барале од нив за да интервенираат во изборните резултати во таа сојузна држава, една од шесте клучни. Бајден го предводи Мичиген пред Трамп со 154.000 гласови.

Претставници на изборната комисија низ целата земја потврдија дека нема докази за широко распространета изборна измама, како што тврдат Трамп и неговиот тим и дека на сите избори се забележани грешки кои не влијаат на резултатите од изборите.

Според анкетите, половина од републиканците веруваат дека е украдена победата на Трамп на претседателските избори во САД.

Италија активира воен авион за да спаси бебе во Британија

Италијанската влада испрати медицински тим со воен авион да го собере новороденчето од болницата во Бристол и да го донесе на лекување во Италија.

Необичниот потег дојде откако родителите на момчето изјавија дека лекарите во Британија не можат ништо да направат за нивното дете.

Бебето, кое има неполн месец, имало сериозно оштетување на срцето и итно е пренесено во Италија на понатамошно лекување. SkyNews наведува дека родителите се по потекло од Италија и Нигерија, но живеат во Британија.

Италијанската влада објави дека „детето има многу сериозни срцеви малформации“ и дека интервенирале затоа што Кралската детска болница во Бристол повеќе не можела да направи ништо за момчето.

Италијанскиот адвокат и поранешен сенатор Симоне Пилон рече дека болницата била на работ на правна постапка со родителите поради прекинот на лекувањето, но тоа било прекинато пред да започне сослушувањето во Високиот суд, во корист на соработката со италијанската влада.

Пилон, кој претходно интервенираше за да им помогне и на другите родители да ги однесат своите деца на лекување во Италија, го нарече ова значаен случај во педијатриската грижа.

Тој рече дека со тоа се отвора патот на децата да им се понуди лекување во странство, без родителите да бидат изведени на суд.

„Верувам дека ако најдеме начин да соработуваме во најдобар интерес на децата, сите ќе победиме - нема губитници“, рече тој.

Пилон им се заблагодари на болницата и на британските лекари и во негово име и во име на семејството на момчето.

Од болницата во Бристол соопштија дека соработувале со детската болница Бамбино Гесу за да се обезбеди безбедно префрлање на бебето во Рим.

Електричниот Lotus Evija X го направи третиот најбрз круг на Нирбургринг (ВИДЕО)

Lotus Evija X, мошне модифициран и уникатен електричен хиперавтомобил, го помина германскиот Нирбургринг за само 6 минути и 24.047 секунди, а Lotus верува дека тоа може да го направи уште побрзо.

Овој пат го прави третото најбрзо возило досега што ја покривало патеката, зад само наменските тркачки автомобили.

Lotus објави многу малку технички информации за Evia X, кој е наведен како прототип во официјалната табела за рекорди во Нирбургринг.

Измените вклучуваат екстремни аеродинамични надградби и соголена внатрешност, фокусирана на перформанси.

Автомобилот наводно ги има истите батерии и електрични мотори како и патничката верзија, што значи 1500 kW/2039 КС и 1704 Nm вртежен момент.

Единствените автомобили побрзи од Evia X се Volkswagen ID.R (6:05.336 минути) и Porsche 919 Hybrid Evo (5:19.546 минути), и двата произведени од основата како тркачки автомобили.

Лотус верува дека Evija X може да постигне подобро време на Нирбургринг. Производителот известува дека возењето било забележано на влажен ден, па очекувањата биле мали. Сепак, кругот беше доволно добар, што Лотус сакаше да го сподели.

Во моментов не е јасно што планира производителот да направи следно со Evia X. Довербата на Lotus сугерира дека може да се обиде да ги подобри времињата на круговите или да се обиде да постави рекорди на кругови на различни патеки. Исто така, може да претвори уникатен автомобил во специјално издание.

Пендаровски: Во Крушево дојдов за да ви кажам дека и тука и во цела Македонија ќе победиме

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски денеска ја продолжи кампањата со средба со жителите на Крушево.

„Борбата почнува од нула, како да немало прв круг“, рече Пендаровски пред крушевчани негирајќи ги обвинувањата на опозицијата дека ќе го бојкотира вториот круг од претседателските избори.

„Дали е логично да дојдам јас во Крушево, ако мислам да бојкотирам? Јас мислам со сите вас да победам! Кој сака нека бојкотира, ниту сум бојкотирал 2014-та, ни 2019-та, ни 2016-та, ни оваа 2024-та нема да бојкотирам. Тие нека му ја мислат за крајниот резултат. Ние сите го знаеме и наместо бојкот ние ќе прославуваме’, истакна Пендаровски денеска во Крушево,соопшти неговиот тим.

притисни ентер