Трамп: Војната во Газа ќе заврши за неколку недели - Канал 5

Трамп: Војната во Газа ќе заврши за неколку недели

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави синоќа дека војната во Појасот Газа ќе заврши за неколку недели, без да прецизира како овој конфликт би завршил.

Трамп: Војната во Газа ќе заврши за неколку недели

Трамп изјави дека „комуницира многу“ со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и дека му рекол дека војната во Појасот Газа наскоро мора да заврши.

Тој рече дека САД и Израел продолжуваат да вршат притисок врз палестинската милитантна група Хамас да ги ослободи преостанатите заложници.

Трамп посочи на напорите на специјалниот претставник на САД за Блискиот Исток, Стив Виткоф, за обезбедување ослободување на заложниците, како и за обезбедување помош во храна за Појасот Газа.

Американскиот државен секретар, Марко Рубио, во заедничко обраќање со Трамп, пред средбата со јужнокорејскиот претседател Ли Џае-мјунг, на новцинарите во Белата куќа им рече дека САД сакаат да ја завршат војната во Појасот Газа и дека конфликтот ќе заврши без Хамас.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Аргентина им забрани пристап на стадионите во САД на татковците кои не плаќаат алиментација

Во пресрет на Светското првенство во Соединетите Американски Држави, Аргентина до американските власти доставила список од 35.000 луѓе на кои може да им се забрани влез на стадионите за време на репрезентативните натпревари.

Аргентина им забрани пристап на стадионите во САД на татковците кои не плаќаат алиментација

Меѓу нив, според наводите, има околу 13.000 татковци кои не плаќаат алиментација, што предизвика посебно внимание во јавноста.

Министерката за национална безбедност на Аргентина, Алехандра Монтеолива, пред настапот на аргентинската репрезентација на Светското првенство, ја проследила базата на податоци до Министерството за внатрешна безбедност на САД, ФБИ и други меѓународни безбедносни агенции, пишува „Њујорк пост“.

Оние кои не плаќаат алиментација веќе нема да смеат да влегуваат на стадионите“, рече Монтеолива.

„Ако не ги исполните обврските, ќе останете надвор од стадионот.

Листата е составена врз основа на аргентинската база на податоци „Tribuna Segura“ (Безбедна трибина), програма која започна во Буенос Аирес во 2016 година, а потоа официјално се прошири на национално ниво.

Системот работи со скенирање на лични документи на влезовите на стадионите, со цел да се идентификуваат лица за кои се издадени налози или на кои им е забранет влез во спортски настани од други причини.

Така, илјадници родители кои избегнуваат да плаќаат алиментација беа додадени во базата на податоци на 13 мај, додека аргентинската влада го проследи списокот до американските институции на 11 јуни.

Додека „Tribuna Segura“ со години се спроведува во Аргентина, во САД нема сличен систем на национално ниво, но некои експерти сметаат дека таков модел би можел да биде корисен.

„Мислам дека тоа е вредна алатка“, рече Мајкл Алказар, поранешен детектив на Њујоршката полиција и професор на колеџот Џон Џеј.

„Луѓето имаат тенденција да бидат опуштени на спортските настани и веројатно на тој начин би можеле да идентификувате и апсите многу криминалци, сè додека правосудниот систем се согласува“.

Според аргентинските власти, благодарение на системот „Трибуна Сегура“, во периодот од 2023 до 2025 година, на повеќе од 1.300 натпревари биле идентификувани повеќе од 1.100 лица со активни налози.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Педофил од Србија снимал голи деца на плажа во Хрватска- го фатил обезбедувач

Истарската полиција заврши кривична истрага против 29-годишен државјанин на Србија, кого го сомничат за кривично дело експлоатација на деца за порнографија.

Педофил од Србија снимал голи деца на плажа во Хрватска- го фатил обезбедувач

Мажот бил фатен како тајно снима голи деца со мобилен телефон во туристички објект во Истра, по што бил уапсен, објави Индекс.

Инцидентот се случил на 25 јуни околу 17:30 часот, кога вработен во компанија за обезбедување го забележал српскиот државјанин како тајно снима деца. Веднаш го привел и ја повикал полицијата.

Пронајдена е инкриминирачка содржина

За време на кривичната истрага, полицијата ги пронашла контроверзните снимки. Вечерта на 26 јуни, мажот бил однесен во притворската единица на Полициската управа на Истра, заедно со кривична пријава. Против него е покрената и постапка согласно одредбите од Законот за странци.

Полицијата наведува дека ваквите случаи покажуваат дека јавноста е сè повеќе свесна за проблемот со снимање деца и дека граѓаните препознаваат сомнително однесување, што овозможува навремена реакција и апсење на педофилот.

Во исто време, тие апелираат до родителите да ги следат своите деца, да следат каде се и што прават на плажа и да ги облечат во костими за капење. Доколку видат сомнително лице кое снима деца, се повикуваат веднаш да ја известат полицијата на бројот 192.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ренџ Ровер е запален во центарот на Скопје

На 28.06.2026 во 04:05 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Центар било опожарено патничко возило „ренџ ровер“ со скопски регистарски ознаки.

Ренџ Ровер е запален во центарот на Скопје

На 28.06.2026 во 04:05 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Центар било опожарено патничко возило „ренџ ровер“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на С.Б.(54) од Скопје.

Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита-Скопје. Повредени лица нема. Извршен е увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер