Трамп објави мапа на која Ормутскиот теснец е преименуван во „Трампов теснец“, Иран им нуди договор на САД
1Трамп објави мапа на која Ормутскиот теснец е преименуван во „Трампов теснец“, Иран им нуди договор на САД
3Сенаторите бараат од Трамп да ја повлече поканата на Путин: Му се дава легитимитет со доаѓањето на Г20
СветТрамп укина 810 милиони долари што ги одобри Конгресот Американскиот претседател Доналд Трамп откажа 810 милиони долари од трошоците одобрени од Конгресот, објави денес Белата куќа.Администрацијата намали 567 милиони долари за услуги за бегалци, баратели на азил и други мигранти преку Министерството за здравство и човечки услуги, како и 50 милиони долари за програми за помош на имигранти и странци, 70 милиони долари за меѓународни образовни програми и 56 милиони долари за програми за домување и урбан развој, објави CBS. Белата куќа соопшти дека Трамп сака да ги искористи сите достапни механизми за да го намали она што го нарече „расипничко и штетно трошење на владата“. Овој потег е спроведен преку таканареченото „откажување од џеб“, во кое претседателот го известува Конгресот кон крајот на фискалната година дека нема да ги користи средствата што ги одобрил. Фискалната година завршува во среда. Републиканската сенаторка Сузан Колинс изјави дека пратениците биле информирани за одлуката без претходна консултација и оцениле дека станува збор за нелегално откажување на средствата одобрени со закон. Таа, исто така, истакна дека Канцеларијата за одговорност на владата претходно ја означила таквата практика како нелегална. Администрацијата на Трамп ја користеше истата постапка минатата година за да откаже 4,9 милијарди долари странска помош. Врховниот суд ѝ дозволи на администрацијата да ги откаже средствата, но не донесе конечна одлука за суштината на случајот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски во Њујорк се сретна со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш12:59Мицкоски на Генералното собрание на ОН: Правилото што важи денес не може да биде поинакво утре09:59Мицкоски: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила – мала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили20:05Мицкоски од ОН: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила18:16Премиерот Мицкоски денеска ќе се обрати пред Генералното собрание на ОН08:52
Мицкоски: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила – мала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили20:05
СветТрамп објави мапа на која Ормутскиот теснец е преименуван во „Трампов теснец“, Иран им нуди договор на САДПретседателот на САД, Доналд Трамп, објави мапа на која Ормутскиот теснец е означен како „Трампов теснец“.. Мапата е објавена на „Трут Соушл“. Трамп претходно предложи теснeцот да биде преименуван по него, а исто така постојано ја изразуваше идејата тој воден пат да се прогласи за територија на САД. Во меѓувреме, Иран им нуди договор на САД за повторно отворање на Ормускиот теснец во рок од седум дена. Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, изјави дека неговата земја им предложила договор на САД со кој би се овозможило повторно отворање на теснецот во рок од една недела. Иако САД сè уште немаат дадено официјален одговор, весникот „Волстрит журнал“, повикувајќи се на американски функционери, објави дека американскиот претседател Доналд Трамп го отфрлил предлогот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалЛига на нации: Македонија вечерва против првиот фаворит ШвајцаријаМакедонија и Швајцарија вечерва од 20:45 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје го отвораат новиот циклус во Лигата на нации.За првпат Македонија е дел од Б-сегментот, а во првиот напревар ќе се соочи со фаворитот во групата, во која се наоѓаат уште и Шкотска и Словенија. Селекторот Гоце Седлоски очекува во овие натпревари репрезентацијата да покаже поголем карактер, отколку на последните четири натпревари, на кои немаше постигнато гол.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски во Њујорк се сретна со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш12:59Мицкоски на Генералното собрание на ОН: Правилото што важи денес не може да биде поинакво утре09:59Мицкоски: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила – мала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили20:05Мицкоски од ОН: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила18:16Премиерот Мицкоски денеска ќе се обрати пред Генералното собрание на ОН08:52
Мицкоски: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила – мала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили20:05
МакедонијаНа Косово уапсен убиецот што застрела 26-годишик во ДуќанџикВо Косово вчера бил уапсен Рами Кучи, првоосомничениот за убиството на 26-годишниот А.М., кое се случи на 6 септември во скопската населба Дуќанџик.Според информациите, тој бил уапсен од косовската полиција, во меѓународна акција за недозволена трговија со дрога на територија на Република Косово. За Кучи беше распишано централна и меѓународна потерница, а по вториот осомничен сè уште се трага. Тешкиот инцидент се случи вечерта на 6 септември во Дуќанџик. Кучи заедно со И.С. се сомничи дека пукал кон група лица од мотоцикл во движење. Во престрелката животот го загуби 26-годишниот А.М., додека уште неколку лица беа повредени.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook