3Британците забрануваат три вида екстремна порнографија: Опасната содржина ги загрозува жените и девојчињата
СветТрамп со критики до поранешната канцеларка Меркел: Таа направи две големи грешкиАмериканскиот претседател Доналд Трамп ги критикуваше европските лидери во големо интервју за Политико, велејќи дека Европа пропаѓа и дека е предводена од слаби луѓе. Трамп ја спомена и поранешната германска канцеларка Ангела Меркел, велејќи дека таа направила две големи грешки. Трамп рече дека сака да види силна Европа, објави Политико. „Ако дозволат милиони луѓе да ги преплават нивните земји, а многу од тие луѓе да извршат сериозни злосторства - и повторно: погледнете ја Шведска. Не сакам да ја оцрнувам Шведска. Ја сакам Шведска. Ги сакам луѓето од Шведска. Но, тие сега од земја без практично никаков криминал станаа земја со многу криминал. Погледнете ја Германија. Германија практично немаше криминал, а Ангела направи две големи грешки: миграцијата и енергијата. И тоа беа два вистински удари“, рече Трамп. Американскиот претседател нагласи дека нема визија за Европа и дека сè што сака да види е силна Европа. „Слушајте, имам визија за Соединетите Американски Држави. Тоа е „Да ја направиме Америка повторно голема“. „Им објаснувам работи на Европа затоа што мислам, знаете, дека ме сметаат за многу паметна личност. Имам очи. Имам уши. Имам знаење. Имам огромно знаење. Гледам што се случува. Добивам извештаи што никогаш нема да ги видите. И мислам дека она што се случува со Европа е ужасно. Верувам дека тоа ја става Европа, каква што ја знаеме, во опасност. Европа би можела да стане сосема поинакво место. И мислам дека луѓето од Европа треба да преземат нешто во врска со тоа“, рече Трамп.Тагови: Ангела Меркел Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛишени од слобода осум возачи за „безобѕирно управување возило“Тројца возеле без положен возачки испит, четворица под дејство на алкохол, а еден возел со активна забрана.Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода осум возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Од нив, три лица управувале возило без положен возачки испит и тоа Е.Л.(21), Д.С.(53) и Н.И.(24) сите од Скопје. Под дејство на алкохол патничко возило управувале А.С.(28) и И.Б.(61) двајцата од Скопје, Ј.К. (36) од Крива Паланка, И.Ј. (54) од село Клечовце, кумановско, додека Џ.М.(45) од село Калково, валандовско управувал возило за време на изречена забрана за управување со моторно возило. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.Тагови: безобѕирно управување Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЗајакнати контроли на возачи на велосипеди, мопеди и мотоциклиВо септември констатирани 1.803 прекршоци, 132 случаи на безобѕирно возење и одземени 88 мотоцикли.Во текот на септември 2026 година, на територијата на целата држава, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе зајакнати акциски контроли насочени кон откривање и санкционирање на прекршоците што ги прават возачите на велосипеди, велосипеди со помошен мотор, мопеди, мотоцикли, трицикли и четирицикли. При спроведените контроли констатирани се вкупно 1.803 прекршоци, од кои најголем дел, односно 1.478, се однесуваат на некористење заштитен шлем (кацига). Најголем број прекршоци се констатирани на подрачјето на СВР Скопје – 437, потоа на подрачјата на СВР Битола – 233, СВР Велес – 213, СВР Струмица – 201 и СВР Тетово – 168. Од страна на Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата констатирани се 154 прекршоци, додека останатите се евидентирани на подрачјата на СВР Штип, СВР Охрид и СВР Куманово. Во рамки на контролите евидентирани се и 132 случаи на кривичното дело „безобѕирно управување со моторно возило“, согласно член 297-а од Кривичниот законик, додека согласно член 300-б од Кривичниот законик, одземени се 88 мотоцикли. Дополнително, констатирани се и 5.034 прекршоци од друг вид. За сите констатирани прекршоци преземени се соодветни мерки согласно законските прописи. Министерството за внатрешни работи продолжува со зајакнатите сообраќајни контроли и апелира до возачите на мопеди и мотоцикли задолжително да користат заштитен шлем, да ги почитуваат сообраќајните правила и да избегнуваат ризично однесување во сообраќајот, со цел заштита на сопствената и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот.Тагови: Зајакнати контроли Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветВладимир Путин издаде наредба: Ќе се обновуваат објектите оштетени во терористичките нападиРускиот претседател Владимир Путин ѝ наложи на владата да одобри програма за обновување на објектите на трговската и логистичката инфраструктура оштетени во терористичките напади и да обезбеди нејзино спроведување.Ова беше објавено денес на веб-страницата на Кремљ. Наредбата е дел од листата на наредби одобрени од Путин по состанокот на Советот за стратешки развој и национални проекти, одржан на 19 август, објави РИА Новости. Програмата треба да вклучува и употреба на современи технолошки решенија. Владата е должна да го достави првиот извештај за спроведувањето до 1 ноември 2026 година, а потоа еднаш на секои три месеци.Тагови: Владимир Путин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook