Ангела Меркел за крајот на војната во Украина: Се надевам дека нема да заврши со победа на Путин - Канал 5

Ангела Меркел за крајот на војната во Украина: Се надевам дека нема да заврши со победа на Путин

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел денеска изрази надеж дека војната во Украина нема да заврши со победа на рускиот претседател Владимир Путин и оцени дека нејзината политика кон Русија била исправна.

Ангела Меркел за крајот на војната во Украина: Се надевам дека нема да заврши со победа на Путин

„Оние кои се одговорни денес едноставно мора да живеат со фактот дека се случи овој напад, оваа агресија врз Украина. А сега мора да размислиме како да го завршиме овој конфликт. И тоа е она на што интензивно работиме: Русија да не победи, туку да постои суверена и слободна Украина која може сама да донесува одлуки“, рече Меркел во интервју за германскиот телевизиски канал Фокус.

Таа додаде дека со години била свесна дека постои „сериозна опасност“ во врска со рускиот лидер.

Како што изјави, дури во 2008 година добила впечаток дека „Путин, со одредена доза на агресија и голема упорност, се обидува да ја прошири својата сфера на влијание, а историјата на Украина од 2000 година, всушност, откако Путин стана претседател, покажува повторени обиди за влијание“.

Поранешната германска канцеларка оцени дека по 2014 година, договорите од Минск купиле малку време, во кое Украина можела донекаде да се зајакне.

„Оваа војна избувна, го промени нашиот свет, тоа беше чин на агресија од страна на Руската Федерација, од страна на Владимир Путин... Никој од нас, ниту јас ниту некој друг, не можеше да ја спречи оваа војна... Не успеавме, но обидите да се спречи инвазијата не беа погрешни“, рече Меркел.

Сега, според неа, потребно е да се зголемат воените трошоци, буџетот за одбрана, а во исто време да не се заборави и другата страна - дипломатијата.

Таа изрази верување дека почетната точка на ескалацијата била „многу контроверзна одлука“ донесена на самитот на НАТО во Букурешт во 2008 година.

Меркел забележа дека уште тогаш размислувала што би значело за Украина и Грузија да добијат Акционен план за членство во НАТО. Оваа фаза, додаде таа, секогаш траела околу три до пет години за претходните кандидати за членство.

„И веќе бев загрижена што ќе направи Путин во тие три до пет години. Дали само ќе стои и ќе гледа? Дали ќе создава факти на терен? И потоа, се разбира, ја нападна Грузија“, се присети Меркел.

Како што додаде таа, тогашниот американски претседател Џорџ В. Буш одбил да ѝ пружи воена помош на Грузија.

Меркел рече дека сè уште верува дека во тоа време имало многу добри причини за изградба на гасоводот „Северен тек 2“, вклучувајќи лични интереси, ниски цени на енергијата и други.

Таа истакна дека таа и поранешниот американски претседател Џозеф Бајден постигнале договор во 2021 година дека доколку гасоводот „Северен тек“ се користи за уцена, тие „ќе го спречат политички“ и потсети дека гасоводот никогаш не бил ставен во употреба.

Меркел ја водеше Германија 16 години, од 2005 до 2021 година, станувајќи првата жена што ја извршувала функцијата канцелар во историјата на земјата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тензично во Италија: Горат гуми во Џенова, во Торино фрлаат јајца врз полицијата (ВИДЕО)

Тензиите за време на масовните протести во Италија растат, а некои градови се соочуваат со инциденти, блокади и зголемено присуство на полицијата.

Тензично во Италија: Горат гуми во Џенова, во Торино фрлаат јајца врз полицијата (ВИДЕО)

Во Џенова, пристанишните работници го блокираа влезот во пристаништето со поставување големи гуми, од кои некои беа запалени, а беа употребени и димни бомби.

Протестите се одржуваат како дел од генералниот штрајк против зголемувањето на трошоците за живот, ниските плати и зголемените воени трошоци. Илјадници работници, студенти и синдикални активисти се на улиците, а ситуацијата е особено напната во Џенова и Торино.

Во Џенова, работниците од автономниот колектив на пристанишни работници CALP и синдикатот USB Mare e Porti го блокираат преминот на влезот во пристаништето Албертачи од утрото. Тие поставија голем број гуми на пристапот, од кои некои беа запалени, додека демонстрантите користеа и димни бомби.

Пристанишните работници рекоа дека не сакаат да работат во систем кој, како што тврдат, овозможува транспорт на оружје за војна. Тие исто така најавија дека ќе се обидат да влезат во пристанишниот комплекс и да го блокираат неговото работење, објавува Rai news.

Во Торино, демонстрантите стигнаа до Пјаца Кастело, пред префектурата, каде што фрлаа јајца врз полицајците што ја чуваа зградата.

Исто така, беа активирани димни бомби, а меѓу толпата се појавија слики од италијанскиот премиер Џорџо Мелони прикажани наопаку.

Во Рим, организаторите на протестите објавија дека демонстрантите нема да ја напуштат Виа деи Фори Империјали до недела. Тие планираат да постават шатори и да останат на таа локација додека не се одржи националното собрание.

Во Фиренца, полицијата за спречување нереди запре група од неколку стотици луѓе кои се обидоа да се упатат кон префектурата и катедралата, додека во Пиза, студентите ја окупираа историската зграда на универзитетот Сапиенца.

И покрај поединечните инциденти, протестите во неколку градови досега поминаа без поголеми судири.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Усвоен Предлог-буџетот за 2027: Дефинирани фискалните рамки и развојните приоритети за наредната година

Владата го усвои Предлог-буџетот за 2027 година „тежок“ околу 440 милијарди денари, со кој се планира економски раст, фискална консолидација и буџетски дефицит од 3,5 отсто од БДП. 

Усвоен Предлог-буџетот за 2027: Дефинирани фискалните рамки и развојните приоритети за наредната година

Владата го усвои Предлог-буџетот за 2025 година. Планирани се приходи од 5,8 милијарди евра и расходи од 6,5 милијарди, додека буџетскиот дефицит ќе изнесува 673 милиони евра или 4 проценти од БДП. Министерството за финансии проектира економски раст од 3,7 проценти и инфлација од 2,2 проценти. Најголем дел од парите ќе бидат наменети за социјални трансфери, пензии и редовно сервисирање на обврските, а за капитални инвестиции се предвидени 824 милиони евра. Приходите во државната каса догодина се планирани на 5 милијарди и 834 милиони евра, што е раст од 13 проценти во однос на 2024 година. Расходите ќе достигнат 6 милијарди и 507 милиони евра, односно 10 проценти повеќе. Разликата меѓу приходите и расходите ќе се покрива со буџетски дефицит од 673 милиони евра.

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска вели дека проекциите се внимателно направени, а економијата следната година се очекува да порасне за 3,7 проценти, со инфлација од 2,2 проценти. Најголемиот дел од средствата се за социјални трансфери – околу 3 милијарди и 639 милиони евра, од кои 1 милијарда и 707 милиони евра за пензии. За општините се предвидени околу 585 милиони евра, додека за капитални расходи 824 милиони евра. Најголем дел од капиталните вложувања ќе бидат насочени кон инфраструктурата, образованието, здравството, железницата и енергетиката. Покрај финансирањето на дефицитот, државата догодина треба да ги сервисира и доспеаните долгови.

За отплата на обврските се предвидени околу 689 милиони евра, а во март доспева и еврообврзницата од 500 милиони евра. За ново задолжување на домашниот пазар се планираат околу 600 милиони евра, додека на странските пазари се очекува задолжување од 1,3 милијарди евра преку еврообврзница и дополнителни околу 100 милиони евра преку кредити. Од Министерството уверуваат дека јавниот долг ќе остане под 60 проценти од БДП.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Власта и опозицијата се скараа за состојбата на студентскиот дом „Стив Наумов“

Нови оштетувања во целосно реновираниот студентски дом Стив Наумов, а од СДСМ обвинија за несоодветно реновиарање. 

Власта и опозицијата се скараа за состојбата на студентскиот дом „Стив Наумов“

Студентскиот дом „Стив Наумов“ повторно во центарот на критиките. Само еден месец по реконструкцијата, прокиснати соби, пукнат бојлер и проблеми со греењето.

Од Опозициската СДСМ обвинуваат дека студентите плаќаат повеќе, а добиваат услови далеку од ветените.Бараат достоинствено сместување и зголемување на субвенционираниот студентски оброк од 140 на 200 денари.

„Ова ли е домот од А-категорија што го ветуваа Јаневска и Мицкоски? Влага, прокиснати соби, нема греење, нема топла вода, а сега и пукнат бојлер!“

Од друга страна, министерката за образование Весна Јаневска ги отфрла обвинувањата за лошите услови. Таа претходно посочи дека објектот е под гаранција и дека изведувачот ги отстранува утврдените недостатоци.

Додека власта и опозицијата ги спротивставуваат ставовите, студентите очекуваат конкретни решенија, повисок студентски оброк од 200 денари и подобри услови за живот во студентските домови.

Владата на студентите им понуди ваучерски систем за субвенциониран оброк, по примерот на Словенија, но договор за конечниот износ сè уште нема.Дополнително Јаневска најавува реконструкцијата на останатите студентските домови со цел и останатите објекти да добијат подобри услови за сместување и живот на студентите.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер