Македонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели
2Македонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели
СветТрамп со голем митинг одбележа 100 дена на власт Првите 100 дена од администрацијата на Трамп одбележани со големо шоу и маратонски говор во Мичиген, местото е одбрано симболично бидејќи таму победи на трите претседателски трки во кои учествуваше.Според него, со неговото враќање во Овалната канцеларија, започнала златната ера на Америка, првите 100 дена од неговото владеење ги нарече историски најдобрите, кои го најавуваат само почетокот на она што следи... -Ова се велат најдобрите стартни 100 дена од било кој претседател во историјата, а само што започнавме, се уште немате ништо видено, ова е само загревање... -Го сопираме инфлацискиот кошмар, најлошиот кој го имавме веројатно во историјата на нашата земја, woke лудилото и трансџендер лудилото надвор од нашата Влада. Го стопираме индоктринирањето на нашите деца кое трошеше милијарди долари на измами и злоупотреба, а над се го спасуваме „Американскиот сон“, ја правиме Америка повторно голема и тоа се случува многу бргу. Она што го виде светот во изминатите 14 недели е револуција на здравиот разум.- Доналд Трамп – Претседател на САД Првите 100 дена ги одбележаа бројни одлуки, многу од нив беа оценети како контроверзни.. Најавениот мир во Украина за еден ден не се реализираше, преговорите станаа интензивни и тензични преговори, а најдобро тоа го почуствува претседателот Зеленски во Белата Куќа. Покрај тоа што го побара Гренланд и ги налути Данците, ја побара и Газа, со план да ја направи луксузна ривиера на Блискиот исток. А, рамнодушни не останаа ниту канаѓаните кога говореше за соединување на двете држави. Последните глобални потреси ги предизвикаа високите царини што го „разнишаа“ односот со традиционалните ЕУ партнери – економската војна со Кина, секојдневно зема поголем замав. Спроед аналитичарите, слични, контроверзни решенија од страна на Трамп се голема веројатност и во остатокот од мандот, кој го започна пред три месеци. -Согласно неговиот специфичен карактер не би ме изненадило да се обидува да наметне решенија, за да се направи дека тој ги контролира работите или ги води процесите. Ќе биде еден мандат осведочен со едни тензични, заладени односи, кои во момент можат да ескалираат во однос на САД со неговите претходни партнери од ЕУ, Франција, Германија во прв ред. – Благојче Атансовски - Аналитичар Според Трамп, сите одлуки донеле само бенефит за американците уште во првите 100 дена, од отворање на 350.000 работни места, до заштедување на 100тина милијарди евра. Целта е, како што кажа, САД да биде економска сила број еден. Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизФото: Емили Ратајковски со нова провокација, го оставила градникот дома ..Го оставила градникот дома и ги ослободи градите а ги покажа и гаќичките. Нова провокација од една од најубавите жени на светот, манекенката Емили Ратајковски. Сексапилната Емили не се срамеше уште еднаш, по којзнае кој пат, да ги покаже своите бујни гради во проѕирен фустан. Синоќа во Лондон се одржаа наградите „Albies“, а на гала-настанот присуствуваа бројни славни личности. Покрај прекрасната Амал Клуни, вниманието на јавноста го привлече и популарната манекенка Емили Ратајковски. Позната по своите атрактивни и донекаде провокативни модни изданија, славната убавица ни овој пат не се воздржуваше да ги истакне своите најдобри атрибути. Таа се појави во структуриран фустан што ја следи линијата на телото и ја истакнува нејзината прекрасна фигура. Станува збор за специфична креација украсена со вешто поставени цветни детали, кои ги покриваат интимните делови од телото. Како што веќе можете да претпоставите, Емили избра проѕирен фустан под кој носеше само црни гаќички. Таа го заборави градникот дома и гордо ги покажа своите гради. Ги поздрави собраните фотографи со студен, но впечатлив поглед и никој не остана рамнодушен на нејзиниот изглед.Тагови: Емили Ратајковски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Се јавија предавниците од ЗНАМ - продавачи на плац за „Лидл“ и заштитници на ГруевскиСе јавија предавниците од ЗНАМ. Прво на партијата, потоа на гласачите.ЗНАМ од Прилеп прашува против кого пукнала првата пушка на 11 Октомври. Квислинзи, дел од тендерската коалиција, тие што грабаат од Пошта, зборуваат за антифашизам. Тие. Со бугарски пасоши. Со Максо што има фирма во Бугарија. МБС Глобал, Бургас, 7 август 2015. И потоа прашуваат за Бугари? Ова не е историја. Ова е далечинско. Стиснато копче од арамијата и се јавува сателитот. Прва верзија ЗНАМ. Истата што заедно со Спутник Левица и со Платформата за 1,6 милиони евра бара реформи во СДСМ. Тие што ја предадоа партијата, па гласачите, па седнаа на маса со анти-ЕУ, анти-НАТО и против Америка. Максо го продаде плацот за Лидл. Преку кум. 250 илјади, па 600 илјади. 350 илјади чист профит преку ноќ. Потоа ДУП кај градоначалникот. Тоа е идентитетот што го чува. Максо ја полни депонијата. Жителите на Пчиња ја блокираат Краста поради пожари и чад. Шест месеци ништо. Сега ѓубрето од Куманово оди на скопска Дрисла. Деца во училиште му пеат предизборна песна. Во Кочо Рацин, каде работи сопругата. На хуманитарен настан. Тоа е патриотизам на ЗНАМ. И сега нашле тема. Пушка. Бугари. Затоа арамијата го праќа Тимчо - чиракот на разговор што сам го нарече коњопој. Нема одговор за изолацијата. Нема реформи. Нема Лаура Ковеши. Има сателит што треба да дефокусира. Кога Македонија ќе продолжи кон ЕУ, кога народот ќе ја врати власта во свои раце, сите ќе се најдат пред независно судство и европско обвинителство. Таму нека расправаат. Со Мицкоски. Не со СДСМ. СДСМ не е нивното далечинско. Скопје, 11.10.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМакедонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи целиСлободата не е завршена приказна, секоја генерација мора да ја продолжи - порача премиерот Христијан Мицкоски од Куманово од централното одбележување на 11 октомври - денот кој го означува почетокот на народноослободителната борба. Во својот говор пред присутните, меѓу кои имаше членови и од власта и од опозицијата, премиерот зборуваше за значењето на празникот, испрати политички пораки, а повика и дека идејата за слободна и суверена Македонија треба да продолжи да живее и во иднина. Покрај политичките говори, за значењето на 11-ти октомври зборувавме и со Кумановци. Повозрасните се потсетија на народноослободителната борба и зборуваа за нејзината важност за Куманово, но и за Македонија. Пред говорот на премиерот, беа положени и цвеќиња пред спомен костурницата во Куманово, каде се испишани имињата на загинатите партизани, а делегации од власта и опозицијата, порано денеска, положија цвеќиња пред спомен плочата и во Прилеп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00Македонија го одбележува 11 Октомври15:16Собрание: Нека ни е честит 11 Октомври 09:14Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00Царинска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии 12:41
Македонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00