16 загинати во нападот на трговскиот центар во Украина, се проверува дали продавницата требало да биде евакуирана
116 загинати во нападот на трговскиот центар во Украина, се проверува дали продавницата требало да биде евакуирана
СветТрамп се закани: Ги уништивме големите ирански бродови, а сега се на ред малите доколку се приближат до блокадата Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека иранската морнарица е „тотално уништена“ и додаде дека ќе уништи помали бродови ако се приближат до американската блокада на иранскиот брег.„Иранската морнарица лежи на дното на морето, целосно уништена - 158 бродови. Она што не го погодивме беа нивните помали бродови, кои тие ги нарекуваат „брзи бродови за напад“, бидејќи не ги сметавме за голема закана“, напиша Трамп на Truth Social. Тој додаде предупредување дека сите ирански бродови што ќе се приближат до американската блокада ќе бидат уништени. „Предупредување: Ако некој од овие бродови се приближи до нашата БЛОКАДА, тие веднаш ќе бидат ЕЛИМИНИРАНИ“, рече тој, додавајќи дека ќе се користи истиот систем што САД го користат против шверцерите на дрога на море. Блокадата веќе започна Објавата на Трамп доаѓа во време кога американската поморска блокада на Иран веќе стапи на сила. Според информациите објавени од Ројтерс, блокадата го опфаќа целиот ирански брег и целиот поморски сообраќај во Оманскиот Залив и Арапското Море, без оглед на знамето на бродовите. Американската команда предупреди дека бродовите што влегуваат во областа без дозвола можат да бидат пресретнати, пренасочени или запленети. Тензиите растат во Ормутскиот теснец Блокадата дополнително ги зголемува тензиите околу Ормутскиот теснец, клучен пат низ кој минува околу една петтина од светската нафта. Иран претходно изјави дека ќе одговори „решително“ на приближувањето на американските сили, додека аналитичарите предупредуваат дека ситуацијата би можела да ескалира во директен поморски конфликт.Тагови: бродовите Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Свет16 загинати во нападот на трговскиот центар во Украина, се проверува дали продавницата требало да биде евакуиранаУкраинската полиција отвори кривична постапка против директорот на супермаркет во трговскиот центар во Криви Рих, кој беше погоден во руски напад со дронови.Во рускиот напад загинаа најмалку 16 лица, а повредени беа уште 130, меѓу кои и 23 деца. спасувачките екипи и натаму трагаат по исчезнати лица. Директорот се истражува поради сомнение за немар, бидејќи продавницата наводно останала отворена и за време на воздушната тревога. Според украинските власти, од моментот кога била вклучена воздушната тревога до првиот удар со дрон поминале околу 20 минути. Истрагата треба да утврди дали вработените и посетителите биле навреме предупредени за опасноста, дали била издадена наредба за евакуација и дали биле почитувани безбедносните протоколи за објект во регион близу до фронтот. Ќе се проверуваат и наводите дека вратите на засолништето биле блокирани. Тагови: украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканВо Србија е уапсен „платен убиец“ од Македонија, се истражува кој наводно требало да биде жртваСрпската полиција уапсила државјанин на Македонија кај градот Прибој, под сомнение дека влегол во Србија како ангажиран извршител на нарачано убиство, објави српски Телеграф повикувајќи се на полициски извори.Според медиумот, осомничениот во полициските евиденции наводно се водел како платен убиец кој работел за Кавачкиот клан, а се доведувал во врска и со претходен обид за убиство на Марко Љубиша Кан. По добиените оперативни информации, српската полиција распоредила засилени сили и го блокирала теренот во Прибој, а истрагата сега е насочена кон утврдување на идентитетот на лицето кое требало да биде мета, како и кон откривање на локациите и лицата што евентуално му обезбедувале логистичка поддршка по влегувањето во Србија. На осомничениот му е определено задржување до 48 часа, по што со кривична пријава треба да биде изведен пред надлежното обвинителство. Фото: ВИТагови: Србија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Редно е СДС да разбере дека власт даваат граѓанитеСДС како опозициска партија наместо да работи на тоа да си го одржи барем членството, тие се занимаваат со манипулации.СДС и претседателот Венко Филипче, поставен на оваа функција од другар му Зоран Заев, никако да разберат дека поддршката за да се дојде на власт се бара од граѓаните. Да, граѓаните се единствени кои даваат и земаат доверба и даваат и земаат власт. ВМРО-ДПМНЕ во последните неколку години има јасна доверба од граѓаните. Оттука, секојдневно работи за секој еден граѓанин за неговиот животен стандард, за подобра околина, за околина во која важат европските стандарди. И кога станува збор за избори, СДС нека не измислува, нека не зборува за алиби. Или како што вели Филипче, од СДС немало да бидат алиби за избори. ВМРО-ДПМНЕ во текот на своето постоење прави само едно, мисли и работи за граѓаните, не бара никакво алиби. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести10 пожари беснеат низ државата, повторно гори кај мариовско Бонче кое било спасено ноќеска15:00ЦУК: Ангажирани се сите ресурси за ставање под контрола на пожарот во Палиград11:3073-годишен маж е петтата жртва од западнонилска треска18:0073-годишен маж е петтата жртва од западнонилска треска15:15Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:10
Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:10