Трамп се среќава со Макрон и Меркел на НАТО самитот во Лондон

Претседателот на САД, Доналд Трамп, ќе се сретне со својот француски колега Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел на маргините на Самитот на НАТО во Лондон, соопшти денеска Белата куќа.

Самитот во Лондон ќе се одржи во вторник и среда, а Трамп на маргините ќе има средба и со британскиот премиер Борис Џонсон, објави АП.

Американската агенција потсетува дека самитот ќе се одржи наскоро откако Трамп рече дека некои членки на НАТО трошат премногу малку за одбраната.

Силен земјотрес од 6,4 степени го погоди Мексико, засега нема информации за причинета штета

Исклучително силен земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала го погоди Мексико, јавува EMSC.

Земјотресот е регистриран на длабочина од 75 километри во близина на брегот на Чиапас, на 37 километри од Тапачула.

Засега нема информации за повредени или материјална штета.

Во коментарите на веб-страницата на ЕМСЦ, граѓаните велат дека земјотресот бил „силен и траел долго“.

Според сведоштвата на луѓето, земјотресот бил почувствуван и во Гватемала, на повеќе од 150 километри оддалеченост од епицентарот.

„Нѐ разбуди“, напишало лице од Гватемала.

Сергеј Трифуновиќ тајно се венча со 28- годишната Исидора (ФОТО)

Српскиот актер Сергеј Трифуновиќ неодамна ја запроси својата две децении помлада девојка Исидора Мијановиќ, а денес, 12 мај, се венчаа и кажаа „да“ пред Бога.

Тие направија црковна венчавка и по тој повод организираа ручек за семејството и најблиските.

Исидора блескаше во венчаница од тантела со цветни детали, а имаше и превез на главата.

Се појави првата фотографија од венчавката, а како изгледа Исидора погледнете во продолжение.

Да потсетиме, неодамна се шпекулираше дека Исидора е во блажена состојба.

Таа на својата приказна на Инстаграм објави фотографија од детски машки чевли, а многумина тогаш се запрашаа дали убавата свршеница на Сергеј Трифуновиќ е бремена, објави Телеграф.

По нејзината објава коментарите на мрежите продолжија.

„Дали е ова можно?“, „Убава“, „Ако е вистина, ова е убава вест“, се само дел од коментарите.

Инаку, Исидора неодамна наполни 28 години, а венчавката, како што рече, ја планирале до крајот на годинава.

Грчката амбасадорка ja напушти седницата, Сиљановска-Давкова во заклетвата не рече „Северна“

Грчката амбасадорка Софија Филипиду, која ја следеше седницата на Собранието за инаугурација на Гордана Сиљановска-Давкова за претседателка на државата, ја напушти пленарната сала.

Грчката амбасадорка Софија Филипиду, која ја следеше седницата на Собранието за инаугурација на Гордана Сиљановска-Давкова за претседателка на државата, ја напушти пленарната сала, во знак на протест поради тоа што Сиљановска-Давкова, при давањето свечена заклетва, не го употреби уставното име на земјава, туку користеше Македонија.

Ова прв го објави „X“ пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски.

Инаку, Сиљаноска давајќи заклетва не го употреби уставното име, туку рече Македонија.

притисни ентер