Трамп се надева дека Израел и Иран ќе постигнат договор - Канал 5

Трамп се надева дека Израел и Иран ќе постигнат договор

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека се надева оти Израел и Иран ќе можат да постигнат договор, но понекогаш, како што рече, земјите прво мора да се борат за него.

Трамп се надева дека Израел и Иран ќе постигнат договор

Во разговор со новинарите пред заминувањето за самитот на Г-7 во Канада, Трамп рече дека САД ќе продолжат да го поддржуваат Израел, но одби да каже дали побарал од земјата да ги прекине нападите врз Иран.

-Се надевам дека ќе има договор. Мислам дека е време за договор и ќе видиме што ќе се случи. Понекогаш тие мора да се борат, но ќе видиме што ќе се случи, рече Трамп.

Претходно вчера, тој напиша на својот профил на социјалните мрежи, Truth Social, дека „Иран и Израел мора да постигнат договор и дека ќе постигнат“, додавајќи дека „наскоро ќе имаме мир“.

Во меѓувреме, Израел и Иран повторно се нападнаа едни со други, убивајќи и ранувајќи цивили и изразувајќи загриженост за поширок конфликт во регионот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Поплавени подвозници, заглавени возила и блокирани кружни текови по обилните врнежи во Скопје

Во моментов заседава и кризниот штаб на Град Скопје.

Поплавени подвозници, заглавени возила и блокирани кружни текови по обилните врнежи во Скопје

Поплавени улици и подвозници низ Скопје по обилниот дожд кој попладнево го зафати главниот град. Дел од скопските сообраќајници беа полни со вода.

Јана Јосифоска ни ја пренесува моменталната состојба.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Превентивни активности за безбеден сообраќај и заштита од пожари и имотни деликти

Во рамки на превентивните активности беше поделен и печатен едукативен материјал.

Превентивни активности за безбеден сообраќај и заштита од пожари и имотни деликти

Денеска (01.07.2026) на подрачје на општините Велес, Градско и Чашка, полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес, ПК Градско и ПО Чашка, реализираа превентивни активности за заштита од пожари. На граѓаните им беше потенцирана потребата за намалување на ризикот од настанување на шумски и пожари на отворен простор, како и за внимателност при извршување на земјоделските работи, надополнето со континуирана соработка со надлежните институции и задолжително пријавување на несовесно однесување. Вакви превентивни активности спроведоа и Одделението за превенција на СВР Скопје во Скопје, како и СВР Штип во Штип. Полициски службеници од ОВР Неготино, во Демир Капија реализираа превентивна активност на тема „Внимавај на својот дом“, со укажување за граѓаните за поголема внимателност и начините како да се заштитат од различни видови и форми на кражби, со цел да го зголемат нивото на лична и имотна сигурност.

Полициски службеници од ПО БПС при ОВР Кавадарци реализираа сообраќајна превентивна активност на тема „Вози одговорно“ во рамки на која на возачите им беше укажано за важноста од задолжително почитување на сообраќајните правила и прописи. Полициски службеници од ПС БПС при СВР Велес, Одделението за превенција на СВР Скопје и ПС БПС Кочани и Берово, во Велес, Скопје, Кочани и Берово реализираа превентивни активности на тема „Носи кацига“ насочени кон возачите на мопеди, мотоцикли и електрични тротинети, на кои им беше укажувано за обврската и потребата за носење на заштитен шлем, напоменувајќи им дека секој учесник во сообраќајот е еднакво одговорен како за својата, така и за безбедноста на сите останати учесници во сообраќајот. Вчера пак, на подрачје на општините Градско и Росоман, полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес спроведоа активност со цел да им се укаже на возачите да не управуваат возила под дејство на алкохол, со оглед на тоа дека алкохолот сериозно ги намалува возачките вештини, ги нарушува психомоторните способности и претставува сериозна закана по нивната и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот. Во рамки на превентивните активности беше поделен и печатен едукативен материјал.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Кисела Вода свика итна седница на Кризниот штаб поради невремето

Поради обилните врнежи од дожд и невремето што го зафати подрачјето на град Скопје, во Општина Кисела Вода е свикана итна седница на Кризниот штаб.

Општина Кисела Вода свика итна седница на Кризниот штаб поради невремето

„Нашите екипи се на терен и се реагира по добиените пријави за поплавени површини и објекти. Општина Кисела Вода е во постојана и интензивна комуникација со Центарот за управување со кризи (ЦУК), Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), со екипите на ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје, како и со надлежните служби на Град Скопје, со цел брза интервенција и санирање на штетите.“- велат од општината.

На терен се мобилизирани сите расположливи општински служби, кои работат на расчистување на критичните точки и обезбедување на безбедноста на граѓаните.

Доколку жителите на Општина Кисела Вода, забележат проблеми или имаат потреба од асистенција, случајот да го пријават на следните дежурни телефони:

Бобан: 072250719

Димитар: 072443500

Сите капацитети се ставени во функција на помош и поддршка на граѓаните.

Општинските служби се на терен и ќе останат таму сè додека целосно не се нормализира состојбата.

Општина Кисела Вода

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер