Трамп се изнамачи додека ја фати Меланија за рака (ВИДЕО) - Канал 5

Трамп се изнамачи додека ја фати Меланија за рака (ВИДЕО)

Снимката од излегувањето  на Меланија и Доналд Трамп од авион, предизвика шпекулации во каква врска се тие навистина.

Трамп се изнамачи додека ја фати Меланија за рака (ВИДЕО)

Видеото е објавено од „Хил“, а се гледа како Трамп упорно се обидува да ја фати раката на сопругата, иако таа упорно ја трга.

Сепак, ддоека преминуваат од авион во хеликоптер, Меланија кратко клекна и му дозволи на својот сопруг да ја фати за раката.

Додека некои се забавуваа со видеото и отворено навиваа за Меланија, други тврдат дека воопшто не им се допаѓа.

„Таа го доби она што го заслужува, се омажи за него“, рекоа тие.

Некои се убедени дека првата дама се однесува на овој начин затоа што нејзиното здолниште имало отвор на предниот дел, така што таа всушност не го одбила нејзиниот сопруг онолку колку што се грижела да не покаже премногу.

Сепак, ова не е прв пат камерите да го снимат нејзиното одбивање да го држи сопругот за рака.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази Баба и Бутел

Нема место за паника, да се почитуваат мерките за лична заштита од западнонилска треска - ЦЈЗ Скопје прогласи епидемија во одредени зафатени општини во градот.

Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази Баба и Бутел

Заменик министерот за здравство, Јовица Андовски заедно со претставниците од Институтот за јавно здравје, Центарот за јавно здравје Скопје и Клиниката за инфективни болести, на денешната прес конференција информираа за епидемиолошката состојба со западнонилска треска во земјава.

- Навремено и транспарентно ја информираме јавноста за состојбата со западнонилската треска. Ова не е ново заболување, присутна е и во текот на претходни години, а годинава заради актуелната епидемиолошка состојба, бројот на потврдени случаи и активноста на вирусот, наметнаа потреба од засилен институционален одговор. Ја следиме состојбата во координација со Институтот за јавно здравје, Центрите за јавно здравје, Комисијата за заразни болести и Клиниката за инфективни болести, со цел навремено да ги идентификуваме и третираме случаите, како и да спречиме појава на нови случаи, истакна Андовски.

Тој порача дека нема место за паника, туку има потреба од внимателност и одговорност, односно граѓаните да преземаат мерки за лична заштита, носење соодветна облека, како и избегнување на места каде е најголема изложеноста на комарци.

Д-р Марија Гочевска од Институтот за јавно здравје информираше дека заклучно со 11 август, се регистрирани вкупно 26 случаи, од кои 2 се веројатни. Од нив, 25 лица се од Скопје, а еден е од Велес. Во однос на возрасната категорија, д-р Гочевска посочи дека 22 лица се на возраст над 60 години.

- Станува збор за автохтони случаи од нашата држава, а едно лице патувало во Грција. Сите случаи се со невроинвазивна форма, појасни д-р Гочевска.

Директорот на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, д-р Фадил Цана информираше дека пациентите се третираат на клиниката која располага со капацитети и соодветна дијагностика.

- Четворица пациенти се водат како суспектни и во тек е дијагностичка постапка. Осум пациенти се испишани на домашно лекување, но за жал, морам да информирам дека 83-годишен пациент е починат. Пациентот имаше и други заболувања, истакна д-р Цана.

Д-р Златко Арсениевски од Центарот за јавно здравје Скопје информираше дека вчера беше прогласена епидемија на одредени зафатени општини во градот Скопје, како што се Кисела Вода, Гази Баба, Аеродром, Бутел и Илинден, како и зафатени населби како Драчево, Пржино, Долно Лисиче, Кадино, Јурумлери.

Министерството за здравство ќе продолжи навремено и транспарентно да ја информира јавноста за сите релевантни промени во состојбата со ова заболување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Алесандра Амбросио се сврши со Бак Палмер по речиси две години врска

Супермоделот Алесандра Амбросио (45) се сврши со Бак Палмер (44) по речиси две години љубовна врска.

Алесандра Амбросио се сврши со Бак Палмер по речиси две години врска

Амбросио во вторникот ја објави веста за свршувачката преку заедничкиот профил на парот на Instagram, пишувајќи: „Би те избрала во овој живот и во секој друг живот. За вечноста, љубов моја.“

Палмер ја запросил Амбросио на плажа во Индонезија, додека манекенката во атрактивно бикини го воодушевила со својот изглед. Тој клекнал на песокот пред неа, а таа потоа го покажа својот нов дијамантски прстен додека се прегрнувале.

ФОТО: alessandraambrosio/Инстаграм

Двојката позирала и во срце направено од ливчиња од рози.

Алесандра и Палмер се во врска од крајот на 2024 година. Тој е австралиски дизајнер на накит и поранешен модел.

Гласините за свршувачка првпат се појавија оваа пролет, откако поранешниот ангел на Victoria's Secret објави фотографии на Instagram на кои носеше златен прстен на безимениот прст.

„Ако Алесандра е свршена, сè уште не им кажала на своите пријатели, но сите чувствуваат дека таа и Бак одат во таа насока бидејќи се многу сериозни и заљубени. Ова можеби е голем знак дека се подготвуваат за брак“, изјавил извор за "The Daily Mail" во април.

ФОТО: alessandraambrosio/Инстаграм

„Многу е веројатно дека тој го дизајнирал прстенот што го носи на безимениот прст, бидејќи тоа е неговата професија – тој дизајнира накит.“

Во објава од нивниот одмор во Индонезија во средината на април, и Амбросио и Палмер носеле златни прстени на безимениот прст.

ФОТО: alessandraambrosio/Инстаграм

Амбросио и Палмер првпат беа романтично поврзани на забава за време на Art Basel во Мајами во 2024 година.

Тогаш извори блиски до парот открија дека манекенката била многу заљубена и се надевала дека со новиот партнер ќе остане „цел живот“, поради нивната силна поврзаност.

„Алесандра знае кој ќе биде човекот што ќе го бакне на Нова година и се надева дека истиот маж ќе го бакнува на секоја Нова година до крајот на животот“, изјавил тогаш изворот.

„Таа помина низ многу во љубовните врски, но навистина верува во љубовта и чувствува дека конечно ја пронашла.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Над 330.000 пензионери со зголемени пензии, Владата на ВМРО-ДПМНЕ се грижи за оние кои ја градеа Македонија

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ се грижи и работи за оние кои ја градеа државата. ВМРО- ДПМНЕ во предизборието вети 5.000 денари  но за само две години пензиите на сите пензионери се зголемија линеарно за 7.000 денари.

Над 330.000 пензионери со зголемени пензии, Владата на ВМРО-ДПМНЕ се грижи за оние кои ја градеа Македонија

Над 330 000 пензионери денес имаат повисоки пензии и посигурен сеемен буџет.

Со ова линеарно покачување ги заштитивме оние со најниски примања, па така најниската пензија денес изнесува 18.192 денари додека пак просечната пензија достигна историско највисоко ниво и денес изнесува околу 28.120 денари.

ВМРО-ДПМНЕ ги исполнува ветувањата со конкретни политики и резултати и таа поддршка денес директно ја чувствуваат пензионерите во своите домови.

Пензионерите не се само бројка, туку генерации кои со децении ја граделе државата и токму затоа Владата на ВМРО-ДПМНЕ продолжува со посветено, домаќинско и одговорно работење да креира мерки и политики кои ќе донесат повисок стандард и сигурна иднина за сите граѓани.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер