Трамп: САД ќе одговорат на нападот на ИД во Сирија - Канал 5

Трамп: САД ќе одговорат на нападот на ИД во Сирија

Двајца американски војници и еден цивилен преведувач беа убиени во напад во Сирија, потврди Министерството за војна на САД.

Трамп: САД ќе одговорат на нападот на ИД во Сирија

Портпаролот на Пентагон, Шон Парнел, додаде дека тројца луѓе се ранети, а напаѓачот бил застрелан.

Нападот е извршен во градот Палмира, во пустински регион во централната сириска провинција Хомс, каде американската војска одржувала антитерористичка операција, прецизира Парнел.

Напаѓачот бил член на сириските безбедносни сили, изјавија тројца локални функционери, пренесуваат медиумите.

Портпарол на сириското Министерство за внатрешни работи изјави за државната телевизија „Ал Ехбарија“ дека напаѓачот не бил на раководна позиција во безбедносните сили, но не го прецизираше неговиот чин.

„Беше донесен заклучок дека напаѓачот можеби споделувал екстремистичка идеологија, а конечната проценка по ова прашање ќе биде објавена утре“, рече портпаролот Нуредин ел Баба.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека сите Американци тагуваат за загубата на тројца големи патриоти на САД кои беа убиени од заседа во Сирија.

Тој на својата социјална мрежа „Трут Соушл“ напиша дека САД решително ќе одговорат на терористичката „Исламска држава“ (ИД), ако американските сили бидат нападнати повторно. „Ова е напад на ИД врз САД и Сирија во еден многу опасен реон на Сирија“, посочи Трамп.

Древниот град Палмира, дел од светското наследство на УНЕСКО, беше контролиран од „Исламска држава“ за време на „калифатот“ прогласен од терористичката организација, откако зазеде делови од Сирија и соседен Ирак. Џихадистичката групација подоцна ги загуби тие територии, но продолжува да врши напади во Сириската пустина и други области.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски од Чешиново-Облешево: Развојот на секоја општина значи подобра иднина за граѓаните

За мене претставува навистина задоволство кога можам да бидам дел од убави проекти коишто се реализираат и случуваат и во помалубројни општини, како што е општината Чешиново-Облешево.

Мицкоски од Чешиново-Облешево: Развојот на секоја општина значи подобра иднина за граѓаните

„Добар ден и од мене.

За мене претставува навистина задоволство кога можам да бидам дел од убави проекти коишто се реализираат и случуваат и во помалубројни општини, како што е општината Чешиново-Облешево. Му честитам на градоначалникот за посветената работа. И, се разбира, заеднички, со поддршка од Владата, во периодот којшто следи, ќе реализираме уште многу проекти коишто се приоритет на граѓаните на оваа општина. Прекрасна општина, прекрасни луѓе. Сега, додека шетавме по оваа новоасфалтирана улица, разговаравме и за приоритетите во периодот којшто следи. Самиот тој во својата изјава кажа дека подготвува дел од проектите. Јас би го охрабрил, еве вака јавно, што побрзо да ги спремат проектите, затоа што следната година како Влада планираме нов повик со којшто од централниот буџет ќе финансираме проекти кон локалната самоуправа, кон општините.

Нешто што ќе биде континуитет на она коешто го започнавме од првиот момент кога бевме избрани како Влада. Така што и тоа ќе биде една додадена вредност врз квалитетот на животот на граѓаните во оваа прекрасна општина. И исто така, конечно да се реши, би рекол, она прашање коешто останува нерешено, а тоа е водоснабдувањето во голем дел од населените места. Ние очекуваме, а веќе е извесно во реформската агенда да добиеме топ-ап или додаток на оние седумстотини и педесет милиони евра коишто претходно ги добивме. Знаете таму структурата каква е: една третина е ликвидност во буџетот, една третина е грант преку Инвестициската рамка за Западен Балкан, а третата третина е евтин кредит којшто започнува да се исплаќа од 2035 година.

Очекуваме да добиеме значајна сума во тој додаток и еден од приоритетните проекти ќе биде токму овој за којшто зборувавме денес со градоначалникот, а во меѓувреме тој ќе продолжи да ги развива проектите и, ако треба, и од централната власт ќе има дополнителна поддршка. Така што тој проект мора да се случи и ќе се случи. Ние ќе го ставиме во индикативната листа како приоритет на Владата, според онаа динамика којашто ја имаме од Европската Унија. Конечното одобрување на таа листа треба да се случи во првата половина од следната година. Така што, уште еднаш му честитам на градоначалникот, прави навистина одлична работа.

Му честитам и сакам да им се заблагодарам на советниците коишто ја поддржуваат работата на градоначалникот, да им се заблагодарам на пратениците коишто доаѓаат од овој регион, коишто се борат за проект повеќе, а ние како Влада ќе продолжиме и понатаму да го испорачуваме тоа што им е потребно на граѓаните.Сакам да ви се заблагодарам и на вас, медиумите, што секогаш сте тука кога промовираме нешто коешто претставува додадена вредност за квалитетот на животот на граѓаните.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Тејт Мекре ја вжешти пистата на „Викторијас сикрет“

Канадската пејачка Тејт Мекре во секси црвена долна облека го претстави новиот сингл и ја вжешти пистата на „Викторијас сикрет“.

Видео: Тејт Мекре ја вжешти пистата на „Викторијас сикрет“

Канадската пејачка Тејт Мекре настапи на модната ревија на „Викторијас сикрет“ (Victoria’s Secret), одржана синоќа во Лос Анџелес, каде што премиерно го претстави својот нов сингл „Housewife“.

Дваесет и тригодишната музичка ѕвезда се појави во блескав црвен комплет долна облека и црвени чевли со високи потпетици, изведувајќи енергична кореографија заедно со повеќе од десет танчери, сите облечени во црвени костими.

Според „Харперс базар“ (Harper's Bazaar), Тејт го изведе и хитот „Dear God“ од албумот „So Close to What“, додека манекенките чекореа по пистата, осветлени со топла, килибарна светлина.

https://www.instagram.com/reel/DeqJwoPOxbl/?utm_source=ig_embed

Впечатлив визуелен ефект создадоа проѕирните црвени крилја што се „вееа“ зад пејачката.

Песната „Housewife“ беше објавена на 15 октомври, а режисер на музичкиот спот е Пјер-Анж Карлоти. Ова е првиот сингл од нејзиниот четврти студиски албум.

Тејт претходно истакна дека публиката сè уште нема видено сè што таа може да понуди, особено кога станува збор за нејзините танцови вештини.

Зборувајќи за славата, таа призна дека животот на поп-ѕвезда може да биде исцрпувачки, бидејќи луѓето често имаат свои замисли за тоа каква би требало да биде таа.

https://www.instagram.com/reel/DeqGOaOtckj/?utm_source=ig_embed

Пред нејзиниот настап на модната ревија на „Викторијас сикрет“ (Victoria's Secret), таа накратко најави што може да очекува публиката, велејќи: „Моето тело е костим“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео-Фото: Кајли Џенер во градник од 50 милиони долари, фановите бесни

Младтата бизнисменка и член на кланот Кардашијан Шенер, атрактивната Кајли Џенер се појави во градник вреден 50 милиони долари, фановите  бесни. .

Видео-Фото: Кајли Џенер во градник од 50 милиони долари, фановите бесни

Провокативната Кајли Џенер ја изненади публиката со појавувањето на модната ревија на „Викторијас сикрет“ во Лос Анџелес, каде што за прв пат прошета по пистата носејќи го славниот „Фантази градник“ - луксузен градник украсен со 4400 дијаманти, за кој се проценува дека вреди дури 50 милиони долари.

Риалити ѕвездата и бизнисменка изгледаше зачудувачки во спектакуларен ансамбл, комплетен со раскошни бели пердувести крилја. Сепак, нејзиното учество на ревијата во 2026 година предизвика силна реакција на социјалните мрежи, а некои обожаватели дури повикаа на бојкот на модната манифестација, објавува „Дејли меил“.

Одлуката на организаторите да ѝ го доверат на Кајли едно од најкултните парчиња во историјата на брендот предизвика најголеми негативни реакции.

Многумина сметаат дека оваа чест требало да ѝ припадне на некоја од долгогодишните манекенки на „Victoria's Secret“. „Зошто Кајли Џенер?“

Социјалните мрежи беа преплавени со коментари од незадоволни обожаватели, кои воопшто не го криеја своето разочарување од изборот на славната ријалити ѕвезда.

„Ова е неприфатливо“, напиша еден корисник на социјалната мрежа X. Друг ја критикуваше креативната визија на брендот, сугерирајќи дека на „Victoria's Secret“ му снемало идеи, и додаде дека вклучувањето на семејството Кардашијан-Џенер дополнително го намалило гламурот што некогаш ја дефинираше оваа славна модна ревија.

„Од сите луѓе на светот, зошто, по ѓаволите, ѝ го дадоа ’Fantasy Bra‘ на Кајли Џенер?“ – стоеше во еден од коментарите.

https://www.instagram.com/p/DeqALDlE2Xi/?utm_source=ig_embed&img_index=1

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер