Трамп прогласи вонредна состојба во САД

Претседателот на САД, Доналд Трамп прогласи вонредна состојба низ земјата, поради пандемијата на коронавирус.

Притоа, тој се осврна на законот на Стафорд, со кој се овластува Федералната агенција за управување со вонредни состојби (ФЕМА) да заземе централна улога и да обезбеди финансиска поддршка.

Тој рече дека ова отвора пристап до фондот од 50 милијарди американски долари за државата, што тој ги опиша како голема сума пари за државите и локалните заедници погодени од вирусот.

Во САД 2030 луѓе се заразени, од кои 333 биле заразени во последните 24 часа. Од вирусот починале 41 лице, а 31 лице се опоравиле од вирусот.

Трамп ги прекина сите патувања од Европа во САД пред два дена во наредните 30 дена за да спречи ширење на коронавирусот во САД.

Забраната ќе важи од петок на полноќ по американско време.

„Со цел новите заразени да не влезат во нашата земја, ќе ги прекинеме сите патувања од Европа во САД во наредните 30 дена“, рече Трамп во телевизиското обраќање во Белата куќа во средата вечер. Тој исто така рече дека ограничувањата за патувања не важат за Велика Британија, каде досега се потврдени 460 случаи на коронавирус.

Белата куќа по говорот на Трамп рече дека забраната важи за сите шенген држави.

Напаѓачот на Фицо призна вина

Осомничениот за нападот врз словенечкиот премиер Јурај Цинтула денеска пред Специјализираниот кривичен суд во градот Пежинок призна вина.

Цинтула беше спроведен под силно полициско обезбедување, а ниту на новинарите им беше дозволен влез во Судот.

Обвинителството вчера побара притвор за 71-годишниот Цинтула поради евентуално бегство или повторување на кривичното дело.

Премиерот на Словачка, Роберт Фицо на 15 мај беше застрелан во градот Хандалова додека се поздравуваше со насобраниот народ. Цинтула веднаш по нападот е приведен. Тој се соочува со обвинение за обид за убиство од одмазда, за што е предвидена казна од 25 години до доживотен затвор.

Словачките политичари изјавија дека нападот врз Фицо не е политички мотивиран.

Цинтула наводно учествувал во неколку антивладини протести, а бил против прекинот на помошта за Украина и на ликвидацијата на словачките медиуми.

Состојбата на премиерот Фицо и понатаму е сериозна. /МИА

Уметничка акција за проблемот со јавните тоалети во Скопје

Уметникот Озбек Ајваз кај фонтаната во Градскиот парк во Скопје, го претстави неговото последно дело во соработка со архитектката Натали Велеска, кое е дел од проектот за проблемот со јавните тоалети во градот.

Со последната акција, прикажаа предлог решение, во вид на макета. Тоалетот би бил изведен од метална контрукција, обложен со дрвени панели, неговите димензии би биле минимални, за да биде поекономичен за масивно производство и за понатамошно одржување.

Екстериерот на тоалетот би имал зелени ѕидови со вертикално поставени растенија, кои би служеле како разубавување на градот и истите би се наводнувале преку поставениот дождовник од кровот на тоалетот.

од страната на макетата има прикажано мапа на Градот Скопје, со означени локации каде би биле идеалните места во градот каде што се најнеопходни највеќе тоалети за главниот град и општините. За овој проблем граѓаните постојано алармираат, но засега решение нема.

Како да се стави крај на врсничкото насилство кај младите?

Со свирчиња во рака децата и родителите денеска во Градскиот парк во Скопје го „кренаа гласот“ против врсничкото насилство.

На отворениот настан во рамки на кампањата на Макпетрол за спречување на врсничкото насилство присутните родители, баби и дедовци порачаа дека врсничкото насилство може да се спречи само со поголема едукација. Велат се започнува од домашното воспитување, но клучни во борбата против насилството се институциите како училиштата и градинките од кои бараат поголема ангажираност на оваа тема.

- Малце да се елиминира пристап до интернет на рана возраст и само муабет дома, правилно воспитување се решава. Децата се повеќе време таму во школо, во градинка така да многу влијае и тоа какви воспитувачи и учители имаат.

- Едукација, школи, семинари, едукација пред се.

- Мислам дека најмногу образовниот систем треба да работи на тоа, психолозите во школите, педагозите и ние од дома да ги советуваме да не прават такви работи.

На отворениот настан присутните се забавуваа со повеќе музички, сценски интерпертации и интерактивни содржини. Актерот Сашко Коцев на најмладите им порача доколку се соочуваат со насилство да се охрабрат и тоа да го споделат со родителите, наставниците, педагозите..

- Јас една едноставна и ведра порака што ја испратив е се ставив јас кога сум бил да кажеме жртва, едноставно која била мојата позадина да не соопштам на никого. Тоа е еден срам дека ќе испаднеш послаб па ќе кажат „еј тужакаш“ или ми било страв дека тие што те малтретираат ако кажеш ќе станат уште полоши. Само тоа сакав да ги охрабрам дека треба да кажат децата.- Сашко Коцев – актер

Врсничкото насилство или булингот се јавува во повеќе форми: физички, вербален, социјален а во поново време и сајбер булинг. Токму изминатиов период имаше најмалку два случаи на физички пресметки меѓу малолетници, кои беа снимени со телефон, од кој за еден сеуште се чека судска пресуда. Психолозите реагираат дека системското решение е во целокупниот образовен процес, но и во домот од каде децата учат од родителот како да се соочуваат со емотивно тешки состојби.

притисни ентер