Трамп повторно се заканува дека ќе ја преземе контролата врз „ужасниот“ Вашингтон - Канал 5

Трамп повторно се заканува дека ќе ја преземе контролата врз „ужасниот“ Вашингтон

Американскиот претседател Доналд Трамп постојано повторува дека Вашингтон е „валкан град со раширен криминал“. 

Трамп повторно се заканува дека ќе ја преземе контролата врз „ужасниот“ Вашингтон

Тој вчера повторно се закани дека ќе ја преземе контролата врз федералниот главен град, кој е во рацете на демократската опозиција.

-Размислуваме за тоа, да, бидејќи криминалот е вртоглав, одговори тој на новинарите кои го прашаа за можноста Белата куќа да ја преземе контролата врз градските институции, особено полицијата.

„Сакаме голем главен град кој е безбеден и ќе го имаме... Стапката на криминал, нападите, убиствата и сè друго... нема да го оставиме тоа да помине, а тоа значи повикување на Националната гарда, можеби многу наскоро, предупреди Трамп, осврнувајќи се на федералната војска што неодамна ја распореди во Лос Анџелес, спротивно на желбите на демократскиот гувернер на Калифорнија, Гевин Њусом.

Закон од 1973 година му дава на Вашингтон сопствен законодавен дом и градоначалник, избран со гласање, како и свои полициски сили.

Конгресот на САД, каде што е претставен Дистриктот Колумбија, но без право на глас, го има последниот збор за тоа како се управува со градот.

Републиканскиот милијардер од Њујорк, кој никогаш не го криел своето неодобрување кон Вашингтон, со години ветува дека ќе „ја преземе контролата“ врз главниот град.

-Ако Вашингтон не дејствува координирано и брзо, нема да имаме друг избор освен да ја преземеме контролата врз градот и „да го водиме правилно“, рече Трамп на социјалните медиуми во вторникот.

Во март, претседателот дури издаде и извршна наредба за да го направи Вашингтон безбеден и убав град.

Градот има турбулентна политичка и социјална историја, а во 1980-тите и 1990-тите - висок криминал. Но, бројот на кривични дела и прекршоци се намали за 26 отсто во првата половина од оваа година, откако во 2024 година криминалот достигна најниско ниво во последните три децении, според официјалната статистика.

-Претседателите немаат овластување да ја преземат контролата врз Вашингтон. Конгресот ќе мора да донесе закон, изјави претставничката на округот во Претставничкиот дом, Елеонор Холмс Нортон, на „Х“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Голем собир на студентите во центарот на Белград- говорниците на бината носеа Устав на Србија (ВИДЕО)

Завршниот предизборен митинг на студентската листа „Студенти побеѓују“, под името „Победата повикува“, започна вечерва на плоштадот Славија во Белград.

Голем собир на студентите во центарот на Белград- говорниците на бината носеа Устав на Србија (ВИДЕО)

Во 18 часот, плоштадот веќе беше полн, а толпата палеше факели и светла на своите мобилни телефони и извикуваше „Вучиќ го нема“.

„За 150 години, некој ќе каже: Промената започна тука!“

Говорите во Славија завршија со песната „Марш на Дрина“. Кандидатите ја напуштија сцената држејќи го Уставот на Србија.

„Нашите мандати ќе бидат во ваши раце, во рацете на народот. На 25 октомври, Србија победува! И знаете ли зошто? Затоа што студентите победуваат!“, рече првиот кандидат на листата, Илија Срдановиќ.

Пред него, студентката Наталија Степановиќ рече дека тие можат да ги исполнат студентските барања „само со промена на владата“. Таа исто така рече дека за 150 години некој ќе каже: „Тие беа тука и промената започна тука!“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Први снимки од разодниот земјотрес од 7 степени во Кина: Луѓето бегаат во паника (ВИДЕО)

Првите снимки од земјотресот што го погоди кинескиот регион Тибет почнаа да се појавуваат на социјалните мрежи, додека се очекуваат подетални информации за последиците од земјотресот.

Први снимки од разодниот земјотрес од 7 степени во Кина: Луѓето бегаат во паника (ВИДЕО)

Според претходните извештаи, земјотресот го погодил подрачјето на округот Бакен во регионот Нагку, а неговите силни потреси предизвикале паника кај жителите, објави ДПА.

Според достапните информации, земјотресот имал магнитуда од 7,0 степени, а епицентарот бил на релативно мала длабочина, што може да го зголеми неговото влијание во околното подрачје. Сепак, во моментов нема сигурно потврдени податоци за бројот на можни жртви или обемот на материјалната штета.

Надлежните служби ја следат ситуацијата, додека се очекуваат нови информации од терен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Нека е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба

Во чест на утрешниот државен празник, општинската зграда во Кавадарци е симболично осветлена во боите на македонското знаме.

Јанчев: Нека е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба

Со овој симболичен гест оддаваме почит кон храброста, пожртвуваноста и непокорниот дух на македонските револуционери, кои со својата борба ги поставија темелите на македонската државност.

Отсега, по повод секој државен празник, општинската зграда ќе свети во боите на македонското знаме, како симбол на почит кон нашата историја, традиција и национален идентитет.

Нека е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба, објави на ФБ градоначалникот Митко Јанчев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер