Робертсон проговори за целосниот распад во Ливерпул-„Бев на неговата свадба, а една недела подоцна тој почина“
1Робертсон проговори за целосниот распад во Ливерпул-„Бев на неговата свадба, а една недела подоцна тој почина“
СветТрамп по трет пат го продолжи рокот за уништување на иранските електрани Американскиот претседател Доналд Трамп повторно го продолжи рокот за уништување на иранските електрани и инфраструктура.Трамп се огласи на својата страница на социјалните мрежи Truth Social, каде што ја остави следната порака: „На барање на иранската влада, ве молам сфатете го ова како знак дека го суспендирам периодот на уништување на електраните за 10 дена, до понеделник, 6 април 2026 година, во 20 часот по источно време“, рече шефот на Белата куќа, додавајќи: „Разговорите се во тек и, и покрај дезинформациите од лажните медиуми и другите, одат многу добро. Ви благодарам за вашето внимание на ова прашање!“. За потсетување, Трамп прво му даде на Иран рок од 48 часа да го деблокира Ормутскиот теснец или во спротивно ќе ги уништи електраните и инфраструктурата. Техеран одговори дека во тој случај ќе ги таргетира истите објекти и постројки за десалинизација на вода во земјите од регионот. Пред истиот рок, Трамп објави дека го продолжува рокот за 5 дена и ги суспендира нападите, најавувајќи дека преговара со Иран.Тагови: Доналд Трамп електрани Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизВидео-фото: Џеј Ло воодушеви во Милано, Ѓердан од 74 карати и фустан за кој зборува светотСветската музичка ѕвезда, Џенифер Лопез официјално пристигна во Милано и веднаш се фати за работа, создавајќи незаборавни моменти на Модната недела.Латино дивата Џенифер Лопез се појави во италијанската престолнина на модата за време на Модната недела во Милано и, со внимателно одбран елегантен, но и впечатлив стајлинг – луксузен црн балски фустан достоен за модерна принцеза – ги остави сите без здив. 57 годишната, Џеј-Ло беше фотографирана како шета низ Милано во впечатлива креација во целосно црна боја. Скулптуралниот фустан со потпис на „Долче и Габана“ се одликуваше со припиен корсет инспириран од долната облека, украсен со нежна тантела и романтично, длабоко деколте. Од половината, силуетата драматично се ширеше во раскошно здолниште со полна должина, прекриено со црни цветни апликации со тродимензионален ефект и блескави украси. Jennifer Lopez walks the Vogue World runway in Milan. https://t.co/D4tp2qXUKJ — The XO Show ™ (@latenightxoshow) September 23, 2026 Во еден момент, Џенифер Лаупер дури и заигра со еден маж од публиката и направи неколку вртења – погледнете како изгледаше тоа. @voguemagazine From the block to the Galleria runway. #Jlo just walked #VogueWorld: Milan in #DolceAndGabbana ♬ original sound - Vogue Тагови: Џенифер Лопез Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваАл Пачино повторно со поранешната партнерка 54 години помлада од него- Еве што ги спои повторноХоливудскиот великан, актерот Ал Пачино и неговата поранешна партнерка Нур Алфалах – која е 54 години помлада од него – повторно го привлекоа вниманието на јавноста со тоа што се појавија заедно во Лос Анџелес. Поранешните партнери се појавија заедно во Лос Анџелес, а фотографијата и описот што ги објави Нур ја открија причината за нивното повторно обединување. Холивудскиот великан, актерот Ал Пачино и неговата поранешна партнерка Нур Алфалах – која е 54 години помлада од него – повторно го привлекоа вниманието на јавноста со тоа што се појавија заедно во Лос Анџелес. Легендарниот 86-годишен актер и 32-годишната продуцентка присуствуваа на отворањето на Музејот на наративна уметност „Лукас“, а Нур сподели нивна заедничка фотографија на Инстаграм. Покрај фотографијата, таа остави краток, но впечатлив опис: – Мајката и таткото на Роман – напиша таа, додавајќи емотикон со црвено срце. Со ова таа покажа дека, без оглед на природата на нивната моментална врска, ги поврзува нивниот тригодишен син Роман, кој се роди во 2023 година. За таа пригода, и двајцата избраа црни комбинации, а нивната блискост повторно поттикна прашања за тоа каква е нивната врска денес. Нејзината сестра, Софија Алфалах, во коментарите напиша „Вечерно излегување за родителите“, со што дополнително ја истакна нивната заедничка улога како родители. Пачино и Нур претходно беа во романтична врска, но кога во интервју за списанието „Пипл“ (People) во 2024 година беше прашан дали е во врска, славниот актер одговори: „Не. Имам пријателски однос.“ Неговиот претставник тогаш исто така изјави дека Пачино и Алфалах останале добри пријатели и заеднички се грижат за својот син, Роман.Тагови: Ал Пачино Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалРобертсон проговори за целосниот распад во Ливерпул-„Бев на неговата свадба, а една недела подоцна тој почина“Дефанзивецот на англискиот премиерлигаш од Енфилд Роуд, Енди Робертсон јавно зборуваше за смртта на својот соиграч и пријател Диого Жота и за тоа колку тешко му било на целиот тим на Ливерпул.Диого Жота за жал почина минатата година на само 28-годишна возраст, во тешка сообраќајна несреќа заедно со својот брат Андре Силва. Тоа беше тежок удар за неговите најблиски, но и за сите во Ливерпул. Енди Робертсон беше еден од неговите најблиски пријатели во клубот и нему сè уште му е тешко да зборува за тоа. „Тешко е да се опише и да се зборува за она низ што сите поминавме. Беше ужасно. Ако зборуваме за новите засилувања... Новите играчи дојдоа во клуб чие срце беше скршено. Многу ми беше жал за нив. Дојдоа за големи пари – зборувам за фудбалот. Им требаа неколку месеци за да се прилагодат. Искрено, не ни беше грижа за фудбалот. Тоа беше вистината. Изгубивме еден од нашите најдобри пријатели од соблекувалната“, рече Робертсон, кој донекаде застана во одбрана на Флоријан Вирц, Александар Исак и скапите засилувања што пристигнаа во тоа време. Andy Robertson on how Diogo Jota’s passing affected the club: “I felt so bad for the new guys who signed for big money… they couldn’t settle in for months…because we didn’t care about football…we lost our edge as a team…” https://t.co/Q6nY7aPl2A — Watch LFC (@Watch_LFC) September 22, 2026 Тој призна дека најтешко му паднало тоа што претходно бил на свадбата на Жота – сите биле среќни и весели. А потоа... „Сите фудбалери го имаат тоа нешто, таа предност. А кога ќе го изгубите тоа, не можете да играте на највисоко ниво. Кога се навраќам на минатата сезона, гледам дека ја изгубивме решителноста. Се прашувавме: 'Која е поентата на сè? Погледнете го семејството и децата на Жота'. Бевме во жалост; тој за нас не беше само играч – беше навистина тешко. Само една недела претходно бев на неговата свадба – една од најтешките ситуации во мојот живот – а веќе следната недела го гледав неговото семејство скршено од болка.“Тагови: Ливерпул Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter