Трамп: Очекуваната посета на Гренланд не е провокација - Канал 5

Трамп: Очекуваната посета на Гренланд не е провокација

Претседателот на САД, Доналд Трамп синоќа соопшти дека очекуваната посета на американски претставници на Гренланд неделава, не е провокација.

Трамп: Очекуваната посета на Гренланд не е провокација

Трамп ја даде изјавата по тврдењата на гренландскиот премиер Муте Егеде дека тоа е „странско мешање“.

- Ова е пријателски гест, а не провокација. Има многу луѓе на Гренланд кои би сакале нешто да се случи за да бидат соодветно заштитени и згрижени. Тие доаѓаат кај нас, а не ние кај нив, рече Трамп, без да даде повеќе детали.

Уша Венс, сопруга на американскиот потпретседател Џеј Ди Венс, ќе ја предводи делегацијата во која ќе бидат и советникот за национална безбедност на Белата куќа Мајк Волц и секретарот за енергетика Крис Рајт, која ќе го посети Гренланд овој викенд.

Волц и Рајт планираат да го посетат вселенскиот центар Питуфик, американската воена база на Гренланд, а Белата куќа претходно најави дека во базата ќе добијат извештаи и брифинзи од припадниците на американската војска. Волц и Рајт потоа ќе и се придружат на Венс во посета на историски локалитети и сите ќе присуствуваат на трка со санки со кучиња.

Брајан Хјуз, портпарол на Советот за национална безбедност на Белата куќа, рече дека американската делегација „е уверена дека оваа посета дава можност да се изгради партнерство кое го почитува самоопределувањето на Гренланд и ја унапредува економската соработка“.

- Ова е посета организирана со желба да се запознае Гренланд, неговата култура, историја и народ. Ќе присуствуваме на трка со санки со кучиња што САД со гордост ја спонзорираат, рече Хјуз.

Американскиот претседател Доналд Трамп ја најави американската анексија на Гренланд како едно од главните прашања откако тој по вторпат ја презеде функцијата на 20 јануари.

Стратешката локација на Гренланд и богатите минерални ресурси би можеле да бидат од корист за САД, а оваа полунезависна данска територија се наоѓа на најкратката рута од Европа до Северна Америка, што е од клучно значење за американскиот систем за предупредување од можен напад со балистички ракети.

Средба на државниот секретар во МВР, Петрушевски со амбасадорката на Романија

 Државниот секретар во Министерството за внатрешни работи, Сашо Петрушевски денеска остварил средба со амбасадорката на Романија, Адела Моника Аксинте.

Средба на државниот секретар во МВР, Петрушевски со амбасадорката на Романија

На средбата, како што објави Петрушевски на неговиот фејсбук профил, изразиле заедничко задоволство од развојот на политичкиот дијалог и билатералните односи меѓу нашите две земји.

- Ја истакнавме одличната соработка меѓу Владите и министерствата за внатрешни работи и ја потврдивме подготвеноста за нејзино натамошно интензивирање и продлабочување. Упатив благодарност за досегашната силна поддршка и квалитетната соработка со Романија, која е на високо ниво, напиша државниот секретар во МВР.

Петрушевски на средбата потенцирал и колку е важна континуираната регионална соработка и брзата размена на информации, особено во борбата против организираниот криминал, илегалната миграција, криумчарењето мигранти и тероризмот.

Амбасадорката Аксинте ја потврдила поддршката на Романија за нашето членство во Европската Унија и изрази подготвеност за помош во конкретни области од заеднички интерес.

- Разговаравме и за нашето заедничко учество во меѓународни и регионални иницијативи, организирањето обуки во претстојниот период и можностите за понатамошен развој на билатералната соработка, објави на фејсбук државниот секретар во МВР, Сашо Петрушевски.

Артилериски проектил од Првата светска војна пронајден во струшкото село Калишта

Артилериски проектил од Првата светска војна бил пронајден во атарот на струшкото село Калишта, соопшти денеска СВР Охрид.

Артилериски проектил од Првата светска војна пронајден во струшкото село Калишта

Според информацијата, вчера во 11 часот и 20 минути во ОВР Струга било пријавено дека екипа на ЕВН Македонија, при изведување работи во атарот на струшкото село Калишта, пронашла стара граната.

- Од извршениот увид констатирано е дека се работи за артилериски проектил од Првата светска војна, калибар 105 милиметри и една чаура со каписла калибар 105 милиметри, стои во соопштението на СВР Охрид.

Пронајдените предмети безбедно биле подигнати од овластени претставници на Дирекцијата за заштита и спасување за натамошна постапка.

Потпишан меморандум за соработка меѓу АПРЗ и Комора на органски производители

Директорот на државната Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството (АПРЗ) Пеце Стојковски, потпиша Меморандум за соработка со претседателот на Комората на органски производители, Драги Цветковиќ.

Потпишан меморандум за соработка меѓу АПРЗ и Комора на органски производители

Со потпишувањето на документот се создаваат услови за поголема и динамична институционална соработка меѓу Агенцијата и Комората, изјави за МИA, директорот на АПРЗ, Стојковски.

-Меморандумот со Комората на органиски производители е со цел унапредување на органското земјоделство, поддршка на производителите и заедничко делување во креирање на регулативата. Веруваме дека со вакви партнерства повеќе и подобро се придонесува за поодржливо земјоделство, истакна Стојковски.

Од Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството потсетуваат дека до 9 мај отворен e повикот за сите млади лица што се заинтересирани за започнување со земјоделска дејност дека Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој овозможува неповратен грант од 600.000 денари за млади земјоделци на возраст од 18 до 40 години.

-Поддршката е наменета за млади кои за првпат започнуваат со земјоделска активност, млади кои преземаат постоечко или воспоставуваат ново земјоделско стопанство, и се запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во последните 18 месеци. Предност имаат жени млади земјоделки, членови на задруги, млади со завршено земјоделско ветеринарно образование и баратели со инвестиции во механизација, опрема за преработка и сточарско производство, потврди директорот на АПРЗ, Стојковски.

притисни ентер