Трамп објави трговски договор меѓу САД и Пакистан - Канал 5

Трамп објави трговски договор меѓу САД и Пакистан

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа објави дека неговата администрација постигнала договор со Пакистан според кој Вашингтон ќе соработува со Исламабад за развој на огромните нафтени резерви на оваа јужноазиска земја.

Трамп објави трговски договор меѓу САД и Пакистан

-Тукушто потпишавме договор со Пакистан според кој Пакистан и САД ќе соработуваат за развој на огромните нафтени резерви на земјата, напиша Трамп на социјалните медиуми.

„Моментално сме во процес на избор на нафтена компанија што ќе го води ова партнерство“, додаде тој.

Минатата недела, пакистанскиот министер за надворешни работи Ишак Дар изјави дека САД и Пакистан се „многу блиску“ до трговски договор што би можел да се склучи во рок од неколку дена по средбата со државниот секретар Марко Рубио во петокот.

Под водство на Трамп, Вашингтон се обидува повторно да преговара за трговските договори со многу земји за кои тој се закани со царини за она што тој го нарекува нефер трговски практики. Некои економисти ги оспоруваат тврдењата на Трамп.

Американскиот Стејт департмент и Министерството за надворешни работи на Пакистан во одделни изјави по средбата на Рубио со Дар минатата недела изјавија дека двајцата високи дипломати ја нагласиле важноста од проширување на трговијата меѓу двете земји, како и врските во критичните сектори за минерали и рударство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ристовски од Сплит: Спортот мора да биде право и можност за секое дете

Министерот за спорт, Борко Ристовски, присуствуваше на завршниот дел од меѓународното финале на Плазма Спортските игри за млади, што се одржа во Сплит, Хрватска.

Ристовски од Сплит: Спортот мора да биде право и можност за секое дете

Во своето обраќање, Ристовски ги поздрави учесниците и организаторите на најголемата спортско-аматерска манифестација за деца и млади во Европа. Игрите годинава ја одбележуваат својата јубилејна 30. сезона, во која, со заложба и поддршка поддршка од Министерството за спорт и од Владата, за прв пат се приклучи и Македонија.

-Горд сум што од оваа година и Македонија е дел од големото семејство на „Плазма Спортските игри за млади“. Уште повеќе сум горд на нашите млади спортисти кои на своето прво меѓународно финале покажаа талент, спортски дух и желба за натпреварување. Медалите се важни и им честитам за секој постигнат успех. Но, вистинската вредност на овие Игри е многу поголема од резултатот. Тие им овозможуваат на децата да спортуваат, да се дружат и преку играта и натпреварувањето да учат што значат тимски дух, толеранција, почит и фер-плеј. Верувам во идејата што ја носат овие Игри - спортот не смее да биде привилегија, туку право и можност за секое дете! Спортот треба да започне со игра, да продолжи со натпревар и секогаш да завршува со почит и фер-плеј – порача министерот Борко Ристовски.

Македонија за првпат оваа година е дел од Плазма Спортските игри за млади, заедно со Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија и Словенија. На првото меѓународно финале, младите македонски спортисти освоија седум медали – три сребрени и четири бронзени.

Првиот медал за Македонија во Сплит го освои Наум Насковски од Куманово, со освоено трето место во трката на 60 метри, додека екипата на „Ролинг“ од Струмица го освои третото место во баскет 3х3. Во шах, сребрени медали освоија Илијана Велева од Свети Николе и Давид Атанасовски од скопската општина Гази Баба.

Успешен настап македонските претставници имаа и во пинг-понг. Јован Пармачки од Берово освои сребро, додека бронзени медали освоија Мартин Ристевски од Прилеп и Бојана Јовевска од Пехчево. Томи Јакимовски, пак, доби признание за фер-плеј на тенискиот турнир.

На меѓународната завршница во Сплит учествуваат 1.224 учесници од шест земји. Новитет е учеството на 204 деца од Украина, а поддршка на големиот спортски настан со своето присуство даде и прославениот боксер Олександр Усик, заедно со бројни познати спортски имиња и легенди од фудбалот, кошарката, тенисот, ракометот и другите спортови.

Плазма Спортските игри за млади и во својата 30. сезона ја потврдија својата основна мисија – бесплатен спорт за секое дете и создавање можности најмладите преку спортот да развиваат здрави животни навики и да ги усвојуваат вистинските вредности: тимски дух, толеранција, фер-плеј и инклузија

Во изминатите три децении, на Игрите учествувале повеќе од 3.869.000 деца и млади.

Со учеството во Плазма Спортските игри за млади, Македонија отвора уште една можност за најмладите да бидат дел од големо меѓународно спортско семејство, да се натпреваруваат, да стекнуваат нови пријателства и преку спортот да ги градат вредностите што остануваат многу подолго од секој освоен медал.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Аларм на британските метеоролози: Доаѓа најсилниот Ел Нињо во историјата

Британската метеоролошка служба предупреди дека Ел Нињо, кој моментално се развива во Тихиот океан, би можел да стане најсилниот во модерната историја.

Аларм на британските метеоролози: Доаѓа најсилниот Ел Нињо во историјата

Тоа е моќен природен климатски феномен кој ги зголемува глобалните температури и може да го зголеми ризикот од екстремни временски услови, пишува Би-Би-Си.

Поради дополнителното влијание на климатските промени предизвикани од човекот, метеоролошката служба вели дека е „многу веројатно“ дека следната ќе стане најтоплата година досега.

Ел Нињо е природен временски феномен што се појавува на секои две до седум години кога пасатните ветрови ослабнуваат, со што се овозможува продор на топла вода кон источниот дел на Пацификот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

УХМР: Утре многу високи температури – над 40 степени целзиусови

Топлотниот бран не попушта. 

УХМР: Утре многу високи температури – над 40 степени целзиусови

Високите температури продолжуваат и утре и ќе надминат 40 степени целзиусови, најавуваат од УХМР. Минимлано заладување е можно дури од понеделник.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер