Со „Скопска иницијатива“ и платформата „Твоја држава, твоја шанса“ СДСМ отвора ново поглавје за иднината на Македонија
2Со „Скопска иницијатива“ и платформата „Твоја држава, твоја шанса“ СДСМ отвора ново поглавје за иднината на Македонија
3Косово избори: Самоопределување на Курти 43%, Српска листа води во сите општини со српско мнозинство
СветТрамп ненадејно ги откажа нападите врз Иран, што ги најави за утреАмериканскиот претседател Доналд Трамп одеднаш ги откажа нападите врз Иран што беа планирани за утре. Во објава на неговата мрежа Truth Social, Трамп ги откри причините за овој неочекуван потег: „Емирот на Катар, Тамим бин Хамад Ал Тани, престолонаследникот на Саудиска Арабија, Мохамед бин Салман Ал Сауд и претседателот на Обединетите Арапски Емирати, Мохамед бин Зајед Ал Нахјан, ме замолија да го одложам нашиот планиран воен напад врз Исламската Република Иран, кој беше закажан за утре, со оглед на тоа што сега се во тек сериозни преговори и дека, според нивно мислење, како големи лидери и сојузници, ќе се постигне договор што ќе биде многу прифатлив за Соединетите Американски Држави, како и за сите земји на Блискиот Исток и пошироко“, изјави Трамп и додаде: „Овој договор ќе вклучува, што е важно, БЕЗ НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ ЗА ИРАН! Врз основа на моето почитување кон горенаведените лидери, им наложив на секретарот за војна Пит Хегсет, началникот на Здружениот штаб на вооружените сили, генерал Даниел Кејн, и на војската на Соединетите Американски Држави дека НЕМА да го спроведеме нашиот планиран напад врз Иран утре, но „понатаму им наложив да бидат подготвени да продолжат со целосен, голем напад врз Иран, без оглед на времето, во во случај да не се постигне прифатлив договор.“ За потсетување, претходно денес „Њујорк тајмс“ објави дека Трамп, во договор со Израел, веќе подготвил дополнителен удар врз Иран, кој требаше да се изврши оваа недела.Тагови: Доналд Трамп Иран Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“09:00Филипче: Социјалдемократија не ја мери државата по висината на говорницата, туку по квалитетот на живот18:16СДСМ го одржува 32. конгрес - на дневен ред новата идеолошка платформа и програмската рамка15:48Филипче: Европа значи подобар живот за граѓаните и владеење на правото13:49Сончево со температури до 34 степени 08:59
Филипче: Социјалдемократија не ја мери државата по висината на говорницата, туку по квалитетот на живот18:16
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Богоев наместил тендер во Царина и зел мито, кое требало да стигне до 10% од вредностаБогоев наместил тендер во Царина и зел мито, кое требало да стигне до 10% од вредноста, за Филипче да го смета за криминал колку пари треба Богац да украде?Криминалната и корупциска матрица е главната идеологија на СДС. За нив е прифатлива корупцијата и во тоа не гледа криминал претседателот на партијата, Венко Филипче. Поранешниот директор на Царинска управа од редовите на СДС, Стефан Богоев – Богац наместил тендер за одржување на хигиена на граничните премини и терминали во вредност од 18 милиони денари. Богоев тендерот за чистење го наместил со сопартиецот, сива еминенција од огранокот на СДС во Прилеп, Александар Спирковски – Џемо, а за ова Богац зел мито од две илјади евра. Аферата со Богац, детето на Зоран Заев и негов несуден наследник не е обична, туку трага која не води до многу поголем криминал. Преку медиумите, македонската јавност дозна дека Богац бил подмитен со 2.000 евра од Џемо, а ние од наши извори дознаваме дека тоа биле првите од илјадниците што требал да ги инкасира пуленот на СДС. Но, во оваа корупциска афера на некогашниот претставник на младите во СДС, Богоев, само Венко Филипче не гледа криминал. Па го прашуваме, колку државни пари требал да украде Богац, за Венко Филипче тоа да го смета за криминал? Можеби требал сам да ја подготви тендерската спецификација, како Филипче за модуларните, па после тоа да потпише и анекс со кој цената би се зголемила за 20%, а парите да завршат во негов џеб. Од друга страна, го повикуваме ЈО да истражи дали е точна информацијата дека Богац требал да добие 10% од наместениот тендер вреден 18 милиони денари, што изнесува 1,8 милиони денари? Ова не е изолиран случај и личен инцидент на еден поединец. Не треба да заборавиме дека Богоев, на позицијата директор на Царина бил поставен од СДС, и Џемо негов соработник со кој го наместиле тендерот и го договарале митото и разни награди, е исто така човек од СДС. Двајцата партиски, како што се нарекуваат, другари ги искористиле своите влијанија и раководни позиции и во државната институција си наместиле милионски тендер. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСо „Скопска иницијатива“ и платформата „Твоја држава, твоја шанса“ СДСМ отвора ново поглавје за иднината на МакедонијаСДСМ започнува нова етапа на политичко дејствување, заснована на вредностите на социјалдемократијата, борбата за подобар животен стадард, борба против корупцијата и за европската иднина.Со усвојувањето на програмската платформа „Твоја држава, твоја шанса“, СДСМ ја претстави својата визија за модерна, напредна, праведна и европска Македонија – држава во која трудот се вреднува, институциите работат за граѓаните, а младите ја гледаат својата иднина дома. СДСМ е на страната на младите, на работниците, пензионерите, земјоделците и сите граѓани кои чесно живеат од својот труд. Во оваа насока „Твоја држава, твоја шанса“ нуди конкретен одговор на најголемите предизвици со кои денес се соочуваат граѓаните: високите цени, ниските плати, иселувањето на младите, корупцијата и слабите институции. СДСМ се обврзува на политики што ќе обезбедат раст на платите, заштита на работничките права, правично оданочување, силна борба против корупцијата, независно судство, достапно здравство и квалитетно образование. Преку „Скопската иницијатива“, СДСМ ја потврди својата улога како обединувачки фактор на поширокото прогресивно движење во регионот и Европа, кое се спротивставува на корупцијата, авторитарноста и антиевропските политики. Европа не е апстрактна политичка цел, туку подобар живот дома, повисоки плати, владеење на правото и повеќе шанси за секој човек. Македонија не смее да остане заглавена во национализам, популизам и политички манипулации кои ја оддалечуваат од европската иднина. Наместо поделби, СДСМ нуди визија за обединување околу државните интереси, економски развој и европски вредности преку поширок Фронт за вистина и правда. Скопје, 08.06.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканКосово избори: Самоопределување на Курти 43%, Српска листа води во сите општини со српско мнозинствоСпоред првичните резултати на вчерашните вонредни парламентарни изборите во Косово, Самоопределување освои 43,03% од гласовите, додека Српска листа има 5,89% и води во сите општини со српско мнозинство.Движењето Самоопределување на Албин Курти е во водство на вонредните парламентарни избори во Косово, покажуваат прелиминарните резултати на Централната изборна комисија (ЦИК) врз основа на обработени 97,76 проценти од гласачките места. Самоопределување освои 43,03 проценти од гласовите, односно 294.251 глас, што е помалку во споредба со изборите од декември 2025 година кога партијата доби 49,34 проценти од поддршката. На второто место е Демократската партија на Косово (ДПК) со 21,15 проценти или 144.618 гласови, додека трета е Демократската лига на Косово (ЛДК) со 17,68 проценти или 120.870 гласови. Најсилната српска политичка партија во Косово, Српска листа, освои 5,89 проценти или 40.291 глас и, според податоците на ЦИК, забележа убедлива победа во сите општини со српско мнозинство. Другата српска партија која учествуваше на изборите, „За слобода, правда и опстанок“, освои 0,73 проценти или 4.962 гласа. Тагови: Косово Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“09:00Филипче: Социјалдемократија не ја мери државата по висината на говорницата, туку по квалитетот на живот18:16СДСМ го одржува 32. конгрес - на дневен ред новата идеолошка платформа и програмската рамка15:48Филипче: Европа значи подобар живот за граѓаните и владеење на правото13:49Сончево со температури до 34 степени 08:59
Филипче: Социјалдемократија не ја мери државата по висината на говорницата, туку по квалитетот на живот18:16