Трамп го предупреди Иран дека му истекува времето, Израел разговара со САД за можно продолжување на нападите - Канал 5

Трамп го предупреди Иран дека му истекува времето, Израел разговара со САД за можно продолжување на нападите

„Часовникот за Иран отчукува и тие би требало што побрзо да се придвижат или од нив нема да остане ништо“ – напиша американскиот претседател Трамп во најновата драматична порака на неговата социјална мрежа Truth Social.

Трамп го предупреди Иран дека му истекува времето, Израел разговара со САД за можно продолжување на нападите

Објавата доаѓа во услови на подолг застој во дипломатските напори за изнаоѓање на некакво решение со Иран.

Неговото предупредување, и натаму не ги колеба властите во Техеран, според кои досегашните методи на САД, не вродиле со плод против нив. Иран соопшти дека нивните забелешки на американскиот мировен предлог ги доставиле до Вашингтон.

-Методите кои Америка ги користеше беше преку економски закани и притисок, но видовте дека во поглед на Исламската република Иран тие немаа никаков ефект. Тие (САД) не можат да не предомислат и да не обесхрабрат да се бориме за интересите на Иран. Ние ги следиме нивните движења и сме подготвени за секој потег и секое сценарио,- - Есмаил Багеи – Портпарол на иранското МНР.

Координација за евентуално продолжување на нападите најави и Израел. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху откри дека телефонски ќе разговара со Трамп, и додаде дека тие се подготвени за секое сценарио.

-Со внимание ја следиме ситуацијата со Иран. Ќе разговарам со нашиот пријател претседателот Трамп за впечатоците од неговото патување во Кина, но и за останатите работи. Има многу сценарија и ние сме подготвени за секое од нив,- - Бенјамин Нетанјаху – Премиер на Израел.

американскиот претседател и неодамна му се закани на Иран со порака дека цела една цивилизација ќе умре, по што следуваше кревко примирје кое се уште е на сила. Дел од високите партиски функционери од партијата на Трамп пак, повикуваат на удари врз иранската енергетска инфраструктура, бидејќи како што велат, статус-кво ситуацијата е неодржливо.

-Мислам дека статус – кво ситуацијата не повредува сите. Колку подолго теснецот е затворен, толку повеќе се обидуваме да постигнеме договор кој никогаш нема да се постигне, толку посилен Иран ќе биде. / Се уште има многу мети кои треба да бидат погодени и има работи со кои моежеме да ги повредиме, енергетската инфраструктура им е слабата точка-- Линдзи Греам – Сенатор од Џорџија.

Последниот развој на ситуацијата повторно ја крена цената на нафтата Брент и сега изнесува 110 долари за барел. Според некои проценки, светските компаниите до сега имаат претрпено загуби од најмалку 25 милијарди долари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: По навредите на Мицкоски и неговиот „талог“, навредите од ВМРО, сега навреди и од Стоилковиќ

Народот го гледа вистинското лице на криминалната власт на Мицкоски.

СДСМ: По навредите на Мицкоски и неговиот „талог“, навредите од ВМРО, сега навреди и од Стоилковиќ

Навреди, сеење омраза и поделби меѓу граѓаните и меѓу македонскиот народ.

Мицкоски дури и на Илинден, наместо национално обединување, го отвори говорот со зборот „талог“.

Подолго време тече оркестрирана кампања на омраза и навреди по директива на началникот на Мицкоски - Драган Павловиќ Латас.

Навредите на Мицкоски: талог на општеството, мочуриште, медиокритети, мекотели, глодари… и сѐ друго што го говори за македонскиот народ - сега оди во уште полоша форма.

Ниво на сеење омраза и бес.

Криминалната организација ВМРО и екипата на Вучиќ, откако им го откривме планот со медиумите и Стоилковиќ, удрија со нејнечист речник.

Зборовите што ги користат не можеме сите да ги изговориме поради нашата култура.

Само неколку ќе споменам:

• кловновска дружина

• комуњарско коњиште

• духовен изрод

• евтин хохштаплер

• смешен кловн со две леви нозе

Ова е дел од јазикот што го користат иако има многу пониски зборови, полни со најпримитивни навреди и омраза.

И вакви текстови Иван Стоилковиќ го промовира на својот Фејсбук-профил.

Тој е министер во Владата на Христијан Мицкоски!

Ваквите зборови доведоа до напад на деца во Ново Село - само затоа што носеа транспарент на вистината, а тоа е дека водата е загадена во Гостивар.

Сите овие методи се видени во Германија во триесеттите години од минатиот век.

Фашистички методи во 21 век во Македонија.

Српскиот свет на Вучиќ влегува на мала и на голема врата.

Ова е лицето на криминалната власт која ја држи земјата во изолација. Која нема резултати и повеќе нејзините лаги не поминуваат. Прочитани се!

Македонија нема ова да го дозволи.

Наскоро доаѓа времето на вистината и правдата!

Македонија ќе победи!

Прес конференција на СДСМ, Наташа Поповиќ, членка на Извршниот одбор

YouTube video

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Момче од Македонија тешко повредено по пад од тобоган во Турција, ќе биде донесено со владиниот авион

Момче од Македонија паднало од тобоган на летување во Бодрум и се здобило со скршеница на вратен пршлен. 

Момче од Македонија тешко повредено по пад од тобоган во Турција, ќе биде донесено со владиниот авион

Утре ќе биде транспортирано од Турција во Македонија со владиниот авион, потврдија од Службата за општи и заеднички работи.

Лицето било хоспитализирано во Турција, а поради сериозноста на повредата не може да биде транспортирано со редовен комерцијален лет ниту со возило.

Денеска се вршат последните подготовки за летот, откако родителите на момчето побарале помош од македонските институции за негово безбедно враќање во земјава. Во владиниот авион ќе има и медицински тим кој ќе ја следи состојбата на повредениот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Попов: Покрај јавниот, намален и државниот долг за над 40 милиони евра кој сега е 51,7% од БДП

Од економски пустош, осиромашени граѓани, опљачкани и уништени институции, со посветена работа, чесна намера и домаќинско работење, состојбите во државата почнуваат да се средуваат.

Попов: Покрај јавниот, намален и државниот долг за над 40 милиони евра кој сега е 51,7% од БДП

Интензивната работа и економските владини политики, проектирани и имплементирани изминатите две години, ги даваат своите резултати, економијата се стабилизираше и веќе почна да се развива, долговите да се намалуваат.

Покрај јавниот долг, кој во вториот, споредено со првиот квартал од годинава се намали на 58,8% од БДП, намалување има и кај државниот долг.

На месечно ниво имаме намалување и на државниот долг од 0,2% од БДП. Заклучно со 30.06.2026 година државниот долг изнесува 9 милијарди и 432 милиони евра или 51,7% од БДП, што е намалување од 41 милион евра во споредба со претходниот месец.

Ова ниво на државен долг, е еден од најниските до сега во подолг временски период и покажува дека во државата има власт која не ги трупа обврските, туку редовно и навремени ги сервисира.

Ваквите економски параметри не се случајни, тие се резултат на економската раздвиженост во државата, домаќинско работење и политики насочени кон подобар живот на граѓаните.

Од преземањето на одговорноста ВМРО-ДПМНЕ да ја предводи македонската Влада, се санираше економскиот пустош, со вложување, инвестирање и реализација на капитални проекти.

Како резултат на добро планираните мерки и активноси, веќе 7 квартали по ред БДП бележи позитивен раст од 3 или над 3%, а од друга страна, во време на светски ценовни шокови на енергенсите, инфлацијата се држи под контрола и е меѓу најниските од земјите во регионот со 3,4%.

Во насока на дополнително стабилизирање на јавните финансии и развој на економијата, со крајна цел подобар животен стандард за македонските граѓани, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и понатаму ќе продолжи со интензивна работа и одговорни политики.

Сергеј Попов, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер