3Кумановецот со шизофренија заминува на неколку месечно лекување во Психијатриската болница во Скопје
СветТрамп не се откажува од Гренланд, додека жителите протестираат пред американскиот конзулатАмериканскиот претседател Доналд Трамп објави фотографија на својот профил на социјалните мрежи Truth Social на која го поздравува Гренланд, потпрен на планините на земјата.Дигитално обработената слика го прикажува лицето на Трамп, зголемено над гренландски град, додека ја потпира раката на планински венец, придружено со зборовите „Здраво, Гренланд“. Објавата на американскиот претседател дојде само еден ден откако неколку стотици жители на Гренланд се собраа пред новиот американски конзулат во главниот град Нук, за да протестираат против желбата на американскиот претседател САД да ја преземат контролата врз островот од причини поврзани со националната безбедност. Демонстрантите маршираа низ центарот на градот скандирајќи „Гренланд за жителите на Гренланд“, пред да застанат во тишина со грб свртени кон конзулатот. Новиот конзулат, наречен „Трамп кула“ од локалното население, беше отворен во центарот на Нук, а американскиот амбасадор во Данска, Кенет Хауер, го означи отворањето на дипломатската мисија. Премиерот на Гренланд, Јенс Фредерик Нилсен, одби да присуствува, како и министрите од владата на Гренланд. Трамп постојано ја наведува стратешката важност на Гренланд за националната безбедност на САД во своите повици тој да стане автономна данска територија. Работната група за Гренланд се обидува да го реши спорот, а Вашингтон бара поголемо воено присуство, но сè уште не е постигнат договор.Тагови: Гренланд Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСтартува задолжителната обука за управување со мотоцикл до 125 кубици.Од денеска стартуваат задолжителните обуки за граѓаните кои сакаат да управуваат со мотоцикл до 125 кубици. МВР ги појасни условите откако во јавноста особено кај младата популација се создаде впечаток дека лесно ќе може да се вози мотоцикл. Оваа обука е задолжителна и се однесува за лица кои имаат минимум 23 години возраст и поседуваат минимум пет години важечка возачка дозвола од категорија „Б“, но не и помлади. Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека во врска со задолжителната обука за управување на мотоцикл до 125cm³ (категорија „А1“ со автоматски менувач, до 11 kW), обука и потврди можат да спроведуваат и издаваат автошколи кои имаат лиценци за „А1“ категорија. Обуката трае четири часа и опфаќа клучни теми за безбедноста: заштитна опрема, контрола и стабилност на мотоциклот, превоз на сопатник и справување со ризици на патот. Воедно, ги информираме граѓаните дека потребно е кандидатот да достави лекарско уверение, како и потврда дека нема забрана за управување од „Б“ категорија. Од МВР додаваат и дека доколку лицето кое се стекнало со потврда добие забрана за „Б“ категорија автоматски повлекува и забрана за управување со потврдата. Инаку правилникот е дел имплеметацијата на законските измени на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата кои Собранието ги усвои во април. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ТехнологијаПроблеми со Фејсбук и ИнстаграмКорисниците ширум светот се жалат на падот на социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм.Проблемите се различни, од тоа што луѓето не можат да се најават на своите сметки, не можат да испраќаат пораки, до тоа што не можат да го освежат својот фид. Се чини дека проблемот трае веќе некое време, во зависност од територијата каде што се наоѓаат корисниците. Исто така, се чини дека проблемите не се ограничени само на десктоп или апликации, туку се појавуваат без никакви посебни правила на обете. Мета сè уште не објавила, па се претпоставува дека проблемот наскоро ќе биде решен.Тагови: Инстаграм Фејсбук Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПет лица лишени од слобода од вкупно шест пријави за семејно насилство во последното деноноќиеНоќеска (12.06.2026) во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица лишија од слобода 59-годишна жителка на струмичко село. Според пријавеното, таа на 11.06.2026 околу 22:30 часот во семејниот дом физички ги нападнала нејзината снаа и малолетниот внук. Таа е задржана во Полициската станица Струмица, а за случајот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. На 11.06.2026 во 23:30 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода Ќ.И.(53) од Гостивар, постапувајќи по претходна пријава дека околу 20:25 часот во семејниот дом физички го нападнал неговиот 30-годишен син, а потоа со остар предмет упатувал закани на синот и неговата мајка. На 11.06.2026, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода И.П.(35) од Битола, постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата 34 -годишна сопруга, при што ѝ нанел повреди. На 11.06.2026 во 15:00 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода Б.С.(28) од Велес. Според пријавеното од неговата 48-годишна мајка, тој дошол во домот, се заканувал, оштетил дел од инвентарот и предизвикал страв и кај другите членови од фамилијата и на тој начин дека не го почитувал решението од Основен суд Велес за забрана да се заканува дека ќе стори семејно насилство, забрана да малтретира, вознемирува, телефонира, контактира или на друг начин директно или индиректно комуницира со неговите родители, забрана да се приближува на растојание помало од 100 метри до живеалиштето. За настанот е известен јавен обвинител. На 11.06.2026 во 21:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Д.Н.(39) од Куманово затоа што околу 17:00 во семејниот дом физички ја нападнал неговата 62-годишна мајка. Според пријавеното, таа подолг временски период била психички и физички малтретирана од нејзиниот син. На 11.06.2026 околу 23:40 часот во СВР Скопје 41-годишна жена пријави дека во скопско била физички нападната од нејзиниот сопруг А.А.. Се преземаат мерки за расчистување на случаите и по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.Тагови: семејно насилство Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook