3ВМРО-ДПМНЕ: На СДС и Филипче им смета независноста и сега е против македонското знаме кое два пати го менуваше
СветТрамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долариБританскиот јавен сервис призна дека монтажата на говорот на Трамп било „погрешна процена“ и пред два дена испрати лично извинување до американскиот претседател.Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека следната недела во САД најверојатно ќе поднесе тужба против Би-би-си и ќе бара отштета од една до пет милијарди долари поради монтажа на неговиот говор од 6 јануари 2021 година, денот кога неговите поддржувачи го упаднаа во Капитол. - Ќе ги тужиме најверојатно следната недела за отштета од една до пет милијарди долари. Мислам дека треба, во смисла дека дури и признаа дека тоа е измама. Ги извртеа моите зборови, посочи синоќа Трамп. Трамп наведе и дека за време на викендот планира да разговара со британскиот премиер Кир Стармер. Според американскиот претседател Стармер се обидел да го контактира и оти е „многу засрамен“ од инцидентот. Адвокатите на Трамп првично ѝ дадоа на Би-би-си рок до вчера да го повлече својот документарец или да се соочи со тужба од „не помалку од“ една милијарда долари. Тие исто така побараа Би-би-си да се извини и да му надоместат на Трамп за „значително нарушување на репутацијата и претрпената финансиска штета“. Британскиот јавен сервис призна дека монтажата на говорот на Трамп било „погрешна процена“ и пред два дена испрати лично извинување до американскиот претседател. Но, Би-би-си тврди дека Трамп нема основа за тужба. Документарецот на Би-би-си вклучува три извадоци од говорот на Трамп, изменети за да изгледа дека тој го поттикнал нападот врз Капитол. Неговите адвокати наведоа дека документарниот филм е „манипулативен и клеветнички“.Тагови: Би-Би-Си Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаПутин рече „не“ Кремљ останува посветен на своите воени цели, додека Киев ги смета условите за неприфатливи, пренесува „Киев пост“. Русија ја отфрли секоја можност за замрзнување на војната против Украина доколку не се исполнат барањата на Москва, изјави висок руски дипломат. Кремљ останува посветен на своите воени цели, додека Киев ги смета условите за неприфатливи, пренесува „Киев пост“. Рускиот заменик-министер за надворешни работи, Михаил Галузин, изјави дека Русија нема да се согласи на замрзнување на војната доколку не се решат оние што тој ги нарече „основни причини“ за конфликтот. „Како што постојано изјавуваше рускиот претседател Владимир Путин, никакво замрзнување не е можно без отстранување на основните причини за оваа криза“, изјави Галузин за државната новинска агенција ТАСС. Неговите коментари укажуваат на тоа дека Москва и понатаму не е подготвена да поддржи обичен прекин на непријателствата без да ги обезбеди своите пошироки политички и територијални барања. Галузин понатаму го обвини украинскиот претседател Володимир Зеленски дека „целосно ја изгубил врската со реалноста“ и дека се обидува да го ескалира конфликтот. Неговите коментари доаѓаат во момент кога Москва упатува критики поради украинските напади врз цели во внатрешноста на Русија, вклучително и врз енергетската инфраструктура и објектите поврзани со Конзорциумот на каспискиот нафтовод (CPC). И покрај тоа што одбива да го замрзне конфликтот, Москва сепак тврди дека е отворена за дипломатија. Галузин изјави дека Русија е подготвена да ги постигне своите цели земајќи ги предвид договорите од Анкориџ и дека дипломатското решение е можно доколку постои доволно политичка волја.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Гостивар отруен од вода, 4.700 граѓани во болница а нула одговорни од властаЦел град Гостивар беше отруен со загадена вода, над 4.700 граѓани завршија во болница.А бројот на одговорни до власта – нула. Ова е билансот на здравствената катастрофа во Гостивар под власта на Мицкоски. Мицкоски лично ги убедуваше граѓаните дека водата е „технички исправна“ и дека може да се користи. Сега Клековски признава дека во водата имало „многу различни бактерии и вируси“. Ако во водата имало многу различни бактерии и вируси, врз основа на која анализа Мицкоски тврдеше дека е технички исправна? Кој дозволил граѓаните да ја користат? Кој ставил потпис дека е безбедна? Каде е официјалниот извештај? Ниту една анализа со која би се потврдиле тврдењата на Мицкоски не беше објавена пред јавноста. Очигледно, за оваа власт не бил потребен документ, анализа или потпис. Доволно било „експертот“ Мицкоски да каже дека водата е исправна. Со здравјето на луѓето не смее да се игра. Не може 4.700 луѓе да завршат во болница, цел град да биде изложен на ризик, институциите да потфрлат, а никој да не одговара. Ова е здравствена катастрофа и целосен распад на институциите. Доста молчи Јавното обвинителство. Савески, наместо на екскурзија, веднаш да отвори постапка и да утврди кој во власта ќе одговара. За труењето на граѓаните мора да има одговорност. Скопје, 10.08.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотЕден од најбараните луѓе во светот е екстрадиран во ИрскаДаниел Кинахан, осомничен дека раководи со криминална организација и еден од најбараните луѓе во светот, се појави пред суд во Даблин откако беше екстрадиран од Дубаи. Тој е обвинет за раководење со криминална организација во периодот од 18 октомври 2015 година до 6 април 2017 година, пренесува Би-би-си. Авион на ирската влада со 49-годишниот Кинахан слета во Даблин нешто по 18 часот по локално време, а тој беше уапсен и обвинет веднаш по пристигнувањето. По 13-минутно рочиште пред Специјалниот кривичен суд – кој заседава без порота – му беше одреден притвор до 5 октомври. Кинахан е уапсен во Обединетите Арапски Емирати уште во април и во изминатите месеци неуспешно ја оспоруваше одлуката за екстрадиција. Националната агенција за криминал на Обединетото Кралство (NCA) претходно соопшти дека кланот Кинахан е одговорен за меѓународен шверц на тони дрога и огнено оружје, а групата се поврзува и со повеќе од десет убиства. Покрај ирските власти, за Кинахан се заинтересирани и Соединетите Држави; Министерството за финансии на САД го опиша картелот „Кинахан“ како еден од најопасните во светот. Владата на САД воведе санкции против Кинахан во април 2022 година, означувајќи го него и членовите на неговото семејство како водачи на група за организиран криминал. Кинахан се спротивставуваше на екстрадицијата во својата матична земја, каде што неговиот клан беше вклучен во долготраен судир што однесе 18 животи. Пред рочиштето во неделата беа воведени засилени безбедносни мерки, а Ирската затворска служба набави оклопно возило отпорно на куршуми и експлозии за транспорт на високоризични затвореници. Комесарот на ирската полиција („Гарда“), Џастин Кели, изјави дека ова апсење ја покажува решеноста на полицијата да се бори против транснационалниот организиран криминал. Тој ја истакна соработката со меѓународните партнери, вклучително и со полицијата во Дубаи. Додаде дека ова ја потврдува важноста на соработката со властите на Обединетите Арапски Емирати, правната соработка со ирското Министерство за правда, како и директната соработка меѓу полициските служби.Тагови: Ирска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook