Трамп најави ставање крај на блокадата на Владата

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека ќе има договор со кој ќе заврши најдолгата блокада на Владата во историјата на САД.

Извори од Конгресот , на кои се повикуваат американските медиуми наведуваат дека во договорот не станува збор за парите што Трамп ги бара за изградба на ѕидот кон Мексико. Претходните 35 дена Владата делумно работеше , токму поради барањето на Трамп во буџетот за 2019 да се планираат 5,7 милиони долари за изградба на ѕидот.

Но , Демократите кои имаат контрола над Претставничкито дом , го одбија барањето на Трамп.

Во обраќањето пред Белата куќа , денеска Трамп најави дека до 15 февруари ќе биде финансирана владата.

Тој изјави дека јавните службеници , кои не земаа плата од декември поради делумната блокада на Владата, се ,,неверојатни херои” и дека ќе им бидат исплатени целосните плати.

Истрели во близина на Амбасадата на Израел во Стокхолм

Шведската полиција приведе неколку лица и блокира голема област во Стокхолм откако патролата слушнала сомнителни истрели.

Полицијата ја блокира областа помеѓу мостот Диргарден во главниот град, Нобеловиот парк и црквата Оскар. Во оваа област е лоцирана Амбасадата на Израел.

Започната е истрага под сомнение за сериозни прекршоци со оружје.

Без струја дел од скопските општини Илинден и Кисела Вод

 Поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од скопските општини Илинден и Кисела Вода, соопшти РЦУК - Скопје.

Во периодот од 08:30 до 09:30 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од улицата „34“ во населбата Илинден, а од 09:00 до 13:00 часот корисниците од улицата „Востаничка“ во општина Кисела Вода.

Во Скопје санкционирани 108 возачи

На територија на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се 108 мерки за прекршоци во областа на сообраќајот, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи. 

Од нив, девет мерки се за возење без возачка дозвола, четири санкции за минување на црвено светло, седум мерки за користење на мобилен телефон при возење, осум санкции за некористење на сигурносен појас...

притисни ентер