Трамп може да ја преиспита одлуката за нападите со ATACMS на руска територија, тврди извор - Канал 5

Трамп може да ја преиспита одлуката за нападите со ATACMS на руска територија, тврди извор

Трамп може да ја преиспита одлуката за нападите со ATACMS на руска територија, тврди извор од тимот за транзиција.

Трамп може да ја преиспита одлуката за нападите со ATACMS на руска територија, тврди извор

Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, би можел да ја преиспита одлуката на неговиот претходник Џо Бајден за напади со американско оружје во внатрешноста на руска територијата, изјави претставник на транзицискиот тим на Трамп за руската државна агенција.

„Верувам дека речиси сè ќе биде преиспитано“, нагласи тој, одговарајќи на прашањето на агенцијата дали администрацијата на Доналд Трамп ќе го преразгледа одобрувањето на Бајден за напади на руска територија со помош на американски крстосувачки ракети ATACMS.

Според него, во секое време во САД има само еден претседател.

„До пладне на 20 јануари 2025 година тој претседател е Џо Бајден. Тој донесе одлука да ги употреби тие проектили. Но до промената на претседателот не останува уште многу“, додаде претставникот на тимот на новоизбраниот САД. претседател.

Синоќа, според пишување на „Њујорк тајмс“ и изјави на Ројтерс и некои други медиуми, администрацијата на претседателот во заминување Џо Бајден ја овластила Украина да користи крстосувачки ракети со долг дострел ATACMS за удари длабоко во руска територија, а потоа, како што пренесува „Фигаро“, истото го направиле и Франција и Велика Британија, дозволувајќи употреба на ракети во SCALP/Storm shadow.

Пентагон одби да ги коментира информациите за укинување на ограничувањата за употреба на американско оружје за напади длабоко во Руската Федерација.

Белата куќа и Стејт департментот допрва треба да одговорат на барањето за коментар.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Опозициски пратенички прашања денеска на седница во Собранието

Пратенички прашања од пратениците од редовите на опозицијата, денеска на собраниска седница. 

Опозициски пратенички прашања денеска на седница во Собранието

Планирани се вкупно 15 точки, каде пратениците меѓудругото ќе расправаат и за предлог-законот за изменување и дополнување на законот за приватизација и закуп на градежното земјиште во државна сопственост во второ читање.

На дневен ред се и неколку предлог-закони по скратена постапка како предлог-законот за изменување и дополнување на законот за градењето, и дополнување на законот за здравственото осигурување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Најголем број на странски туристи во земјава се турски државјани, по нив се граѓани на Србија

Најголем број на странски туристи во земјава се турски државјани, по нив се граѓани на Србија

Најголем број странски туристи во септември во земјава дошле од Турција - вкупно 27.933. По нив во бројност се туристите од Србија со 8.358, потоа од Германија со над 6.000 и Полска со над 4.600 туристи.

Вкупно 136.305 туристи се евидентирани во земјава во септември годинава, а од вкупниот број туристи, скоро 25 проценти биле домашни, додека 75 проценти биле странски туристи.

Споредбено со периодот јануари – септември 2025 година, вкупниот број туристи е зголемен за 3 проценти притоа, бројот на домашните туристи бележи раст од 2,8 проценти, а на странските за 3 проценти, покажуваат податоците на државниот завод за статистика.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Пилешка салата

Во четврток (05.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Иван Милевски.

„Гответе со Дракче“ - Пилешка салата

Состојки за денешниот рецепт:

250 гр. пилешки стек

5 - 6 кисели краставички

100 гр. сусам

150 гр. мајонез

масло

сол, бибер и др. зачини по избор

Прилог

потпечени лепчиња и шери домати

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер