Трамп ќе гради триумфална капија, висока 76 метри- нема ни дозвола, ниту одобрение (ФОТО) - Канал 5

Трамп ќе гради триумфална капија, висока 76 метри- нема ни дозвола, ниту одобрение (ФОТО)

Администрацијата на Доналд Трамп вчера објави дека ќе започне со изградба на Триумфална капија висока 76 метри во Вашингтон, и покрај законските пречки и фактот дека проектот сè уште не добил конечно одобрение за планирање. 

Трамп ќе гради триумфална капија, висока 76 метри- нема ни дозвола, ниту одобрение (ФОТО)

Капијата е дел од поширокиот притисок на Трамп да остави свој белег врз архитектурата на главниот град на нацијата, што вклучува проекти како што се нова балска сала во Белата куќа, реновирање на базенот во спомен на Линколн и терен за голф во паркот Ист Потомак.

Министерот за внатрешни работи Даг Бургум објави на социјалните медиуми дека ископувањата за масивната триумфална капија ќе започнат „во следните две недели“. Споменикот, чиј дизајн потсетува на Триумфалната капија во Париз, треба да биде подигнат во близина на Националните гробишта Арлингтон, воени гробишта за кои предлагачите велат дека ќе им оддадат почит на паднатите американски ветерани.

Противниците, сепак, тврдат дека лакот ќе го наруши внимателно изработениот историски поглед помеѓу Споменикот на Линколн и гробиштата Арлингтон. Иако Конгресот ја одобри изградбата на споменикот на локацијата пред повеќе од 100 години, демократите во Конгресот тврдат дека проектот бара ново одобрение од Конгресот според закон.

Во тужбата со која се бара запирање на проектот, исто така, се вели дека на Трамп му е потребно одобрение од Конгресот. Проектот, исто така, сè уште не добил конечно одобрение од Националната комисија за просторно планирање на главниот град.

Се разгледува дали да се одобри исклучок од ограничувањето за висина на згради од 40 метри што важи за поголемиот дел од Вашингтон. Администрацијата на Трамп тврди дека ограничувањето не треба да важи за Триумфалната капија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пораката од Софија е повеќе од јасна дека нема да ја екстрадира Михаилова, вели Давидовиќ

Вчерашното соопштение од бугарското МВР, според правните експерти, е јасен сигнал дека Софија нема да ја екстрадира Ива Михаилова, повикувајќи се на нејзиното бугарско државјанство. 

Пораката од Софија е повеќе од јасна дека нема да ја екстрадира Михаилова, вели Давидовиќ

Адвокатот Звонко Давидовиќ вели дека иако бугарското МВР се осврнува на технички детали околу црвената потерница, за правните експерти пораката од Софија е повеќе од јасна – Бугарија нема да го екстрадира својот државјанин.

Меѓу редови соопштението на бугарското МВР кажува и се повикува дека е државјанин и на Република Бугарија и посочува дека секоја држава има право да не екстрадира свој државјанин.

И најверојатно во таа насока и ќе оди целата постапка. Се друго наведено во соопштението се однесува на технички дали има или нема црвена потерница итн. Но суштината е дека меѓу редови свој државјанин не се спремни да екстрадираат.

Дури и евентуалното распишување црвено известување од Интерпол нема драстично да ги смени работите, смета Давидовиќ, бидејќи во случајот дополнително се прекршуваат политиката и нарушените односи меѓу двете земји. Но, главниот пропуст, според него, е направен дома – со тоа што на осомничената не ѝ беше веднаш одреден притвор.

Факт е дека до вакво нешто не можело и не смеело да дојде затоа што најчесто во вакви тешки кривични дела, тешки дела против безбедноста на сообраќајот, во 99% од случаите се определени мерки притвор.

Зошто тоа и овде не е направено, тоа треба да објасни и обвинителот кој не го побарал и судот кој не определил мерка.

Пред Основниот суд во Кочани веќе се одржаа неколку рочишта против Михаилова, која се товари за тешки дела против безбедноста на сообраќајот, со смртни последици.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално

Ива Михаилова и татко и ќе одговараат, уверува премиерот Христијан Мицкоски отфрлајќи ги обвинувањата од опозицијата за наводен договор околу нејзиното бегство од земјава. 

Мицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално

И покрај тоа што Бугарија навести дека нема да ја екстрадира, тој ги повика тамошните власти да ја предадат и да одговара пред македонските органи. Како ја напуштила државата, Мицкоски вели МВР се уште истражува, но јасно е дека таа и адвокатот преминале граница на нелегален начин.

„Тоа што опозицијата и раководството на нашиот источен сосед се на иста линија говори многу за тоа што и каква била намерата. Ниту Ива е намерата ниту било што. Намерата е да се создаде политичка тема за која претпоставиле дека ќе влијае на рејтингот на владејачката коалиција, односно на ВМРО-ДПМНЕ, и на тој начин ќе обезбедат одредена корист за опозицијата. Ако е тоа така договорено, ние ги бараме назад и неа и нејзиниот родител. Уште денеска да ги донесат и да видиме дали е така договорено или не. / Ве гледам во очи и ви кажувам: кога-тогаш. Тоа што сум го кажал сум го направил. И татко ѝ и таа ќе одговараат. Кога-тогаш. “-Христијан Мицкоски – претседател на Влада.

Премиерот со критики за политичкиот врв во Бугарија бидејќи застанаа во одбрана на Михаилова, потег кој оценува дека наштетува на меѓусоседските односи.

„ Жалам што политичкото водство во Бугарија се обидува на овој начин да покаже политички мускули, а не ја сфаќа штетата која сама себе си ја прави на меѓународен план, тоа е нивна одлука да изберат ваква политика.. Жалам што тие наместо лице правосилно осудено да го вратат тука да ја отслужи казната за којашто е осудена, тие од него прават естрадна звезда и кловн.. “ -Христијан Мицкоски – претседател на Влада.

Македонското министерство за надворешни работи пред два дена го повика бугарскиот амбасадор во земјава за да ја пренесат пораката и по дипломатски пат, дека најавите за прием на високо ниво за Михаилова за Македонија се провокација.

Досега најава за средба со неа има од претседателката Илијана Јотова, која за случајот го информирала главниот комесар за човекови права во Обединетите Нации.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Повеќе од 1.600 пожари во Амазонија за две недели: Властите започнаа истрага

Голем број пожари беснеат во бразилскиот дел на Амазон, а нивниот интензитет е зголемен поради климатските промени, феноменот „Ел Нињо“ и човечките активности, наведуваат научници и официјални претставници.

Повеќе од 1.600 пожари во Амазонија за две недели: Властите започнаа истрага

Во сојузната држава Амазонас, во првите две недели од октомври се регистрирани 1.679 пожари, што е за 253 отсто повеќе отколку во истиот период минатата година, според податоците на бразилскиот систем за следење на Амазон.

Чадот предизвика проблеми со дишењето кај населението, а во најмалку 36 општини е прогласена вонредна состојба. Поради лошиот квалитет на воздухот во Манаус, откажани се настаните на отворено, а државните училишта денеска се затворени, пренесува Ројтерс.

Бразилските власти се сомневаат дека многу од пожарите биле намерно предизвикани за да се расчистат шумите и да се подготви земјиштето за земјоделство и сточарство.

Бразилското Министерство за животна средина најави истрага откако од авиони биле забележани пожари во заштитени шумски подрачја.

Федералните власти и службата за цивилна заштита испратија авиони и противпожарни екипи во Амазонас за да помогнат во гаснењето на пожарите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер