Трамп ќе добие подарок вреден 400 милиони долари: „Би било глупаво да го одбијам“ - Канал 5

Трамп ќе добие подарок вреден 400 милиони долари: „Би било глупаво да го одбијам“

Доналд Трамп, претседателот на САД, денес изјави дека би било „глупаво“ да ја одбие дарежливата понуда од катарското кралско семејство.

Трамп ќе добие подарок вреден 400 милиони долари: „Би било глупаво да го одбијам“

Тој ги отфрли етичките загрижености во врска со планот да прифати луксузен „Боинг“ вреден 400 милиони долари, кој би бил опремен да служи како претседателски авион „Ер форс уан“.

Трамп изјави дека „Боинг 747-8“ на крајот ќе биде дониран на неговата претседателска библиотека и дека не планирал да го користи за лични цели по напуштањето на функцијата.

– Мислам дека тоа е одличен гест од Катар. Многу го ценам. Никогаш не би бил некој што би одбил таква понуда. Би можел да бидам глупав и да кажам: ‘Не, не сакаме бесплатен, многу скап авион’ – изјави Трамп пред новинарите во Белата куќа пред да замине на патување на Блискиот Исток, пренесува Ројтерс.

Тој ја припиша понудата на благодарноста за американската помош во одбраната на земјите од регионот, вклучувајќи ги Катар, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати. Трамп исто така изјави дека прифаќањето на таа понуда било практична одлука и изрази разочараност што на „Боинг“ му требало толку многу време да ги испорача новите авиони „Ер форс уан“ што ги нарачал за време на својот прв претседателски мандат, пишува Танјуг.

Демократските сенатори Брајан Шац, Крис Марфи, Кори Букер и Крис Кунс наведоа дека прифаќањето на таков подарок од страна на Трамп би создало јасен судир на интереси и би отворило сериозни прашања за националната безбедност поради странско влијание.

Портпаролката на Белата куќа, Керолајн Ливит, изјави дека правните детали околу донацијата на Министерството за одбрана сè уште се разработуваат и дека администрацијата на Трамп не е загрижена околу тоа што би можел Катар да побара за возврат.

Ројтерс наведува дека „Боинг 747-8“ би бил еден од највредните подароци што некогаш ги добила американската влада.

Катар во неделата соопшти дека се во тек разговори со Соединетите Американски Држави за „можен трансфер“ на авионот што привремено би се користел како претседателски авион на Трамп, но негираше дека авионот се „подарува“ или дека е донесена конечна одлука, пренесува Биз Портал.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Попладне услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Топлото време ќе продолжи, но метеоролозите најавуваат дека попладнево на места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Попладне услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Слично време се очекува и во Скопје.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Случајот„Државна Лотарија“влезе во судница: Груби и уште седуммина на обвинителна клупа

Поранешниот прв вицепремиер Артан Груби седна на обвинителна клупа откако против него и седум други лица беше поднесено обвинение за злоупотреби при набавка во Државна лотарија.

Случајот„Државна Лотарија“влезе во судница: Груби и уште седуммина на обвинителна клупа

По шест месеци во домашен притвор утринава беше спроведен во скопскиот Кривичен суд. Но наместо низ главниот влез на судската зграда каде вообичаено ги спроведуваат обвинетите кои се со мерка домашен притвор, со полициско возило Груби беше спроведен преку гаражите на судот. Во истрагата за случајот беше осомничен за проневера во службата но обвинителството го преквалификува делото во „злоупотреба на службената положба и овластување“, за кое е предвидена поблага казна, односно од 1 до 5 години затвор.

-Вториот обвинет, кој имал реално влијание во раководењето со АД Државна лотарија, во својство на одговорно лице, претседавал со седница на Влада на Р. С. Македонија во својство на собрание на Државната лотарија и предложил вака дополнетата точка на дневен ред да се усвои, иако бил свесен дека одлуката не е во надлежност на Владата како Собрание на Акционерското друштво, стои во обвинението. - ОЈО Скопје

Првообвинет во случајот е поранешниот генерален директор на Државна Лотарија, Перперим Бајрами кој е во бегство и за кој се уште има активна потерница. Обвинети се и поранешниот генерален секретар на Влада, Методија Димовски, потоа поранешниот претседател и членови на надзорниот одбор Скендер Мехмети, Бојан Јанев, Фатмир Рамаданоски, Александар Димитриоски и Башким Авди.

Во случајот „Државна лотарија“ обвинети се вкупно осум лица:

Перпарим Бајрами – поранешен генерален директор и претседател на Управниот одбор на „Државна лотарија“ – во бегство.

Артан Груби – поранешен прв вицепремиер

Методија Димовски – поранешен генерален секретар на Владата

Скендер Мехмети – поранешен член/претседател на Надзорниот одбор

Бојан Јанев – поранешен член на Надзорниот одбор

Фатмир Рамаданоски – поранешен член на Надзорниот одбор

Александар Димитриоски – поранешен член на Надзорниот одбор

Башким Авди – поранешен член на Надзорниот одбор.

Сите се товарат за исто кривично дело – злоупотреба на службената положба и овластување. Според обвинението во текот на 2023 и 2024 година заеднички презеле дејствија со кои ги пречекориле границите на своите посебни овластувања и должности и со намера на „Државна лотарија“ ѝ нанеле штета од 8,2 милиони евра.

Пред судот обвинението го застапуваат обвинителите Даниел Коцев и Александар Давчевски од скопското обвинителство. Вина кај обвинетите ќе докажуваат со 231 матертијален доказ и 7 сведоци. На денешното прво рочиште на обвинетите им беа доставени доказите и беше договорена диманиката на рочиштата.

Со оглед на тоа дека се работи за обвинителен предлог и предмет кој се суди по скратена постапка, судијката Билјана Шуплиновска Јовевски им остави простор од десетина дена на одбраната да ги разгледа доказите и следно рочиште закажа за 7 септември.

Сега обвинетиот поранешен прв вицепремиер Артан Груби кој во случајот го застапуваат двајца адвокати, Гоце Ристевски и Владимир Доневски, речиси една година беше во бегство. Во декември 2024 година преку граничниот премин Блаце кон Косово пеш ја преминал границата иако бил на стоп листа. На 23 февруари годинава во утринските часови се појави на истиот гранничен премин каде беше уапсен, но по распитот наместо во затворски притвор кој првично се бараше, обвинителството кое тогаш објасни дека е поради безбедносни причини, побара куќен притвор, мерка која ја определи Кривичниот суд.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лидерката на германската АФД: Ќе го укинеме еврото, ќе ги затвориме границите и ќе излеземе од Шенген

Копретседателката на ултрадесничарската Алтернатива за Германија -АФД, Алис Вајдел, изјави дека доколку партијата влезе во федералната влада, ќе бара Германија да ги напушти еврозоната и шенгенскиот договор.

Лидерката на германската АФД: Ќе го укинеме еврото, ќе ги затвориме границите и ќе излеземе од Шенген

Копретседателката на ултрадесничарската Алтернатива за Германија -АФД, Алис Вајдел, изјави дека доколку партијата влезе во федералната влада, ќе бара Германија да ги напушти еврозоната и шенгенскиот договор, затворање на националните граници и значително заострување на миграциската политика..

Вајдел тоа го изјави во интервјуто за германската телевизија Зе-Де-Еф..

„На Германија ѝ беше значително подобро пред воведувањето на еврото“, рече Вајдел тврдејќи дека заедничката европска валута ја ослабела германската економија и го намалила богатството на домаќинствата..

Во однос на миграцијата, таа најави затворање на германските граници и излез на Германија од Шенген-зоната..Таа се заложи и за поголем број депортации и ограничено доделување германско државјанство. На национално ниво испитувањата на јавното мислење на афд ѝ даваат поддршка од 27 отсто, додека владеачката Це-Де-У има 22 отсто од гласачите..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер