Трамп: Ја спасувам Украина, доколку војната со Русија продолжи таа брзо ќе биде уништена - Канал 5

Трамп: Ја спасувам Украина, доколку војната со Русија продолжи таа брзо ќе биде уништена

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека верува оти ја спасува Украина и дека верува оти ако војната со Русија продолжи, оваа земја многу брзо ќе биде уништена. 

Трамп: Ја спасувам Украина, доколку војната со Русија продолжи таа брзо ќе биде уништена

-Мислам дека ја спасувам оваа нација. Мислам дека оваа нација наскоро ќе биде уништена. Тоа е голема воена машинерија, рече Трамп во интервју за порталот Атлантик, по повод првите 100 дена од мандатот на американскиот претседател.

Тој потсети дека за време на неговиот прв мандат како претседател на САД, му дал на Киев противтенковски водени ракети „џавелин“.

Да бидеме реални. И да не бев јас - јас сум тој што им ги даде „џавелините“ што ги уништија тенковите. Знаете, тој момент со тенковите беше голем момент, кога (руските) тенкови се заглавија во калта, а јас им дадов (на Украинците) огромен број „џавелини“. Тоа се противтенковски ракети. Знаете тоа е голем момент, затоа што, ако тие тенкови влезее, а беа на 71 милја од Киев и сакаа да го заземат Киев. Тоа ќе беше крај на војната, ќе завршеше за еден ден“, рече Трамп.

Тој рече дека американската помош во тоа време во форма на давање „џавелини“ на Украина била „една од причините“ зошто војната во Украина продолжи.

-Сега, би можел да тврдам дека е штета што продолжи, затоа што многу луѓе загинаа. Многу повеќе луѓе загинаа во оваа војна отколку што се пријавува. Не само војници. Има многу војници, туку и многу други луѓе. И, знаете, навистина можам да кажам дека бев многу добар затоа што ја спасувам оваа земја, рече Трамп.

Тој додаде дека верува дека „ѝ прави голема услуга на Украина“ со тоа што активно учествува во преговорите со Русија за постигнување прекин на огнот.

Трамп повтори дека „војната во Украина никогаш немаше да се случи“ ако тој беше претседател на САД во претходните четири години.

-Тоа никогаш немаше да се случи, и не се случи четири години, рече Трамп, осврнувајќи се на неговиот прв претседателски мандат, од 2017 до 2021 година.

Кога беше прашан дали мисли дека може да се случи ситуација во која неговата администрација ќе испрати целосна поддршка на Украина за да го зачува нејзиниот територијален интегритет, Трамп одговори дека таквата поддршка „не мора да биде оружје“.

-Постојат многу видови оружје. Не мора да биде оружје со куршуми. Може да биде оружје - санкции. Може да биде оружје со банкарство. Може да биде многу друго оружје, рече Трамп. /МИА

Видео: Андриј Портнов, убиен на среде улица во Мадрид

Поранешниот советник на Виктор Јанукович, адвокатот Андриј Портнов, убиен на среде улица во Мадрид.

Видео: Андриј Портнов, убиен на среде улица во Мадрид

Андриј Портнов, кој до 2014 година му беше советник на поранешниот украински претседател Виктор Јанукович, денеска е застрелан на среде улица во близина на Американското училиште во Мадрид.

Инцидентот се случи утринава околу 9:15 часот, во момент кога голем број ученици пристигнувале во училиштето, пишува шпанскиот весник „Марка“, повикувајќи се на полициски извори.

Телото е пронајдено без знаци на живот на јавна површина, многу блиску до училиштето, а имало повеќе прострелни рани.

Полицијата излегла на местото на настанот и, според „Марка“, веќе започнала истрага со цел расветлување на инцидентот. Првите претпоставки укажуваат на можното намирување на долговите како мотив за кривичното дело.

Според информациите што „Ел Периодико“ ги добил од извор близок до истрагата, жртвата е Андриј Портнов, адвокат од украинско потекло и добро позната личност која советувала компании и граѓани од Украина и други источноевропски земји.

Портнов беше советник на поранешниот украински претседател Виктор Јанукович, а во тоа време беше на црната листа на Европската унија за наводни кривични дела поврзани со проневера на јавни средства и кршење на човековите права во неговата земја.

Иако не беше осуден, тој беше истражуван од украинската тајна служба за наводни врски со Русија.

Јорданов: Две лица насилно ја запалија штипската депонија „Трештена скала“

Тој побара надлежните да постапат и ги санкционираат.

Јорданов: Две лица насилно ја запалија штипската депонија „Трештена скала“

Насилно се пали депонијата „Трештена скала“, на која се депонира сметот од граѓаните и фирмите во Општина Штип. Две лица со моторни возила насилно влегле во депонијата и ја запалиле, а на чуварската служба на ЈП „Исар“ и упатиле и смртни закани, ова е причината за вчерашниот пожар на депонијата, информираше на денешната прес-конференција градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов.

Тој посочи дека случајот е пријавен во Полиција, откако се евидентирани од страна на чуварите на депонијата преку видео надзорот кој е поставен на депонијата „Трештена скала“ во Штип.

-Одредени лица со возила влегуваат насилно во депонијата, ја палат, за во наредните денови полесно да го селектираат железото и металот. Но, предизвикуваат општа опасност, еколошка катастрофа, загадување на животната средина и опасност од ширење на пожар, изјави Јорданов.

Штипскиот градоначалник, истакна дека лицата се добро познати на институциите, пријавени се во Полиција и апелираше соодветно да постапат и да одговараат.

-Апелирам до надлежните институции доколку имаат потреба од детални информации, стоиме на располагање. Се надевам дека ова ќе биде последен случај, оти се работи за здравјето на граѓаните, рече Јорданов.

Екипите на ЈП „Исар“ продолжуваат и во наредниот период со 24 часовен надзор. Инаку, депонијата „Трештена скала“ е на неколку километри од градот Штип, а пред неколку години, кога исто така беше запалена од страна на собирачи на старо железо предизвика и пожар во атарите на две штипски села, предизвикувајќи штета на земјоделски култури, а пожарникарите мораа брзо да интервенираат со цел огнот да не ги зафати и првите куќи во селото Драгоево.

Трипуновски: Имаме сериозен раст во делот на откупот и пласманот

„Имаме сериозен раст во делот на откупот и пласманот на земјоделските производи според податоците на ДЗС“.

Трипуновски: Имаме сериозен раст во делот на откупот и пласманот

„Државниот завод за статистика изминативе денови излезе со податоци, со споредба на првиот квартал од 2024 година и со првиот квартал од 2025 година. Бројките говорат дека имаме сериозен раст во делот на откупот и пласманот на земјоделските производи“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски од општина Босилово.

„Во градинарскиот сектор зголемувањето е до 50% во споредба со првиот квартал од 2024 година. Тоа значи дека навистина како Влада, како Министерство се движиме во вистинска насока, да го зголемуваме производството и девизниот прилив во државата“, појасни министерот.

Министерот посочи дека и во другите сектори има зголемување во делот на откупот и пласманот на земјоделските производи.

„Тоа е еден добар параметар, добар показател дека навистина она што го работиме изминативе 10-11 месеци како Влада предводена од премиерот Христијан Мицкоски дава позитивни резултати“, истакна министерот Трипуновски.

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

притисни ентер