СветТрамп ја потврди посветеноста на колективната одбрана на НАТО и го поздрави растот на трошоците за одбрана Претседателот на САД, Доналд Трамп, денеска во Хаг ја потврди својата посветеност на Членот 5 од основачкиот договор на НАТО и ја поздрави најавата дека сојузниците ќе се обврзат да издвојуваат пет отсто од бруто домашниот производ (БДП) за одбрана.За време на разговорот со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, на маргините на дводневниот самит на алијансата, Трамп беше прашан за посветеноста на Членот 5 од Северноатлантскиот договор, кој ги обврзува сите членки да пружат помош на сојузник чија територија или безбедност е загрозена. - Со нив сме до крај, изјави Трамп. Трамп, исто така, ја пофали најавата дека сојузниците ќе го прифатат неговото барање и денеска ќе донесат одлука да ги зголемат издвојувањата за одбрана на пет отсто од БДП, наведувајќи дека тоа е „многу голема вест“. - Години наназад барам од нив да зголемат на пет отсто и тие одат на пет отсто, тоа е голем скок од два отсто, иако многумина сè уште не плаќаат ни два отсто. Така што мислам дека тоа ќе биде многу голема вест, истакна Трамп. Руте се надоврза, велејќи дека ова зголемување не би се случило без Трамп. - Со зголемувањето на пет отсто (од БДП), Европејците и Канаѓаните ќе ги изедначат своите трошоци за одбрана со американските. Тоа не би се случило без претседателот Трамп. Некои би ме критикувале што го кажувам тоа, но кога разговарам со нив, сите велат дека сум во право, наведе Руте. За време на разговорот со Руте, одржан пред состанокот на Северноатлантскиот совет (NAC), главното тело на НАТО за донесување политички одлуки, Трамп исто така ги спореди американските напади врз Иран на 22 јуни, во екот на иранско-израелската војна, со одлуката на САД да фрлат атомски бомби на Јапонија во Втората светска војна. - Не сакам да го користам примерот на Хирошима, не сакам да го користам примерот на Нагасаки, но тоа е во суштина истата работа што ја заврши таа војна. Ова ја заврши таа војна (Израел и Иран), рече Трамп. Коментирајќи го неговиот состанок со украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој денеска се очекува на маргините на самитот во Хаг, Трамп рече дека ќе разговараат „за очигледното“ – за проблемите со кои се соочува лидерот на Украина. - Тој има мали потешкотии. Зеленски, тој е фин човек. Мислам, ќе се сретнам со него денеска. Не знам, претпоставувам дека ќе разговараме за Украина, истакна Трамп. Тој додаде дека „многу разговарал“ со претседателот на Русија, Владимир Путин, за кого рече дека „всушност бил многу фин“. Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотКој бил првиот „станар“ во Белата куќа Кога Џон Адамс се вселил во Белата куќа на 1 ноември 1800 година, сегашниот главен град, на САД Вашингтон сè уште бил град во развој – калливи улици, недовршени згради и неуредена околина го карактеризирале новото седиште на американската влада. Иако објектот сè уште не бил целосно завршен, Адамс станал негов прв станар, со што ја започнал традицијата која трае веќе повеќе од два века. Почетокот на претседателската резиденција Изградбата на Белата куќа – тогаш позната едноставно како „Претседателска палата“ – започнала во 1792 година, според нацртот на ирскиот архитект Џејмс Хобан. Бил избран класичен, симетричен објект во џорџијански стил, а камен-темелникот го поставил самиот претседател Џорџ Вашингтон. Сепак, Вашингтон никогаш немал можност да живее таму; тој починал во 1799 година, една година пред завршувањето на изградбата. Кога Адамс и неговата сопруга Абигејл се вселиле, куќата била во лоша состојба. Во многу простории сè уште немало мебел ниту завеси, а оџаците честопати ги исполнувале целите катови со чад. Во писмата до пријателите, Абигејл опишувала како ја сушела облеката во големата „Источна соба“, бидејќи тоа бил единствениот простор што имал доволно место и топлина. И покрај овие непријатности, семејството Адамс чувствувало силна гордост – Белата куќа била симбол на новата република, доказ дека Соединетите Држави воспоставиле траен политички центар. Адамс поминал само неколку месеци во Белата куќа, бидејќи во март 1801 година, по поразот на изборите, морал да му ја предаде власта на Томас Џеферсон. Сепак, неговиот престој таму оставил траен белег во историјата. Пред да замине, Адамс упатил молитва, која ја запишал на ѕидот во една од просториите – порака што подоцна била врежана на каминот во просторијата што денес е позната како „Државна трпезарија“: „Се молам под овој покрив да владеат само чесни и мудри луѓе“. Оваа реченица станала симбол на визијата на Адамс за американската демократија. Иако скромен и краток, неговиот престој во Белата куќа означил историски почеток – моментот кога една празна зграда станала дом на американскиот претседател и центар на политичкиот живот на нацијата.Тагови: Бела куќа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСтојаноска: Вреди одигра улога на тројански коњ и ги раштрка гласовите во корист на ДУИПратеничката и членка на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, од општина Брвеница, оцени дека коалицијата Вреди не успеала да се издвои од политиките на ДУИ.Пратеничката и членка на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, од општина Брвеница, оцени дека коалицијата Вреди не успеала да се издвои од политиките на ДУИ, туку во вториот круг од локалните избори застанала зад кандидатот на НАИ. Стојаноска посочи дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“ во првиот круг го поддржале својот кандидат Стојанчо Радичевски, додека Вреди настапила со сопствен кандидат, за во вториот круг да се приклучи кон кандидатот на НАИ. „Видете, јас не верувам дека вреди е некој голем фактор во општина во Брвеница, впрочем, тоа го покажа и резултатите од првиот круг на изборите тука. Инаку, јасно, ние на овие избори работевме одделно, односно, нашата партија заедно со коалицијата Твоја Македонија застана зад нашиот кандидат Стојанчо Радичевски, додека вреди во првиот круг работеше за нивниот кандидат, а во вториот круг одлучи да се приклучи на кандидатот на НАИ. Стојаноска упати критики и кон коалицијата Вреди, обвинувајќи ја дека во вториот круг од изборите во Брвеница одиграла во корист на ДУИ, наместо да ја искористи можноста да покаже дека е политички различна од оваа партија, оценувајќи дека Вреди одиграла улога на „Тројански коњ“. Жалиме што ете Вреди не ја искористи оваа прилика да покаже дека се поразлични од ДУИ туку, исто како и СДС и Левица. Мислам дека ја одиграа улогата на тројански коњ и одиграа за ДУИ, односно ги раштрка гласовите од гласачкиот базен. Што се однесува за тестот на владината коалиција, мислам дека локалните избори во Брвеница нема да бидат тест за оваа владина коалиција. Туку напротив, тест за коалицијата е реализацијата на владината програма, која што за сега сметам дека се одвива според планираното“, вели Стојаноска. Осврнувајќи се на изборните резултати и политичката состојба во опозицијата, Стојаноска оцени дека СДС по локалните избори станала маргинална политичка партија, за што одговорност му припиша на партиското раководство предводено од Венко Филипче. „Така, СДС стана, би рекла, маргинална партија после овие локални избори, особено заради катастрофалното нејзино раководење од страна на Венко Филипче. И јас сметам дека венковистите може би сега и би се радувале или навиваат да победи нивниот партнер ДУИ, што впрочем докажува дека секогаш кога ќе ги споменеме ДУИ и СДС, треба да сме свесни дека станува збор за две различни страни од една иста паричка“, рече Стојаноска. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00ДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите19:45Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница18:22Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница15:18ДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81 %.13:24
МакедонијаЈО: Поведена постапка за насилство пред спортски натпреварЈавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Насилство од член 386 став 6 во врска со став 4 и став 1 од Кривичниот законик.Во конфликт меѓу навивачки групи пред влезот на С.Ц „Јане Сандански“ осомничениот задал удар во глава на дете од спротивниот табор. Оштетеното дете од ударот се онесвестило и паднало на земја и со контузија на главата било пренесено во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Поради опасност од бегство, можност да влијае врз сведоците на настанот кои треба да бидат сослушани, но и да го повтори делото, јавниот обвинител предложи на осомничениот 20-годишник да му биде определена мерка притвор, стои во соопштението од Јавното обвинителство.Тагови: Обвинителството Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00ДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите19:45Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница18:22Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница15:18ДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81 %.13:24