СветТрамп и Си ќе се сретнат есенва во Јужна Кореја, на самит на АПЕК Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека ќе се сретне со кинескиот претседател Си Џинпинг есенва на самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК) во Јужна Кореја, јави ДПА.Американскиот претседател ова го напиша на својата платформа Truth Social по телефонскиот разговор со Си, велејќи дека самиот ќе патува за Кина на почетокот на следната година и очекува возвратна посета од кинескиот претседател. „Штотуку го завршив многу продуктивниот разговор со претседателот на Кина“, напиша Трамп. „Постигнавме напредок по многу многу важни прашања, вклучувајќи ја трговијата, фентанилот, потребата да се стави крај на војната меѓу Русија и Украина и одобрувањето на договорот за ТикТок“, додаде американскиот претседател, пренесе германската агенција. „Исто така, се согласив со претседателот Си дека ќе се сретнеме на самитот на АПЕК во Јужна Кореја, дека ќе одам во Кина на почетокот на следната година и дека претседателот Си, исто така, ќе дојде во САД во соодветно време“, додаде тој, пренесува ДПА. САД и Кина моментално се во пауза во нивниот царински спор, што се разгоре во април кога двете земји се заканија дека ќе воведат царини од над 100 отсто за стоките на другата страна. Трамп во август потпиша извршна наредба со која тарифите се одложија до 10 ноември, а истото го стори и Пекинг. Трамп и Си денеска го остварија долго најавуваниот телефонски разговор во обид да постигнат договор што ќе помогне видео апликацијата ТикТок да остане достапна во САД, како и да ги намалат тензиите во меѓусебниот трговски спор. Кинеската државна телевизија CCTV не објави детали од нивниот разговор, а Белата куќа не одговори на барањето на медиумите за коментар. Високи претставници од двете страни неделава постигнаа „рамковен“ договор. Извештаите сугерираат дека тоа би можело да резултира со продажба на американските операции во апликацијата на група американски компании. Доколку се постигне договор, тоа би бил потег што еден експерт го нарече „редок пробив“ во трговските преговори меѓу САД и Кина - и таков што би решил проблем што со години ги полни насловните страници. Трамп претходно изјави дека е постигнат договор меѓу САД и Кина за продолжување на работењето на ТикТок во САД и дека за тоа денеска ќе разговара со Си. На оваа кинеска платформа за социјални медиуми, водена од кинеската компанија БајтДенс(ByteDance), претходно ѝ беше кажано дека мора да ги продаде своите американски операции или ќе се соочи со затворање.Тагови: Доналд Трамп Си Џинпинг АПЕК Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоУтре сончево и релативно топлоУтрото ќе биде ведро и студено, а преку денот сончево и релативно топло. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 8, а максималната ќе достигне од 20 до 28 степени. Во Скопје, сончево и релативно топло со слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 26 степени. Во следните денови времето ќе биде релативно топло. До среда утрата ќе бидат ведри и студени, а во текот на денот ќе преовладува сончево време. Од четврток ќе има зголемување на облачноста и услови за локален дожд, a утринските температури ќе бидат во пораст.Тагови: сончево Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
АвтомобилизамНе е само „Volkswagen“: И моделите на овој бренд исто така може да имаат сериозен технички проблемГерманската управа за моторни возила (KBA) во петокот предупреди дека, покрај милиони возила на „Volkswagen“ и „Audi“ ширум светот, и околу 1,7 милиони возила на Шкода може да имаат потенцијално опасен дефект.Предупредувањето се однесува на потенцијално слаб шраф во механизмот за управување, кој е подложен на корозија. Во најлош случај, шрафот би можел да пукне, соопшти „KBA“. Минатата недела, агенцијата објави дека сопствениците на 2,16 милиони возила на „Volkswagen“ – конкретно моделите „Tiguan“, „Touran“, „Golf Variant“, „Caddy“ и „Golf“ произведени помеѓу 24 септември 2013 и 1 јули 2024 година – треба да контактираат со сервисен центар за да се изврши проверка и евентуална замена на проблематичниот дел, пренесува „DPA“. Истото важи и за моделот „Audi Q3“ произведен помеѓу 31 октомври 2017 и 23 мај 2024 година. Истиот ден, групацијата „Volkswagen“ упати повик до сопствениците на овие возила да ги донесат на технички преглед. Се чини дека и возилата на Шкода – кои исто така се дел од групацијата „Volkswagen“ – се погодени од истиот проблем со дефектниот шраф. Истото важи и за засега неутврден број возила од шпанскиот бренд „SEAT“. Меѓу моделите на Шкода, под лупа се „Kodiaq“, „Karoq“, „Octavia“ и „Superb“, соопшти „KBA“, без да прецизира датуми на производство. Ова опфаќа околу 1,7 милиони возила ширум светот, вклучително и околу 370.000 во Германија. Извор: Б92Тагови: Volkswagen Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветГолема сообраќајна несреќа со повеќе возила во Кенија: Најмалку 17 загинатиБројот на загинати во несреќата со повеќе возила на автопатот кон крајбрежниот град Момбаса во Кенија се искачи на 17, соопшти полицијата.Во соопштението се наведува дека несреќата се случила во текот на ноќта во областа Салама, откако возач на камион не успеал да престигне друго возило, што довело до судири со други возила – вклучително и комбе – пренесе АП. Полицијата претходно соопшти дека во несреќата загинале најмалку 13 лица. „Луѓето патуваа кон место за молитва во округот Накуру, западно од кенискиот главен град Најроби“, изјави Мартин Кивува, надбискуп на Католичката надбискупија во Момбаса. Сообраќајните несреќи се сериозен проблем низ цела Африка. Тие често се припишуваат на лошото одржување на возилата, прекумерната брзина и лошата состојба на патиштата. Извор: Б92Тагови: Кенија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook