Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува
2Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува
СветТрамп и Путин денеска во Енкориџ, на Алјаска, ќе разговараат за војната во Украина Американскиот и рускиот претседател, Доналд Трамп и Владимир Путин, денеска ќе се сретнат во Алјаска, најголемата и најоддалечена американска федерална држава, за да разговараат за прекин на војната во Украина.Средбата е закажана во воздухопловната база Елмендорф-Ричардсон, на околу 10 километри од Енкориџ, за која Си-Ен-Ен наведува дека е единствената во Алјаска што ги исполнува безбедносните барања. Почетокот на самитот, кој многумина го сметаат за историски, е најавен за 11:30 часот по локално време, односно 21:30 часот по централноевропско време, а како што најави помошникот на рускиот претседател Јуриј Ушаков, тој ќе биде целосно координиран и ќе започне со тет-а-тет разговор, по што ќе следи проширен состанок со учество на делегации. -Преговорите ќе продолжат за време на работниот појадок. Централна тема е украинската криза, но и економската соработка меѓу Москва и Вашингтон, рече Ушаков, додавајќи дека времетраењето на состанокот не е однапред ограничено и ќе зависи од текот на разговорите. Тој, исто така, додаде дека секоја делегација ќе има пет члена. Членови на руската делегација ќе бидат министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, министерот за одбрана Андреј Белошов, министерот за финансии Антон Силуанов, директорот на Рускиот фонд за директни инвестиции Кирил Дмитриев, како и Ушаков, објавија руските медиуми, додавајќи дека по состанокот е планирана заедничка прес-конференција, доколку разговорите го дозволат тоа. Од друга страна, Белата куќа објави дека Трамп има намера да се фокусира исклучиво на прекинот на војната во Украина, оставајќи ги настрана другите прашања, за кои Москва рече дека би можеле да се дискутираат во друго време. Трамп, пред два дена, по разговорите со украинскиот претседател Володимир Зеленски и европските лидери, вети „многу тешки последици“ за Путин и Русија доколку не се согласи за прекин на војната. Во медиумите се појавија и деталите од руската мировна понуда, наводно испратена до американскиот претседателски претставник Стив Виткоф пред брзиот договор за самитот во Алјаска. Во суштина, предлозите вклучуваат предавање на територии во регионот Донбас во источна Украина од страна на Киев за што ќе возвратно ќе следи согласност за примирје, што украинското раководство категорично го отфрли. Меѓутоа, на Трамп, се чини, му се допадна идејата за размена на територија за мир, изјавувајќи во понеделникот дека и Украина и Русија ќе мора да отстапат дел од територијата една на друга за да се стави крај на војната и дека „во првите две минути ќе знаат дали е можен напредок“. -Ќе има размена на територии. Го знам тоа од разговорите со Русија и другите страни, и тоа е во интерес на Украина, рече тој. Британскиот „Телеграф“ објави дека Трамп би можел да му понуди на Путин пристап до ретки минерали за да го охрабри да ја заврши војната во Украина. Според весникот, на состанокот би можело да се разговара за отворањето на природните ресурси на Алјаска за Москва и укинувањето на дел од американските санкции врз руската авиоиндустрија. Американскиот секретар за финансии, Скот Бесант, наводно ги истражува економските концесии што САД можат да ѝ ги понудат на Русија за да го забрзаат договорот за прекин на огнот. Дополнително, понудата би можела да вклучува укинување на забраната за извоз на делови и опрема потребни за одржување на руските авиони, од кои многу се во лоша состојба. Укинувањето на санкциите против руската авијација би било профитабилно и за американскиот производител Боинг, пренесува британскиот весник. Британскиот весник „Тајмс“ објави дека Русија и САД разговарале за израелската окупација на Западниот Брег како модел за завршување на војната во Украина. Според ова сценарио, Русија би имала воена и економска контрола врз окупираните делови од Украина преку сопствено управно тело, имитирајќи го фактичкото владеење на Израел врз палестинските територии запленети од Јордан во 1967 година, додава весникот. Како што изјави извор близок до Советот за национална безбедност на САД, идејата била покрената пред неколку недели за време на разговор помеѓу Стив Виткоф, претставник на американскиот претседател Доналд Трамп, и неговите руски соговорници во Москва. Виткоф, кој исто така беше задолжен од Трамп да посредува во постигнувањето мир на Блискиот Исток, наводно ја поддржува оваа идеја, за која Американците веруваат дека ги заобиколува пречките во украинскиот Устав што забрануваат отстапување на територија без одржување „сеукраински“ референдум. Идејата за размена на територии беше отфрлена од претседателот на Украина, Володимир Зеленски.Тагови: Владимир Путин Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизФото: Кристина Агилера гола во када: Интимни делови ги покри со еден детаљСветската музичка ѕвезда пејачката Кристина Агилера најави изненадување за Ноќта на вештерките преку провокативни фотографии, но сè уште нема откриено каков костим подготвува.Американската пејачка Кристина Агилера повторно го привлече вниманието на социјалните мрежи. Овој пат, таа објави провокативна фотографија на која позира гола во када, покривајќи ги интимните делови од телото со емоџија во форма на духови. Покрај објавата, пејачката напиша: „Подготовки за Ноќта на вештерките во последен момент“, наговестувајќи дека подготвува нов костим за претстојниот празник. Сепак, таа не откри во што планира да се маскира оваа година. Фотографиите брзо предизвикаа бројни реакции кај нејзините следбеници. Додека некои упатија комплименти, други се пошегуваа на сметка на долгото чекање за нова музика. „Се надевам дека овогодинешниот костим е поп-ѕвезда која наскоро ќе издаде нова музика“, напиша еден корисник на социјалните мрежи. Агилера, која јавноста ја памети по хитови како „Genie in a Bottle“ и „Ain’t No Other Man“, го издаде својот последен албум со нови песни во 2022 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканСоветот на ЦБ на Црна Гора и ја одзеде лиценцата на Алта ПејНа денешната седница, Советот на Централната банка на Црна Гора (CBCG) донесе одлука за одземање на овластувањето за давање платежни услуги на платежната институција „Alta Pay Group“ DOO Подгорица.На денешната седница, Советот на Централната банка на Црна Гора (CBCG) донесе одлука за одземање на овластувањето за давање платежни услуги на платежната институција „Alta Pay Group“ DOO Подгорица, откако во спроведената постапка беше утврдено дека законски пропишаните услови за вршење на оваа дејност повеќе не се исполнети. Одлуката е донесена во согласност со Законот за платен промет, врз основа на сеопфатна проценка за исполнетоста на регулаторните барања, вклучително и критериумите кои се однесуваат на подобноста на квалификуваниот учесник, како и на обезбедувањето стабилно, безбедно и законито работење на платежната институција. Од CBCG нагласуваат дека оваа одлука не претставува ризик за финансиската стабилност на Црна Гора, ниту пак влијае врз редовното функционирање на платниот систем. „Alta Pay Group“ DOO Подгорица не е банка, не прима депозити од граѓани и правни лица и нема никакво влијание врз стабилноста на финансискиот систем на Црна Гора. Централната банка навремено ги презеде сите неопходни активности во рамките на својата надлежност, со цел да се обезбеди уредно исполнување на обврските на „Alta Pay Group“ DOO Подгорица, имајќи ги предвид тековните случувања, како и да се заштитат интересите на корисниците. Советот на ЦБЦГ потврдува дека финансискиот систем на Црна Гора е стабилен, а платниот промет функционира редовно и безбедно. Граѓаните и стопанството можат и понатаму да ги користат платежните услуги на банките и на другите овластени даватели на платежни услуги во Црна Гора. Централната банка ќе продолжи одговорно, навремено и транспарентно да ја информира јавноста за сите прашања од значење за безбедноста на платниот промет и стабилноста на финансискиот систем.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМанасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжуваГолема благодарност до секој еден жител на општина Брвеница кој го даде својот глас за нашиот кандидат Стојанчо Радичевски, кој во својата програма вети подобра иднина, повеќе инфраструктурни проекти и нови улици, наспроти поделбите по етничка линија од страна на ДУИ, директно и индиректно поддржана во вториот круг од СДС, политичката партија Левица и ВРЕДИ. Додека ние ја потенциравме силата на единството, за една Брвеница за сите, нашите опоненти максимално го искористија национализмот и повикаа гласањето да биде врз основа на етничка припадност, а не врз основа на програма, визија и проекти. По овие избори, граѓаните, Македонци и Албанци, ќе очекуваат проекти, а не национализам. Ќе очекуваат резултати, а не демагогија за тоа од која политичка партија доаѓа градоначалникот. За нас резултатот е повеќе од одличен, затоа што, споредено со последните парламентарни избори, имаме 1.300 гласови повеќе. Иако тоа не беше доволно за победа, ВМРО-ДПМНЕ бележи раст во бројот на освоени гласови. Почитувани граѓани, Во првиот круг од овие предвремени локални избори, апсолутно ги декласиравме нашите директни опоненти, СДС и политичката партија Левица, кои беа на четвртото и петтото место на изборите. Жалиме што ВРЕДИ во Брвеница ја пропушти можноста да биде поразличен од ДУИ, исто како што се покажа и дека кандидатите на СДС и Левица беа тројански коњ во корист на ДУИ, за да ги трошат гласовите на гласачкото тело. Сами против сите. Го почитуваме резултатот, а волјата на граѓаните е неприкосновена. Сепак, Брвеница нема да биде заборавена. Владата, предводена од премиерот Мицкоски, ќе продолжи да го помага и да вложува во развојот на Брвеница. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter