Трамп и Бајден се соочија на последната ТВ дебата

Темата за расизмот, коронавирусот и здравствената заштита беа во фокусот на последната дебата меѓу претседателските кандидат Доналд Трамп и Џо Бајден.

Иако во поумерен и покултурен тон од нивното прво соочување, сепак и овој пат не изостанаа меѓусебните обвинувања за корупција и малверзации. Најголемите критики сепак беа за борбата против светската пандемија.

-Се учиме да живееме со вирусот, немаме друг избор, не можеме да се заклучиме во подрум како што прави Џо, тој има можност да се заклучи самиот, не знам најверојатно направил многу пари некаде, но сака да живее во подрум, рече Трамп.

-Се учиме да живееме со вирусот? Умираме со него. Затоа што никогаш не кажа дека е опасен, кога последен пат кажа, дали е опасен, сега? Им го кажа тоа на луѓето дека е опасен сега вирусот и што треба да направат? Велиш дека не презимаш одговорност, вели Бајден.

-Преземам целосна одговорност, но не е моја вина што пристигна тука вирусот, Кина е виновна, додаде Трамп.

Обвинувања имаше и за странско влијание, но и за банкарски сметки во други држави. Трамп, побара од Бајден објаснување дали добил милионски суми од Русија, тој пак возврати со барање американскиот претседател да открие дали има тајни сметки во Кина.

-Џо доби три и пол милиони долари кои дојдоа преку Путин. Бидејќи беше многу близок со поранешниот градоначалник на Москва и твоето семејство доби 3,5 милиони евра, и некој ден ќе треба да објасниш зошто, бидејќи јас никогаш не добив пари од Русија. - Доналд Трамп – Претседател на САД

- Не сум добил ништо од странска држава во животот. Дознавме дека овој претседател платил данок во Кина, има тајна банкарска сметка во Кина, тера бизниси во Кина, а ме обвинува мене дека сум добил пари?- Џо Бајден – Кандидат за претседател на САД

Во дебатата стана и збор за односите на САД со сојузниците, но и со Северна Кореја, каде паднаа и едни од најтешките зборови меѓу кандидатите.

-Знаете што, со Северна Кореја не сме во војна, имаме добри односи. Знаете, да имате добри односи со лидери на други држави е добра работа, кажа Трамп.

- Имавме добри односи и со Хитлер пред да изврши инвазија на Европа. Кажа Бајден.

Вчерашната дебата, е последна пред изборите во САД кои треба да се одржат на 3 ноември. За прв пат до сега, модераторот имаше можност да го исклучи микрофонот на еден од кандидатите, нешто што се покажа како потребно по првата дебата на двајцата кандидати која беше прогласена за најлоша до сега.

Најмалку 22 лица загинаа во израелските напади врз Рафа

Најмалку 22 лица загинаа во израелските напади во текот на ноќта врз градот Рафа во јужниот дел на Газа, соопштија палестинските здравствени власти. Меѓу убиените има шест жени и пет деца.

Од почетокот на војната, Израел редовно ја изложува Рафа на воздушни напади и се заканува дека ќе испрати копнени трупи, тврдејќи дека тоа е последното упориште на Хамас во крајбрежната енклава.

Над еден милион Палестинци избегаа во Рафа, барајќи засолниште во градот, кој се протега на границата со Египет. САД и другите земји го повикаа Израел да не врши инвазија за да избегне хуманитарна катастрофа.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска ја започна својата седма дипломатска мисија на Блискиот Исток од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас, пред повеќе од шест месеци. /МИА

Најмалку 93 лица загинаа во поплавите во Кенија

Кенија го одложи отворањето на училиштата за една недела поради последиците од големите поплави предизвикани од обилните дождови кои ја погодија оваа источноафриканска земја од средината на март и досега однесоа речиси 100 животи.

Се проценува дека 93 лица загинаа во поплавите, а се очекува бројот да се зголеми откако синоќа се преврте брод во северниот округ Гариса.

Кенискиот Црвен крст соопшти дека 23 лица биле спасени од чамецот, но десетици се уште се водат како исчезнати.

Во соопштението на Министерството за образование се наведува дека во поплавите тешко се оштетени некои училишта. Локалните медиуми објавија дека повеќе од 100 училишта се поплавени, а на многу од нив им се урнати ѕидови и покриви.

Сите училишта кои денеска требаше да бидат отворени, го одложија тоа за 6 мај.

Обилни дождови ја погодија Кенија од средината на март, а Одделот за метеорологија на земјата предупредува на опасност од нови врнежи.

Најголем број жртви се евидентирани во главниот град на Кенија, Најроби, каде во вчера беше поплавен и аеродромот. Снимките на социјалните мрежи покажуваат дека се поплавени пистата, терминалот и товарниот дел на аеродромот.

Повеќе од 200.000 луѓе низ земјата се погодени од поплавите, а куќите беа потопени во областите подложни на поплави додека луѓето бараа засолниште во училиштата.

Кенискиот претседател Вилијам Руто побара од Националната служба за млади да обезбеди земјиште за привремени кампови за погодените од поплавите.

Во источноафриканскиот регион се соочуваат со поплави поради обилните дождови, а во Танзанија се пријавени 155 загинати, додека повеќе од 200.000 се погодени во соседен Бурунди. /МИА

Гвардиола: Арсенал повеќе нема да губи бодови, ние ако ремизираме нема да ја освоиме титулата

Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола изјави дека неговиот тим треба да победи на сите преостанати натпревари доколку сака да ја освои шампионската титула во Англиското фудбалско првенство.

- Мислам дека Арсенал повеќе нема да губи бодови. Ова е слично на ситуацијата со Ливерпул во минатото. Нас ни остануваат уште четири натпревари, пат тежок како да се искачиме на висока планина. Ако негде ремизираме, нема да го освоиме шампионатот, изјави Гвардиола.

Манчестер сити е втор на табелата во Премиер лигата со 79 бодови од 34 натпревари. Лидер е Арсенал со 80 бода по 35 кола.

До крајот на првенството, Арсенал ќе игра дома со Борнмут и со Евертон, а ќе му гостува на Манчестер јунајтед.

Сити ќе го пречека тимот на Вулвс и на Вест Хем, а ќе гостува кај Фулам и на Тотенхем. /МИА

притисни ентер