Трамп хоспитализиран во болница, ќе ја води државата од специјален апартман

Со бавни, но сигурни чекори и без физичка придружба до себе, американскиот претседател Трамп ја напушти Белата куќа и со хеликоптер беше пренесен во болница во Мериленд. 

Хоспитализиран е ден по позитивниот тест, откако во текот на денот чувствувал замор и имал покачена температура. Трамп ќе продолжи да ги извршува своите должности од специјален апартман во болницата и не размислува да му ги предаде надлежностите на потпретседателот Пенс. Непосредно пред заминувањето, тој преку видео снимка и се обрати на нацијата.

-Сакам да ви се заблагодарам на сите за фантастичната поддршка. Одам во болницата Волтер Рид. Мислам дека сум многу добро, но одиме да се уверам за сѐ да излезе во ред. И првата дама е добро. Ви благодарам, го ценам тоа и никогаш нема да го заборавам. Ви благодарам, изјави Доналд Трамп., претседател на САД.

Од лекарскиот тим на Трамп соопштија дека тој го прима антивирусниот лек Ремдесивир и не му е потребен кислород, иако CNN, повикувајќи се на болнички извори, објави дека тој веќе имал потешкотии со дишењето. Претходно, примил и коктел со антитела, кој се уште не е официјално одобрен.

Неизвесен останува и текот на кампањата. На 30 дена до изборите, сите негови претходно планирани активности одат или преку интернет или се одложени,. Поддршка стигна и од неговиот противкандидат, Џо Бајден, кој како што објавија медиумите, ги повлекол сите предизборни пораки кои го прикажуваат Трамп во негативно светло.

-Мојата сопруга Џил и јас се молиме брзо и целосно да закрепнат. Она не е прашање на политика. Ова е важно потсетување за сите дека мора сериозно да го сфатиме овој вирус, изјави Џо Бајден, кандидат за претседател на САД.

Медиумите објавија дека 70-годишниот Трамп е седми претседател на САД по Првата Светска војна кој има сериозни здравствени проблеми. Тој влегува во ризична категорија граѓани поради неговата возраст и вишокот килограми. Правата дама Меланија, која исто така е позитивна на корона вирусот, има блага температура и главоболка.

Потрошил 14.000 евра за да стане куче, а сега повторно шокира со новиот кучешки костум (ВИДЕО)

Претходно пишувавме за Јапонец, кој се крие зад прекарот Токо.

Тој потрошил повеќе од 14.000 евра на костим за куче, со цел да го исполни детскиот сон и да го запознае светот од перспектива на животното.

Сега тој повторно го шокира светот, откако претстави хиперреалистичен костим на маламут од Алјаска што му овозможува да прави „нови трикови“.

Потсетуваме, Јапонците ангажираа експерти од компанијата „Цепет“ на кои им биле потребни 40 дена за реализација на проектот.

Му дале импресивен костим на овчарско куче со густо крзно и анатомски исправни екстремитети, но неговата глава била „најслабиот“ елемент.

Сега Токо претстави нова инвестиција, а костимот од Alaskan Malamute изгледа импресивно, со можност за движење на опашката и устата, пренесува Oddity Central.

Тој признава дека ја крие својата страст од пријателите, семејството и колегите на работа, плашејќи се од суд, но не планира наскоро да се откаже од хобито.

Ако ништо друго, се чини дека тој е сѐ повеќе и повеќе опседнат со кучешкиот живот секој ден.

„Жешката“ полицајка која му играше во скут на шефот доби отказ, но не за снимката (ВИДЕО)

Њујоршката полицајка Вера Мекали (26) се најде во центарот на вниманието на јавноста откако беше објавено видео на кое таа танцува во скутот на тогашниот шеф.

Оттогаш поминаа три години, а жената сега е отпуштена - од други причини, објави Дејли Стар.

По жешкото видео од забавата, Вера продолжи да работи во службата, а нејзиниот шеф бил префрлен на ново работно место.

Сепак, иако не добила отказ, по две години од егзотичното танцување, Вера била суспендирана поради мешање во апсењето на нејзиниот девер кому се обидела да му помогне кога бил запрен поради возење во пијана состојба.

Вера ги нападна полицајците од Њу Џерси затоа што го фатиле, велејќи дека „не ја завршиле добро работата“.

Како што пренесуваат американските медиуми, таа боса втрчала во станицата и врескала дека е полицајка.

Таа барала да ѝ кажат зошто мажот е уапсен.

Истрагата покажала дека полицајците направиле сѐ по протокол, а Вера била исфрлена од полициските сили.

„Тато, згрешив, се срамам што те посрамотив тебе и семејството“, му рекла Вера на својот татко и додала дека сѐ „требало да биде шега“.

„Не бев свесна дека му ја уништив кариерата, сега изгледа како лош човек, извини“, рекла поранешната полицајка.

Во куќата на нацистички лидер се пронајдени човечки остатоци- сите немаат шаки и стопала

Група аматерски истражувачи пронашле коски од пет луѓе во куќа која некогаш му припаѓала на еден од најблиските соработници на Хитлер - Херман Геринг.

Остатоците се пронајдени во трошна зграда во близина на поранешното седиште на Адолф Хитлер, Волчјо дувло, во денешна Полска, пренесува Der Spiegel.

Во густо пошумена област покриена со бункери, националсоцијалистите изградиле добро обезбеден квази-мал град за нивното раководство - вклучувајќи кино, чајџилница и противвоздушни станици.

Речиси 80 години подоцна, Волчицата била обрасната со плевел и природата ги „голтнала“ куќите, а се верувало дека урнатините на куќата што некогаш ја користел Геринг биле добро истражени. Меѓутоа, кога археолози аматери од Полска и Германија почнале да бараат под дрвениот под, ископале човечки череп на длабочина од десет сантиметри.

Веднаш повикале полиција, но немало докази дека таму е извршено неодамнешно злосторство. Тогаш тимот истражувачи, предводен од Октавијан Бартошевски, почнал да копа понатаму. Како што пишува Der Spiegel, пронајдени се останките на уште три лица, тинејџер и бебе.

„Можеби се работи за семејството кое било погребано во куќата на Геринг, пишува Der Spiegel.

Засега не е јасно чии се посмртните останки. Можно е дека остатоците веќе биле таму за време на изградбата на куќата, како што знаел фелдмаршалот Рајх. Меѓутоа, можно е и овие луѓе да дошле во Волчицата по завршувањето на Втората светска војна.

Полското јавно обвинителство сега сака да утврди дали масовното убиство има врска со нацистите.

Она што ги загрижува сите е тоа што на сите скелети им недостасуваат шаки и стопала. Постои можност коските да изгниле во текот на децениите, но и некој да им ги отсекол екстремитетите.

притисни ентер