СветТрамп, Хегсет и Рубио доаѓаат на Балканот Американскиот претседател Доналд Трамп ќе ја посети Грција ова лето, изјави денеска американската амбасадорка во Атина, Кимберли Гилфојл.„Сè уште не го знаеме точниот датум, има многу работи што се случуваат, но тој ќе дојде во Грција“, рече таа, според бриселскиот „Политико“. Таа додаде дека американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет, исто така, ќе ја посети Атина, како и американскиот државен секретар Марко Рубио. Таа рече дека се очекува Трамп да се обрати во Грција. „Секако дека сите би го сакале тоа, нели? Нека Трамп се обрати на Акропол. Се надевам дека ќе може, ќе го поканам да го стори тоа. Тој работи толку напорно, работи нон-стоп“, рече Гилфојл. Кимберли Гилфојл беше во брак со демократскиот гувернер на Калифорнија, Гевин Њусом, по што се омажи за синот на Трамп, Доналд Трамп помладиот, според „Политико“.Тагови: Доналд Трамп Пит Хегсет Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗабранета за пиење и водата во Крушево, може да се користи само како техничка15:00Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47Тошковски: Секој што се огрешил пред законот ќе одговара18:20Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи15:00Царинска управа: Запленет златен накит вреден 1,3 милиони денари09:19
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи15:00
МакедонијаСтрумичанец превезувал мигранти со возило со таблички од друго возило и без возачка- уапсен е Лишен од слобода струмичанец, превезувал мигранти со возило со регистраски таблички од друго возило и без возачка дозвола.На 24.07.2026 во 19:30 часот во близина на крстосница од локален пат с.Богородица-Гевгелија и регионален пат Гевгелија-Богданци, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица го лишија од слобода Д.К.(36) од Струмица поради основи на сомнение за сторени кривични дела по член 418-Б, член 378 и член 297-а од Кривичниот законик. Имено, при контрола во возило „фиат стило“ со австриски национални ознаки, кое го управувал, биле пронајдени седум лица мигранти, од кои четири од пакистан, две од Авганистан и едно од Турција. Додека, по извршени дополнителни проверки било констатирано дека регистарските таблички припаѓале на возилото, а тој го управувал без возачка дозвола. За настанот е известен јавен обвинител,а мигрантите биле спроведени во прифатно-транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија. По целосно документирање на случајот, против Д.К. ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Црна хроникаПретрес во Арачиново- пронајдена марихуана Претрес во скопско Арачиново, лишено од слобода едно лице, пронајдени над два килограми марихуана.На 24.07.2026 од страна полициски службеници од Единицата за недозволена трговија и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје по Наредба на Основен кривичен суд Скопје извршен е претрес во дом и други простории кај Б.Н.(25) од Арачиново, скопско. При претресот пронајдени се над два килограми наркотична дрога марихуана и дигитална вага со остатоци од марихуана. Б.Н. е лишен од слобода и по целосно документирање на случајот против истиот ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 од Кривичниот законик по итна постапка, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗабранета за пиење и водата во Крушево, може да се користи само како техничка15:00Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47Тошковски: Секој што се огрешил пред законот ќе одговара18:20Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи15:00Царинска управа: Запленет златен накит вреден 1,3 милиони денари09:19
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи15:00
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Градоначалникот на Гостивар не се чувствувал виновен, СДС, ДУИ и Таравари го штитат Градоначалникот на Гостивар не се чувствувал виновен за загрозеното здравје на неколку илјади граѓани, СДС, ДУИ и Таравари го штитат и не бараат одговорност.Опозицијата е морално капитулирана и без никаков компас. Она што се случи во Гостивар, токму поради неажурноста и незаинтересираноста на локалната власт, предводена од Валбон Лимани, покажа колку коалицијата СДС, ДУИ и Таравари не се грижи за граѓаните. Да не беше градоначалник од нивните, редови веднаш ќе држеа прес-конференции и ќе бараа одговорност. Но, бидејќи е градоначалник од нивните редови, кој патем самиот изјави дека не чувствува никаква грижа за тоа што здравјето на неколку илјади граѓани го стави во опасност, од опозицијата нема никаква осуда. Така на пример, СДС се занимава со спинување на информации и собирање дневно-политички поени и со ширење на неточни и непрецизни информации, и се обидува и од оваа криза да извлече нешто за себе. Коалицијата СДС, ДУИ и Таравари преку молк се обидува да си го заштити својот политички комодитет. Оттука, може да заклучиме дека на површина исплива нивната политичка беда и дека им пропадна фасадата дека се борат за правда. Институциите работат и ќе ги утврдат фактите, а секој што има одговорност за овој случај ќе мора да сноси соодветни последици согласно законите, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter