СветТрамп: Хамас ќе се однесува пристојно или ние ќе ги искоренимеАмериканскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека палестинското милитантно движење Хамас треба „да се однесува пристојно“, или, како што рече, ќе се соочи со сериозни последици.„Тие ќе бидат пристојни, а ако не бидат, ние ќе одиме и ќе ги искорениме“, рече Трамп на прес-конференција во Белата куќа, по потпишувањето на договор за ретки минерали со австралискиот премиер Ентони Албанезе, пренесе Гардијан. Трамп рече дека „Хамас беше многу насилен“, но дека „веќе ја немаат поддршката од Иран“. „Тие веќе немаат ничија поддршка. Мора да бидат добри, а ако не се добри, ќе бидат искоренети“, заклучи Трамп. Во Газа е на сила примирје меѓу Хамас и Израел, кое беше постигнато врз основа на мировниот план на Трамп за Газа и ослободувањето на заложниците, кое беше поддржано од лидерите на триесет земји на самитот во Египет. Според израелската армија, прекинот на огнот во неделата го прекршиле припадници на Хамас, кои излегле од тунел и отвориле оган врз израелските војници во близина на Рафа, на југот од Појасот Газа, по што израелската армија извршила неколку целни напади врз цели во Газа.Тагови: Доналд Трамп Хамас Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Мусака од макарониВо вторник (12.06.2026) во емисијата гостин ни бeше Вера Мештеровиќ.Состојки за денешниот рецепт: 300 гр. мелено телешко месо 1 пакување макарони (пастицио) 1 главица кромид 1 морков 1 црвен домат 200 – 300 гр. доматно пире 300 гр. кашкавал 100 гр. пармезан 4 - 5 јајца 250 мл. млеко маслиново масло по потреба половина коцка путер малку мускатно оревче сол, бибер и др. зачини по избор Погледнете како се подготвува овој рецепт: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВасев ќе се брани од слобода, по една година помината во затворски притвор10:42Минчев: Има ли Македонец кој ќе прифати дека Гоце Делчев не е Македонец?09:50Мицкоски на партискиот роденден на ВМРО-ДПМНЕ најави ново поглавје - држава на можности, не на изговори15:12Мисајловски на состанокот на Северноатлантскиот совет во Брисел: Македонската Армија се развива со засилено темпо12:53Мисајловски со колегите од сојузничките земји на состанокот на Северноатлантскиот совет во седиштето на НАТО во Брисел09:06
Мицкоски на партискиот роденден на ВМРО-ДПМНЕ најави ново поглавје - држава на можности, не на изговори15:12
Мисајловски на состанокот на Северноатлантскиот совет во Брисел: Македонската Армија се развива со засилено темпо12:53
Мисајловски со колегите од сојузничките земји на состанокот на Северноатлантскиот совет во седиштето на НАТО во Брисел09:06
МакедонијаКузмановска: Криминалната ВМРО го казни претседателот на СДММ - Трајче затоа што не молчи!Трајче е казнет затоа што не молчи.Криминалната ВМРО и Мицкоски го прераспределија претседателот на СДММ од Штип во Берово или повеќе од 100 километри од неговото место на живеење до работното место. Младите масовно се иселуваат а имаме обиди за замолчување на сите оние кои јавно зборуваат и избираат да не молчат. Денеска е Трајче, а утре може да биде ској млад, секој од нас. Од пред УЈП порачуваме, вие не го казнивте Трајче вие го казнивте правото младите слободно да мислат и слободно да зборуваат. Но нема да молчиме, нема да не исплашите, нема да не замолчите. Младите се против реваншизам, против, притисоци, против уцени и казни. Колку повеќе притискате, толку погласно ќе зборуваме. Другар Трајче, со тебе сме. Стефанија Кузмановска, потпретседателка на СДММТагови: СДММ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДелегација од шест македонски општини го посети и македонскиот КИЦ во ЗагребИницијативи за културна соработка и туристичка промоција на локалните самоуправи.Во рамките на студиската посета на Република Хрватска посветена на развојот на граѓанските енергетски заедници, делегација од шест македонски општини го посети и македонскиот Културно-информативен центар во Загреб и оствари средба со директорката Мими Ѓоргоска Илиевска. Во состав на делегацијата беа градоначалниците на Битола, Кичево, Новаци и Демир Капија – Тони Коњановски, Александар Јовановски, Стевче Стевановски и Наталија Димитриева, секретарите на Куманово и Вевчани – Емилија Сларидис Јаневска и Зоран Радиноски, како и координаторот за енергетски проекти во Еко-свест, Жарко Конески. Во текот на посетата се иницираа можности за продлабочување на соработката меѓу македонскиот КИЦ во Загреб и македонските општини. Посебен акцент беше ставен на промоцијата на општините како туристички дестинации преку претставување на нивното културно наследство, традиција, природни убавини и современи културни содржини, со цел зајакнување на културниот туризам и нивна поголема меѓународна видливост. Во таа насока беа разгледани повеќе иницијативи и можности за заедничко организирање културни настани, изложби, презентации и други активности преку кои ќе се афирмираат културните и туристичките потенцијали на македонските општини пред хрватската јавност. Македонскиот КИЦ во Загреб изразува благодарност до делегацијата што, и покрај својата студиска посета, одвои време да го посети КИЦ-от, при што ваквите средби се значајни за унапредување на взаемната соработка.Тагови: КИЦ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter