Драма во Истанбул – турските власти трагаат по лавица, на дел од жителите им е наложено да не излегуваат од дома
1Драма во Истанбул – турските власти трагаат по лавица, на дел од жителите им е наложено да не излегуваат од дома
СветТрамп го тужи медиумскиот тајкун Руперт Мардок и „Wall Street Journal“ – им бара 10 милијарди долариАмериканскиот претседател Доналд Трамп го тужи „Волстрит џурнал“ (WSJ) и неговите сопственици, вклучувајќи го и медиумскиот магнат и милијардер Руперт Мардок, барајќи најмалку 10 милијарди долари отштета.Американскиот претседател Доналд Трамп го тужи „Волстрит џурнал“ (WSJ) и неговите сопственици, вклучувајќи го и медиумскиот магнат и милијардер Руперт Мардок, барајќи најмалку 10 милијарди долари отштета поради сторија во која се тврдеше дека неговото име се појавило на честитка за роденден во 2003 година испратена до милијардерот педофил Џефри Епштајн. Честитката, претходно објави весникот, содржела сексуално сугестивен цртеж на гола жена и споменува „тајни што ги споделиле“. Мардок е сопственик на неколку медиуми, вклучувајќи ги „Фокс њуз“, американските весници WSJ, „Тајмс“ и лондонскиот таблоид „Сан“. Неговиот имот се проценува на над 24 милијарди долари. Во тужбата, поднесена во федералниот суд во Мајами, како обвинети се именуваат Мардок, „Дау Џонс“ и „Њуз корп.“, нејзиниот извршен директор Роберт Томсон и уште двајца новинари на „Волстрит џурнал“. Се тврди дека тие дале клеветнички тврдења за Трамп, предизвикувајќи му огромни финансиски загуби, објави Би-Би-Си. Епштајн, милијардер педофил, починал во затворска ќелија во Њујорк во 2019 година, наводно од самоубиство. Неговиот случај предизвика бројни теории на заговор, особено меѓу поддржувачите на Трамп кои веруваат дека владата ги прикрива неговите врски со богатите и моќните. Трамп тврди дека ги прекинал сите контакти со Епштајн пред првпат да биде осомничен за подведување на малолетни девојчиња. Тој жестоко го негираше извештајот на WSJ, кој Ројтерс не можеше да го потврди, а претходно го предупреди Мардок дека планира да ги тужи. Dow Jones, издавачот на угледниот весник, е во сопственост на News Corp. „Тукушто поднесовме моќна тужба против сите вклучени во објавувањето лажна, злонамерна, клеветничка, измамничка статија во безвредното ѓубре што е Wall Street Journal“, напиша Трамп на својата мрежа Truth Social. „Се надевам дека Руперт и неговите „пријатели“ со нетрпение ги очекуваат долгите часови сведочење и испрашување што ги очекуваат за ова“, додаде тој. Trump files lawsuit against Wall Street Journal and media mogul Rupert Murdoch over reporting on Epstein ties | Click on the image to read the full story https://t.co/uTn363uSKR — WISN 12 NEWS (@WISN12News) July 19, 2025 Сепак, компанијата вели дека има целосна доверба во професионализмот на новинарите и точноста на презентираните информации и ќе се брани од обвиненијата. Во тужбата се тврди дека наводната честитка за роденден е „лажна“ и дека статијата е објавена со намера да се наруши угледот на Трамп. „Значајно е што статијата не разјаснува дали обвинетите виделе копија од писмото, дали ја имале, дали им била опишана или дали постои друг контекст што би ѝ дал кредибилитет на приказната“, се вели во тужбата. За да добие тужба за клевета, Трамп мора да докаже дека обвинетите дејствувале со „вистинска злоба“, односно дека знаеле дека обвинувањата се лажни или дека намерно ја игнорирале вистината. Пресуда од 10 милијарди долари во негова корист би била далеку поголема од која било претходна пресуда или спогодба во случаи на клевета.Тагови: Доналд Трамп Руперт Мардок Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28Од воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
СветДрама во Истанбул – турските власти трагаат по лавица, на дел од жителите им е наложено да не излегуваат од домаТурските власти почнаа масовна потрага по лавица, која била забележана во шумска област на Истанбул. Дивото животно вчера попладнето прво било забележано од локален жител, а потоа регистрирано и од надзорните камери. Жителите на населбата Ускум-Рукој, добиле наредба да не ги напуштаат домовите додеа трае акцијата за пронаоѓање на лавицата, по која се трага и со дронови. Според турските медиуми, се верува дека лавицата побегнала од првиватен имот, каде што било чувано како егзотично животно. Лавицата првично била пронајдена, но обидот таа да биде успиена завршил неуспешно, по што екипите и ја загубиле трагата. SON DAKİKA / İstanbul Sarıyer’de aslan paniği: Yakalama çalışması başlatıldı İstanbul’un Sarıyer ilçesine bağlı Uskumruköy Mahallesi’nde aslan görüldüğü bildirildi. Aslanın yakalanması için bölgede çalışma başlatılırken, yetkililer çevrede yaşayan vatandaşları dikkatli ve tedbirli olmaları konusunda uyardı. Aslan termal kameralar ve güvenlik kameralarıyla tespit edildi. — Aykırı (@aykiri) November 22, 2026 Тагови: Истанбул Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветВртоглаво растат акциите на „Нвидија“ по враќањето на Хуанг Акциите на Nvidia скокнаа во раното тргување денес по веста дека Џенсен Хуанг е вратен на функцијата извршен директор.Акциите на Nvidia се отворија за околу 30%, објави Би-Би-Си. Цената на акциите на компанијата претрпе удар - затвори со пад од речиси 14% во петокот откако Ројтерс објави дека компанијата е под истрага од страна на Комисијата за хартии од вредност на САД (SEC) поради нејзините сметководствени практики. Пазарите, исто така, се отворија во голема мера на позитивна територија - иако вреди да се напомене дека американските индекси веќе беа во пораст во претпазарното тргување по падот на пазарот во петокот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28Од воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
МакедонијаЕвростат: Две од три домаќинства во Македонија немаат децаДве третини од домаќинствата во Македонија немаат деца, покажуваат најновите податоци на Евростат за структурата на домаќинствата.Според статистиката, во земјава минатата година биле регистрирани вкупно 595.600 домаќинства. Од нив, 393.400 биле без деца, додека 202.200 имале издржувани деца. Интересно е што македонија отстапува од европскиот просек. Во Европската унија дури 76,6 проценти од домаќинствата немаат деца, а само 23,3 проценти имаат издржувани деца. Дополнително, просечниот број деца по домаќинство во македонија изнесувал 0,60, што е за една четвртина помалку во споредба со 2015 година, кога просекот бил 0,80. Македонските домаќинства се поголеми и според бројот на членови. Просечната големина се движи меѓу 3,1 и 3,2 лица, наспроти европскиот просек од околу 2,3 члена.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28Од воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28