СветТрамп го отвори „Алигатор Алкатраз“ на Флорида- затвор за мигранти (ВИДЕО)Американскиот претседател Доналд Трамп пристигна на отворањето на новиот центар за притвор на имигранти во Флорида.Изграден е за многу кратко време во средината на Флорида Еверглејдс, место на светското наследство на УНЕСКО. Објектот, неформално наречен „Алигатор Алкатраз“, е изграден на напуштена писта на аеродромот Дејд-Колиер, само 50 милји од резиденцијата на Трамп во Мар-а-Лаго, и ќе смести до 5.000 притвореници. „Центарот е опкружен со диви животни и еден пат. Има само еден пат за влез, единствениот излез е со еднонасочен лет. Објектот е изолиран и опкружен со опасен див свет и суров терен. Тоа е ефикасен и економичен начин за спроведување на најголемата масовна депортација во американската историја“, изјави Каролин Ливит, портпаролка на Белата куќа. 🚨Trump is on its way to “Alligator Alcateaz,” it has its runway👇 pic.twitter.com/NFGVpqGeS6 — Raylan Givens (@JewishWarrior13) July 1, 2025 Одлуката за пренамена на пистата ја донесе републиканскиот гувернер на Флорида, Рон ДеСантис, преку извршна наредба, а Трамп симболично дојде да ја отвори. Во свој стил, обраќајќи се кон толпата, претседателот рече: „Змиите се брзи, но алигаторите... Ќе ги научиме како да избегаат од алигатори ако избегаат од затвор! Не трчајте право. Трчајте цик-цак. Вашите шанси за бегство се зголемуваат за еден процент!“ This is Trump's "Alligator Alcatraz." I hope people see this for what it is — which is a cruel and inhumane gimmick concocted by a weak, sad, and sadistic human being. The heat will be excruciating. Older folks and those w/pre-existing conditions will die. pic.twitter.com/4aYuXwCBca — Bill Madden (@maddenifico) July 1, 2025 Критики од локалното население и домородните заедници Отпорот кон проектот доаѓа од многу страни. Бети Осцеола, членка на индијанското племе Микосуки, истакна: „Ова е нашиот дом. Место каде што доаѓаме за лекување, за билки, за молитва. Загрозувањето на овој простор го нарушува нашето постоење.“ Скептиците го истакнуваат прашањето за хуманите услови. „Како можат да стават пет илјади луѓе среде мочуриште во сезоната на урагани? Луѓето ќе умрат. Четиристотини и педесет милиони долари годишно, за што?“, праша демонстрантката Тања Војчи. Trump is laughing about alligators possibly eating the people who try to escape from indefinite detention in his concentration camp. Almost 72% of people ICE has taken have no criminal record. This is about white supremacy, not immigration. pic.twitter.com/dV4kO6bU9u — Melanie D'Arrigo (@DarrigoMelanie) July 1, 2025 Иако објектот се наоѓа во округот Мајами-Дејд, неговото финансирање во голема мера ќе биде покриено од федерални средства од Агенцијата за управување со вонредни состојби (FEMA). Администрацијата на Трамп веќе притвори рекордни 59.000 мигранти во „најголемата масовна депортација во историјата“, надминувајќи го својот капацитет за 140 проценти. Градењето центри како „Гатор Алкатраз“ станува клучна алатка во тој процес. „Кога имате нелегални убијци, силувачи и гнасни криминалци во притворен центар опкружени со алигатори, мислам дека тоа ќе ги одврати од обидот да избегаат“, додаде Ливит.Тагови: алигатори мигранти Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Реакција на прес-конференција на СДСМДобро е што Кузеска дава признание што од брусење шахти и казни на тие кои не употребуваат Северна, стигнавме денес и европските челници да употребуваат македонски идентитет и култураПрес-конференцијата на Богданка Кузеска каде посочува дека Урсула фон дер Лајен употребува македонски јазик, култура и идентитет, со оглед на фактот што доаѓа од партијата позната по тоа што кога беше на власт ги брусеше капаците од шахтите зошто имале сонце, ја разбираме единствено како големо признание на оваа Влада која од состојба каде Заев како премиер ги корегираше и казнуваше сите кои не употребуваат Северна дојдовме до ситуација европските челници да ја прифатат придавката македонски и да се јакне македонскиот идентитет. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДелегација на МЕРМС во Женева58% од инсталираниот капацитет е од обновливи извори – следен чекор модерна мрежа и складирање.Делегација од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини учествуваше на UNECE Sustainable Energy Week која се одржа во Палатата на нациите во Женева, со фокус на прашањата поврзани со енергетската транзиција, енергетската безбедност, достапноста на енергијата и одржливиот развој. Во рамки на настанот се одржаа состаноци на Групата експерти за енергетска ефикасност (GEEE), Групата експерти за почисти електроенергетски системи (GECES) и Групата експерти за обновлива енергија (GERE), како и 35-тата сесија на Комитетот за одржлива енергија на UNECE (CSE). Во рамки на 13-тата сесија на Групата експерти за обновлива енергија (GERE-13), на панел-дискусијата Exchange of experiences on how to increase the uptake of renewable energy, Марко Минов од Секторот за обновливи извори на енергија, го претстави напредокот во спроведувањето на регулаторната рамка од Законот за енергетика и новиот Закон за користење на енергијата од обновливи извори, со кои се унапредува интеграцијата на енергетскиот пазар и се создаваат предвидливи услови за развој и инвестиции во обновливите извори. Како клучни реформи беа опфатени прекуграничната распределба на капацитети, балансирањето, оперативната сигурност, гаранциите за потекло, активните потрошувачи, енергетските заедници и конкурентните механизми за поддршка на производството од обновливи извори на енергија. Во излагањето, Минов го истакна и значителниот раст на капацитетите од обновливи извори на енергија во Македонија, особено на фотонапонските електроцентрали, а ги претстави и Годишните планови за изградба на енергетски објекти како инструмент за предвидлив и координиран развој на енергетскиот сектор и систематско планирање на нови производни капацитети и системи за складирање на енергија. Во рамки на дискусијата, меѓу другото беше нагласено и дека: „зголемувањето на капацитетите од обновливи извори е само дел од енергетската транзиција. Следниот предизвик е електроенергетскиот систем да стане пофлексибилен, поотпорен и способен да интегрира сè поголеми количини на варијабилни обновливи извори. Интеграцијата на нови капацитети од обновливи извори, модернизацијата на мрежна инфраструктура, пазарните механизми и складирањето на енергија ќе биде важен дел од идниот развој на енергетскиот систем“. Во рамки на 35 сесија на Комитетот за одржлива енергија (CSE-35) на тема Strengthening Energy Security, Affordability and Sustainability in an Uncertain World, меѓу другото беше одржана и дискусија на високо ниво, посветена на приоритетите, предизвиците и можностите за зајакнување на енергетската безбедност, достапноста и одржливоста. Во рамки на сесијата, Елена Ивановска, кабинетски службеник задолжен за следење на стратешките приоритети на Владата, која воедно претседаваше и со сесијата System-wide Solutions to Strengthen Energy Security, Affordability and Sustainability, се обрати во име на Македонија, претставувајќи ги приоритетите на земјата и конкретните активности за унапредување на сигурноста, достапноста и одржливоста на енергетскиот систем. Во своето обраќање, Ивановска истакна дека за Македонија, трите цели (енергетската сигурност, достапноста и одржливоста) се тесно поврзани и дека забрзувањето на развојот на обновливите извори, намалувањето на зависноста од увоз на електрична енергија и обезбедувањето сигурно снабдување бараат модерна, отпорна и регионално поврзана електроенергетска мрежа. Посебен акцент беше ставен на потребата развојот на мрежната инфраструктура да го следи брзиот раст на обновливите извори. Во таа насока, беше посочено дека Македонија од 2021 година, кога обновливите извори сочинувале околу 38% од инсталираниот производен капацитет, до 2025 година достигнала учество од околу 58%, со повеќе од 1.750 MW инсталирани капацитети од обновливи извори. Брзиот развој на сончевата енергија носи и нови барања за преносниот систем, особено поради децентрализираното варијабилно производство, двонасочните текови на електрична енергија и потребата од балансирање на системот. Ивановска посочи и на потребата од значителни инвестиции во преносната мрежа, унапредување на регионалната соработка и развој на механизми за флексибилност, батериски системи за складирање енергија и управување со потрошувачката. Учеството на претставниците од Министерството: Елена Ивановска, Билјана Матевска, Марко Минов, Сара Кочева, Ангела Алексова, Ненад Стојковски и Љубица Трајковска Лешоска претставуваше можност за размена на искуства со земјите членки на UNECE, претставници на меѓународни организации и експерти од областа на енергетиката, особено во делот на забрзувањето на енергетската транзиција и создавањето пофлексибилни, сигурни и одржливи енергетски системи, но и можност за претставување на реформите и искуствата на нашата земја. Државата останува посветена на сигурна, достапна и одржлива енергетска транзиција, со фокус на понатамошно зголемување на производството од обновливи извори, модернизација и проширување на мрежната инфраструктура, развој на складирањето на енергија, унапредување на пазарната интеграција и создавање предвидлива регулаторна рамка за нови инвестиции. Пораката од Женева е јасна: амбициозниот развој на обновливите извори мора да биде проследен со инвестиции во мрежата, флексибилност, складирање, регионална поврзаност и институционален капацитет. Само преку интегриран пристап може да се изгради енергетски систем кој истовремено ќе биде сигурен, отпорен и одржлив. Со почит, Министерство за енергетика, рударство и минерални суровиниТагови: МЕРМС Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛишени од слобода се 12 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, лишени од слобода се 12 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“.Од нив, осуммина управувале возило без положен возачки испит и тоа: М.Љ.(40), А.Ш.(22) и Ј.Б.(30) сите од Скопје, И.Р.(24) од с.Света Петка, скопско, А.Р.(23) од с.Беловиште, гостиварско, С.А.(35) од с.Мелница, велешко и Н.М.(28) од с.Зрновци, кочанско и 17-годишник од село во Општина Градско. Под дејство на алкохол управувале две лица и тоа: Н.П.(29) од Куманово и М.Н.(19) од Скопје. Додека пак, со забрана за управување со моторно возило управувале С.Н. (37) од Кичево и Р.Х.(37) од с.Рашче, скопско. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.Тагови: безобѕирно управување Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook