Миланов и Серафимовски во Србија: Зајакнување на соработката и олеснување на прометот на животни и производи меѓу двете земји
1Миланов и Серафимовски во Србија: Зајакнување на соработката и олеснување на прометот на животни и производи меѓу двете земји
3СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари - Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци
3Објавени се најпознатите „предвидувања“ на Баба Ванѓа- следбениците тврдат дека го знаела и крајот на светот
СветТрамп: Денешниот разговор меѓу Путин и Виткоф постигна голем напредок Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека неговиот специјален пратеник Стив Виткоф постигнал голем напредок во денешните преговори со рускиот претседател Владимир Путин.На својот профил на мрежата Truth Social, тој изјави дека ги информирал одредени европски сојузници за резултатите од разговорите меѓу Виткоф и Путин во Москва и дека се согласува со сите дека војната во Украина мора да заврши. „Мораме да работиме на тоа во наредните денови и недели“, рече Трамп. Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМиланов и Серафимовски во Србија: Зајакнување на соработката и олеснување на прометот на животни и производи меѓу двете земјиВо фокусот на разговорите беа натамошното унапредување на соработката во земјоделството, ветеринарството и безбедноста на храната, како и создавањето услови за побрз, поедноставен и побезбеден промет на стоки меѓу Македонија и Србија.Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Оливер Миланов, заедно со Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски, со стручни тимови од двете институции, остварија официјална посета на Република Србија, во чии рамки се сретнаа со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Србија, проф. д-р Драган Гламочиќ, како и со потпретседателката на Владата на Република Србија и министерка за стопанство, Адријана Месаровиќ. Во фокусот на разговорите беа натамошното унапредување на соработката во земјоделството, ветеринарството и безбедноста на храната, како и создавањето услови за побрз, поедноставен и побезбеден промет на стоки меѓу Македонија и Србија. На средбата со министерот Гламочиќ посебно беше разговарано за увозот, извозот и транзитот на живи животни, производи од животинско потекло и други земјоделско-прехранбени производи од двете земји, како и за практичните прашања со кои се соочуваат операторите при нивниот прекуграничен промет. Посебно внимание беше посветено на можностите за забрзување и поедноставување на ветеринарните и фитосанитарните постапки, при целосно почитување на стандардите за здравствена заштита на животните и безбедност на храната. Беше разговарано и за контролата на млекото и млечните производи и за потребата од поефикасна координација на надлежните служби. Значаен дел од разговорите беше посветен и на примената на договорите и механизмите воспоставени во рамките на иницијативата „Отворен Балкан“, особено во областа на ветеринарството, фитосанитарната политика и безбедноста на храната и храната за животни. Иницијативата е насочена кон олеснување на движењето на стоки и намалување на административните процедури во регионот. Воедно, беше разговарано и за примената на механизмите во рамките на ЦЕФТА, со цел натамошно олеснување на трговијата, поедноставување на процедурите, подобра размена на информации и документи меѓу надлежните институции и намалување на времето на задржување на пратките на граничните премини. Министерот Серафимовски ја истакна важноста на практичната соработка меѓу институциите на двете земји и потребата договорените механизми да дадат конкретни резултати за земјоделците, производителите и компаниите, преку побрз проток на стоките и отстранување на непотребните административни бариери. Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Оливер Миланов, ја потенцираше потребата од непосредна и континуирана комуникација меѓу ветеринарните служби на Македонија и Србија, особено во однос на увозот, транзитот и извозот на живи животни и производи од животинско потекло. Беше нагласено дека директната комуникација и навремената размена на информации меѓу надлежните институции се од особено значење за брзо решавање на евентуалните пречки во прометот, притоа задржувајќи го високото ниво на контрола и заштита на здравјето на животните и безбедноста на храната. Во рамки на официјалната посета, Серафимовски и Миланов остварија средба и со потпретседателката на Владата на Република Србија и министерка за стопанство, Адријана Месаровиќ, на која беше разговарано за натамошно унапредување на економската соработка и создавање нови можности за поврзување на компаниите и производителите од двете земји. На средбата беше истакната заедничката определба за олеснување на трговијата, отстранување на бариерите и создавање попредвидливи услови за стопанските субјекти, како и за искористување на потенцијалот за заедничка соработка и настап на регионалните и другите пазари. Соговорниците се согласија дека добрите односи меѓу Македонија и Србија претставуваат цврста основа за уште поинтензивна соработка во земјоделството, ветеринарството, безбедноста на храната и стопанството. Официјалната посета ја потврди заедничката определба преку директен институционален дијалог, ефикасна примена на договорените механизми и конкретни оперативни решенија да се обезбеди побрз и поедноставен проток на животни, производи и стоки меѓу двете земји, во интерес на земјоделците, компаниите и граѓаните на Македонија и Србија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваО. Карпош: Музички настапи ја одбележаа првата вечер од 17. „Карпошово културно лето“Во рамки на првиот ден од 17. издание на традиционалната манифестација „Карпошово културно лето“, синоќа се одржа музичка програма која привлече бројна публика. Публиката имаше можност да ужива во концертот на Делфина, како и во настапите на Александар Тарабунов – Тара и групата Нокаут, кои со своите изведби приредија вечер исполнета со музика, позитивна енергија и одлична атмосфера. Со музичките настапи на овие македонски изведувачи на најубав начин беше заокружен првиот ден од овогодишното „Карпошово културно лето“. Манифестацијата продолжува и во наредните денови со богата и разновидна програма, која ќе понуди бројни културни и уметнички содржини за сите генерации.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Ислам Абази го затвори предметот за модуларните болници и го спаси Венко ФилипчеИслам Абази го затвори предметот за модуларните болници и го спаси Венко Филипче, откако обинителките од поранешно СЈО со години го чуваа во фиока.Пет години по оформувањето на предметот, ОЈО ГОКК предводено од Ислам Абази, аргат на Зоран Заев, Венко Филипче и Али Ахмети, донесе одлука да го затвори предметот за 19-те модуларни болници, велејќи дека не постои основано сомнение за злоупотреба на службената положба и овластувања. Потсетуваме дека предметот беше оформен на 10 септември 2021 година, непосредно по трагичниот пожар во модуларната болница во Тетово, во кој животот го загубија 14 наши сограѓани. Филипче и Заев, наместо да ги подобрат стандардите на болниците, тогашното Министерството за транспорт и врски, по предлог на владата, го менува Законот за градење по итна постапка, со цел овој тип на објекти да ги преместат во урбана опрема, за чие поставување и одобрение ќе издава Министерството за здравство или, Венко Филипче како тогашен министер. Ова значи дека Венко Филипче носи директна одговорност за поставувањето на модуларните болници, и секако и за трагедијата што се случи во Тетово. Дополнително, Филипче не потпишал минимум технички спецификации, ниту пак направил елаборат за електрична енергија, со што е директен виновник за пожарот на 8 септември, а исто така, не смееме да заборавиме дека објектот во Тетово бил поставен директно над резервоар на бензиска станица. Особено загрижува фактот што предметот со години фаќал прашина, прво во фиоката на Вилма Рускоска, потоа во таа на Елизабета Јосифовска, двете обвинителки од поранешното криминално СЈО, за на крај, токму ОЈО ГОКК предводено од слугата на СДС и ДУИ, Абази да донесе одлука дека нема основ за кривично гонење. И тоа, на само месец дена од заминување од челната позиција во обвинителство, Абази си ги одработува последните нарачки за заштита на своите шефови и спас на Венко Филипче од кривичен прогон. Но, затворањето на предметот не значи дека вистината е засекогаш затворена, може да се случи да се појават нови докази и постапката може повторно да биде отворена. ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да инсистира на целосно расчистување на трагедијата во Тетово и на одговорност за сите кои направиле пропусти или злоупотреби, затоа што правдата за 14-те загинати не смее да остане во фиока. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter