Јаневска: Поголема безбедноста на младите во сообраќајот преку координирано делување на училиштата, институциите, семејствата...
1Јаневска: Поголема безбедноста на младите во сообраќајот преку координирано делување на училиштата, институциите, семејствата...
3Фондот ги засилува контролите во здравствените установи за спречување неоснована наплата на здравствени услуги
3Ќерката на Мајкл Џексон бара 600 милиони долари од оставината на нејзиниот татко, 17 год. чека за исплата
СветТрамп: Ако енергијата поевтини доволно, Путин ќе престане да убива луѓеНамалувањето на цените на енергијата може да изврши притисок врз рускиот претседател Владимир Путин да ја прекине војната во Украина, изјави американскиот претседател Доналд Трамп во интервју за Cи-Ен-Би-Си.„Ако енергијата поевтини доволно, Путин ќе престане да убива луѓе. Ако поевтини за уште 10 долари за барел, тој нема да има избор бидејќи неговата економија е во лоша состојба“, додаде американскиот претседател. Претходно денеска, руското Министерство за финансии објави дека приходите на земјата од нафта и гас се намалиле за 27 проценти во јули 2025 година на годишна основа - на 787,3 милијарди рубљи (9,8 милијарди долари), споредено со 1,079 трилиони рубљи во истиот месец од претходната година. За периодот јануари-јули, приходите на Русија од нафта и гас се намалија за 18,5 проценти споредено со истиот период во 2024 година. Трамп, исто така, изјави за Cи-Ен-Би-Си дека значително ќе ги зголеми царините за увоз од Индија во следните 24 часа, како одговор на нејзиниот континуиран увоз на руска нафта. Тој рече дека царинската стапка од 25 проценти ќе биде зголемена без да се достигне одредено ново ниво. „Тие ја полнат воената машина и ако го прават тоа, тогаш нема да бидам среќен“, коментираше Трамп. Тој додаде дека според негово мислење Индија воведува многу високи царини за американската стока. Американскиот претседател, исто така, ги критикуваше две од водечките банки во САД - „Банката на Америка“ и „ЏејПи Морган“, обвинувајќи ги дека во минатото одбивале да ги прифатат неговите депозити. Тој додаде дека верува оти банките ги дискриминираат неговите поддржувачи. Тагови: Владимир Путин Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈаневска: Поголема безбедноста на младите во сообраќајот преку координирано делување на училиштата, институциите, семејствата...Поголема безбедноста на младите во сообраќајот преку координирано делување на училиштата, институциите, семејствата, граѓанскиот сектор и локалните заедници.Националната стратегија за безбедност на сообраќајот на патиштата 2026-2030 претставува значаен стратешки документ што го препознава придонесот на образованието во создавање сообраќајна култура и долгорочно унапредување на безбедноста во сообраќајот, рече министерката за образование и наука проф. -д-р Весна Јаневска на промоцијата на новата Стратегија. „Образованието е еден од најмоќните превентивни механизми. Знаењата, ставовите и навиките што придонесуваат за безбедно учество во сообраќајот треба да се развиваат од најрана возраст, почнувајќи од предучилишното воспитание и продолжувајќи низ сите нивоа на образовниот процес. Темите за безбедноста во сообраќајот се интегрирани во воспитно-образовната работа, преку наставни и воннаставни активности, како и кампањи во соработка со Министерството за внатрешни работи, со стручни организации и со единиците на локалната самоуправа“, посочи министерската Јаневска, додавајќи дека податоците за сообраќајните незгоди и ризичното однесување на младите учесници во сообраќајот укажуваат дека е неопходен уште покоординиран пристап. Министерството за образование и наука во соработка со Бирото за развој на образованието ќе работи на дополнително унапредување на воспитно-образовните содржини и активности со кои учениците ќе стекнуваат практични знаења, ќе ги препознаваат ризиците во сообраќајот и ќе развиваат навики за одговорно и безбедно однесување, вклучително и за правилна употреба на заштитната опрема. Јаневска нагласи дека успешната едукација не е можна без подготвени наставници и современи наставни ресурси и затоа, дел од активностите ќе бидат насочени кон јакнење на компетенциите на наставниот кадар и обезбедување соодветни едукативни материјали и алатки за работа со учениците. Ја поддржа идејата за јакнење на безбедносните зони околу училиштата, парковите и центрите на населбите, преку партнерства со општините и граѓанските организации. „Создавањето побезбедна средина околу местата каде што престојуваат децата е заедничка обврска на сите институции и на целата заедница. Подеднакво важно е младите да стекнат основни знаења и вештини за соодветно постапување во првите критични минути по сообраќајна незгода, во соработка со Црвениот крст и со здравствените институции“, рече министерката. Успехот на Стратегијата зависи од способноста за заедничко и координирано делување. Јаневска ги охрабри училиштата, институциите, семејствата, граѓанскиот сектор и локалните заедници да градат трајна култура на безбедност, неопходна како одговор на ризиците со кои се соочуваме како општество.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиФијаско на Трамп и републиканците, демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08Тројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00
МакедонијаМицкоски на самит во Дизелдорф: Македонија веќе 15 години не е членка на ЕУ заради вештачки прашањаПремиерот Христијан Мицкоски учествуваше на Самитот посветен на отпорноста во Северна Рајна-Вестфалија.„Во Дизелдорф учествував на Самитот посветен на отпорноста во Северна Рајна-Вестфалија, каде на панелот "Отпорност како императив за севкупното општество" истакнав дека Македонија веќе 15 години не е членка на ЕУ заради вештачки прашања. Сега се соочуваме со вештачко барање од земја членка ма ЕУ, а сето тоа може да се гледа и како на рушење на отпорноста на ЕУ, а кога постои таква дупка во системот, тогаш станува збор за ранливост на системот. Не секогаш рушењето на системот е предизвикано од оружје, туку и со други ресурси. Затоа е потребна робусна акција на ЕУ кога земја кандидат се бори со прашања од минатиот век поставени од земја членка на ЕУ. Членството во ЕУ значи промена со додавање вредности, а не промена на идентитет. Почнавме пред 26 години, дури и пред Хрватска, којашто сега е земја членка на ЕУ. Се бориме за нашите права, дел сме од НАТО, целосно усогласени со надворешната политика на ЕУ, ја штитиме ЕУ од нелегална миграција од членки на ЕУ, и така ќе продолжиме.“- објави Мицкоски. Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаФондот ги засилува контролите во здравствените установи за спречување неоснована наплата на здравствени услугиФондот за здравствено осигурување ги засилува контролите во здравствените установи со кои има склучено договор, со посебен акцент на проверката на наплатата на здравствените услуги и откривањето евентуални неправилности.Фондот за здравствено осигурување ги засилува контролите во здравствените установи со кои има склучено договор, со посебен акцент на проверката на наплатата на здравствените услуги и откривањето евентуални неправилности при наплата на услуги што се покриени од задолжителното здравствено осигурување. Целта на засилените контроли е да се утврди дали здравствените установи доследно ги почитуваат договорните обврски и законските прописи, особено во делот на евентуална двојна наплата, односно случаи во кои за иста здравствена услуга се наплатуваат средства и од Фондот и од осигуреникот. Фондот потсетува дека за здравствените услуги што се обезбедуваат на негов товар, во здравствените установи со кои има склучено договор, осигурениците немаат обврска да плаќаат дополнителни износи, освен законски утврденото учество со лични средства (партиципација), доколку за конкретната услуга е предвидено такво учество. Ова се однесува на здравствените услуги опфатени со задолжителното здравствено осигурување во примарната, секундарната и терцијарната здравствена заштита, согласно утврдените права и услови за нивно остварување. Во рамките на контролите, особено внимание ќе се посвети на усогласеноста меѓу извршените и фактурираните здравствени услуги, износите наплатени од осигурениците и почитувањето на прописите за учество со лични средства. Фондот потсетува дека здравствените установи имаат обврска на видно и достапно место да ги истакнат информациите за висината на партиципацијата, согласно важечките прописи, а за извршените плаќања да издаваат соодветен законски доказ за наплатата. Осигурениците имаат право на јасна информација за здравствените услуги што ги покрива Фондот, како и за износот што евентуално се должни да го платат по основ на партиципација. Доколку при контролите се утврдат неправилности, Фондот ќе преземе соодветни мерки во рамките на своите надлежности, согласно договорите склучени со здравствените установи и важечките законски и подзаконски прописи. Воедно, осигурениците кои располагаат со информации за евентуална неоснована наплата на здравствени услуги можат да се обратат до Секторот за контрола на Фондот, при што нивните пријави ќе бидат разгледани со почитување на приватноста и заштитата на личните податоци, согласно закон. Со засилените контроли Фондот ја потврдува својата определба за доследно почитување на правата на осигурениците, одговорно користење на средствата од задолжителното здравствено осигурување и поголема отчетност во работењето на здравствените установи со кои има склучено договор. Заштитата на правата на осигурениците и законитото користење на средствата на Фондот остануваат наш врвен приоритет.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter