Голема полициска операција во Србија. Уапсени се шест лица за детска порнографија, спасени се девет деца
Басани од Светската банка: Народната банка е силна институција што придонесува за стабилен и отпорен банкарски сектор
1Голема полициска операција во Србија. Уапсени се шест лица за детска порнографија, спасени се девет деца
2Басани од Светската банка: Народната банка е силна институција што придонесува за стабилен и отпорен банкарски сектор
3Македонија на ждрепката во Нион ќе го добие противникот за баражот за опстанок во Б-дивизијата од Лигата на нациите
СветТрамп: Ахмед е храбар човек, заслужува голема почит (ВИДЕО)Доналд Трамп го нарече нападот на плажата Бонди „ужасен“ и „антисемитски“, додека го пофали како „многу храбар“ човекот кој се справи со еден од напаѓачите.„Сакам да им оддам почит на сите“, рече американскиот претседател. „До Австралија и премиерот, сите што ги познаваме многу добро и со кои имаме одличен однос. Она што се случува таму е ужасна ситуација“, додаде тој. Тој особено го пофали, како што рече, многу, многу храбриот човек кој нападнал еден од напаѓачите и спасил многу животи. „Голема почит кон човекот што го стори тоа“, додаде Трамп. Продавачот на овошје Ахмед го разоружа напаѓачот во Сиднеј Цивилот кој физички го совлада и разоружа еден од напаѓачите за време на пукањето на плажата Бонди во Сиднеј е идентификуван како 43-годишниот Ахмед ал Ахмед, сопственик на продавница за овошје од предградието Сатерленд. Како што потврди порталот news.com.au, Ахмед ал Ахмед, татко на две деца, бил сериозно повреден додека се обидувал да го запре напаѓачот. Неговиот братучед Мустафа изјави за 7News дека Ахмед бил погоден од два куршуми за време на нападот. „Тој е во болница и не знаеме точно каква е неговата состојба. Се надеваме дека ќе биде добро. Тој е херој, сто проценти“, рече Мустафа. Според достапните информации, Ахмед треба да се оперира. Се вели дека немал искуство со огнено оружје и дека случајно се нашол во близина во времето на нападот, но решил да реагира. Снимките што кружат на социјалните мрежи го покажуваат Ахмед, облечен во бела маица, како се крие зад автомобил на паркинг недалеку од еден од напаѓачите. Во моментот на затишје помеѓу истрелите, тој одеднаш се стрча кон напаѓачот, го зграпчи одзади со фаќање за вратот и по кратка борба успеа да му ја земе пушката. Напаѓачот потоа паѓа назад, а Ахмед го насочува оружјето кон него додека се повлекува кон мостот, повремено гледајќи назад. Подоцнежните снимки го покажуваат Ахмед како седи на земја додека минувачите му помагаат со повредата на ногата.Тагови: Ахмед ал Ахмед Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КошаркаПретседателот на Партизан за Карлик Џонс: Не е на продажба!„Не е на продажба“, првиот човек на евролигашот Партизан од Белград, Остоја Мијаиловиќ реагираше на шпекулациите за трансферот на најдобриот кошаркар на црно-белите Карлик Џонс.Остоја Мијаиловиќ зборуваше за Карлик Џонс и потврди дека плејмејкерот останува во Партизан. На социјалните мрежи се појавија шпекулации за можното заминување на Карлик Џонс од Партизан во Олимпијакос, наводно како замена за повредениот Жан Монтеро. Поради сето ова, првиот човек на „црно-белите“ се огласи и ги демантираше тие наводи. „Карлик Џонс има загарантиран договор со Партизан за оваа и за следната сезона, без клаузула за раскин. Тој е нашиот најдобар играч и сметаме на него за остварување на нашите спортски цели оваа сезона. Клубот нема интерес да го продаде“, напиша на социјалните мрежи, Остоја Мијаиловиќ. Претходно, „црно-белите“ издадоа соопштение во кое потврдија дека Жоан Пењароја и стручниот штаб ја имаат целосната поддршка од раководството на клубот. Дополнително, беше обелоденето дека Сани Бечировиќ е новиот директор на клубот.Тагови: Евролигата КК Партизан Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08Кривични пријави за два слуачи поврзани со силување деца08:55На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:088 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45
Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:08
8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45
БалканГолема полициска операција во Србија. Уапсени се шест лица за детска порнографија, спасени се девет децаВо Србија се уапсени шест лица, а спасени се девет деца во рамките на голема полициска операција насочена против сексуалното злоставување на деца преку интернет. Веста ја потврди Министерството за внатрешни работи на земјата. Меѓународна операција „Мозаик“ Меѓународната операција, со кодно име „Мозаик“, ја спроведоа припадници на српската Управа за технологија и Службата за борба против високотехнолошкиот криминал. Тие постапуваа по налог на Посебното одделение за борба против високотехнолошкиот криминал при Вишото јавно обвинителство во Белград. Полициските сили од земјите учеснички спроведоа вкупно 42 претреси и идентификуваа 48 осомничени лица. Досега се идентификувани и спасени девет деца – жртви на сексуално злоставување. Надлежните соопштија дека српската полиција идентификувала и уапсила шест лица од вкупно 48-те осомничени. Во Белград, Нови Сад, Зрењанин, Ниш, Смедерево и Бор беа извршени претреси во домови и други простории што ги користат осомничените. Притоа беа пронајдени компјутери и друга електронска опрема кои содржеле материјали што прикажуваат сексуална експлоатација на деца. Постои сомневање дека лицата преземале, чувале и споделувале таква содржина преку интернет. Според досега собраните информации, некои од осомничените користеле лажни профили на социјалните мрежи и апликации. Тие се претставувале како млади девојчиња и стапувале во контакт со малолетници, со цел да ги принудат да испратат фотографии и видеа од сексуална природа. Полициска соработка и апел до родителите Операцијата „Мозаик“ се спроведува во рамките на европската платформа EMPACT. Таа опфаќа соработка меѓу полициските служби на земјите од Западен Балкан, Унгарија и Хрватска, со поддршка од Европол. Министерството за внатрешни работи на Србија упати апел до родителите и старателите да разговараат со своите деца за ризиците поврзани со комуникацијата со непознати лица на интернет.Тагови: детска порнографија Србија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08Кривични пријави за два слуачи поврзани со силување деца08:55На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:088 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45
Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:08
8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45
ЗабаваСопруга на фудбалер на Динамо Киев бара само 1000 долари месечно за удобен живот?!Сопругата на фудбалер на Динамо Киев, Назар Волошин, атрактивната Лиза шокираше со изјавата за пари!Лиза Волошина која е шест години повозрасна од својот сопруг повторно го привлекува внимание на јавноста со своите скандалозни изјави и провокативни фотографии. Интересно е тоа што оваа убава бринета се појавува во украинските медиуми под името Јелисавета Кандиба, додека по стапувањето во брак го користи презимето Волошина. Љубовната приказна меѓу Лиза и Назар трае веќе неколку години. Поточно, пред да стапат во брак летово на 11 јуни во Киев тие биле заедно пет години. Свадбената прослава ја организираа во кругот на семејството и пријателите. Според украинските медиуми, Лиза е шест години постара од фудбалерот. Оваа убава бринета често позира во елегантни и привлечни модни комбинации, објавува фотографии од разни фотосесии, а прикажува и прошетки, посети на ресторани, шопинг и патувања. Лиза дојде во центарот на вниманието на украинската и европската јавност во ноември 2024 година. Тогаш таа го привлече вниманието на медиумите изјавувајќи дека ѝ се потребни 1.000 американски долари месечно за удобен живот во Киев. Исто така, истакна дека заработката на нејзиното момче не ѝ е најважната работа, туку неговите цели и амбиции. За време на разговор со еден блогер, Лиза одговараше на прашања за скапите подароци што ѝ ги купил Назар, како и за тоа колкава сума пари смета дека е доволна за пристоен живот во Киев. Таа откри дека фудбалерот ѝ подарувал скапи прстени и чанти, но нагласи дека парите никогаш не биле пресудни во нивната врска. Додаде и дека нејзината омилена марка автомобили е BMW.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08Кривични пријави за два слуачи поврзани со силување деца08:55На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:088 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45
Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:08
8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45