2Клековски: Ги мобилизираме сите надлежни институции за координиран одговор на западнонилската треска
ЗабаваТрагикомично: Американците требало да покажат каде е Иран на неозначена карта Според анкетата на скоро 2.000 испитаници од САД, помалку од една четвртина од нив успеале да го посочат Иран на необележана мапа на светот.Кога на испитаниците им била дадена мапа на Блискиот исток, тоа им ја направило задачата малку полесна, но сепак помалку од една третина од нив знаеле да ја најдат земјата што со денови ја споменуваа сите американски медиуми. Џоана Пијацена, аналитичарка во „Морнинг Консалтинг“, ги објави резултатите од анкетата на Твитер, со карта што ги покажува точките за одговор на луѓето. Некои испитаници го сместувале Иран дури и на Балканот, додека имало такви кои сметале дека е во Русија или во САД. NEW from me: We asked folks to identify Iran on an unlabeled map. 28% of them got it right. Here's where they guessed. https://t.co/XhP5OU9s2n pic.twitter.com/IQ8HYFDKxE — Joanna Piacenza (@jpiacenza) January 8, 2020 Резултатите од истражувањето предизвикаа бројни реакции на социјалните мрежи. NEW from me: We asked folks to identify Iran on an unlabeled map. 28% of them got it right. Here's where they guessed. https://t.co/XhP5OU9s2n pic.twitter.com/IQ8HYFDKxE — Joanna Piacenza (@jpiacenza) January 8, 2020 How the Hell could someone think Iran is where London is or Russia ? — Shitposts PEPE (@Shitpoststrikes) January 8, 2020 you'd think after 17 years of war in Iraq they'd at least understand Iran isn't in Iraq... — Brendon (@3662brendon) January 8, 2020 WHO?! WHO guessed Italy? It’s a goddamned boot! Everyone should know at least that! — Terminate and Stay Resident (@mark_earnest) January 8, 2020 Истражувањето беше моделирано како слична анкета во 2017 година за Северна Кореја, а резултатите и тогаш биле катастрофални. This geography test was inspired by the great @kyledropp, who ran a similar test on North Korea back in 2017. https://t.co/vAbyhgy9VU — Joanna Piacenza (@jpiacenza) January 8, 2020 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТрет смртен случај од западнонилска треска во Македонија, почина 61 годишен скопјанец кој имал и придружни болести15:00Продолжи судењето за „Пулс: Објектот имал прегради и врати кои ја попречиле евакуацијата14:28Денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека09:07Притвор за македонскиот државјанин – се сомничи за транспортот на 324 килограми марихуана фатени во Солун15:00ЈО: По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана12:29
Трет смртен случај од западнонилска треска во Македонија, почина 61 годишен скопјанец кој имал и придружни болести15:00
Денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека09:07
Притвор за македонскиот државјанин – се сомничи за транспортот на 324 килограми марихуана фатени во Солун15:00
ЈО: По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана12:29
ЕвропаРуски опозиционер е осуден на 11 години затвор- ја критикувал војната во Украина Заменик-претседателот на руската либерална партија Јаблоко, Лев Шлосберг, беше осуден во понеделник на 11 години и еден месец во казнена колонија поради критикување на војната во Украина.За време на судењето, Шлосберг ја нарече војната катастрофа за Русија, објави Ројтерс. Обвинение за дискредитација на армијата Шлосберг беше обвинет за дискредитација на руските вооружени сили и ширење лажни информации за војската. Во своето последно обраќање пред судот во Псков минатиот петок, тој ја прогласи својата невиност и тврдеше дека е жртва на политичкиот процес. Тој, исто така, го повтори својот повик за прекин на огнот. The veteran Yabloko politician was found guilty of “discrediting” and spreading “fake news” about the Russian military.https://t.co/EISH7xLjpI — The Moscow Times (@MoscowTimes) August 17, 2026 Забрана за учество на избори Пресудата против Шлосберг беше донесена кратко време по одлуката на Врховниот суд на Русија на 10 август. Со таа одлука, на партијата Јаблоко ѝ беше забрането да учествува на парламентарните избори што ќе се одржат следниот месец.Тагови: украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Експлозија на бомба во дворот на М. Б, вработен во МВР, поврзан со кумот на МицкоскиСДСМ објави видео од експлозија на бомба во дворот на М. Б, вработен во МВР, поврзан со кумот на премиерот Христијан Мицкоски.Зошто се крие од јавноста? Која е позадината? Утре објавуваме детали кои свиркачи ги доставија до СДСМ, се наведува во партиското соопштение. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТрет смртен случај од западнонилска треска во Македонија, почина 61 годишен скопјанец кој имал и придружни болести15:00Продолжи судењето за „Пулс: Објектот имал прегради и врати кои ја попречиле евакуацијата14:28Денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека09:07Притвор за македонскиот државјанин – се сомничи за транспортот на 324 килограми марихуана фатени во Солун15:00ЈО: По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана12:29
Трет смртен случај од западнонилска треска во Македонија, почина 61 годишен скопјанец кој имал и придружни болести15:00
Денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека09:07
Притвор за македонскиот државјанин – се сомничи за транспортот на 324 килограми марихуана фатени во Солун15:00
ЈО: По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана12:29
МакедонијаОЈО: Нови седум осомничени за транспорт на марихуана од Македонија во СрбијаДосегашниот тек на истрагата, што од февруари годинава се води во ОЈО ГОКК за организиран транспорт на наркотична дрога марихуана од Македонија во Србија, укажува на поширок круг лица инволвирани во организираната криминална активност. Обезбедените докази што произлегуваат од преземените истражни дејствија и меѓународната соработка со надлежните органи на Србија, резултираа со донесување нова Наредба за спроведување истражна постапка против уште седум лица. Седуммината се осомничени дека како припадници на организираната криминална група го сториле истото кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори од член 215 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Имено, од засега неутврден период во текот на 2025 година до крајот на јануари 2026 година, на македонската и српска територија, шестмината против кои се води постапка во Србија, шестмината опфатени со истрагата на ОЈО ГОКК од февруари, седуммината новоосомничени, како и други засега непознати лица, се здружиле заради неовластена продажба и пуштање во промет наркотична дрога марихуана. Секој од нив имал определена улога, при што самите или преку други непознати лица преземале, држеле и пренесувале наркотична дрога марихуана заради нејзина понатамошна неовластена продажба и пуштање во промет на територијата на Република Србија и други држави. Како параван за недозволените активности било користено правното лице во Скопје кое поседува одобрение за одгледување канабис за медицински цели и дозвола за производство на екстракти од канабис за медицински потреби. Сопствениците на правно лице од Скопје, од кои едниот е и управител, заеднички и по претходен договор организирале и други засега непознати лица од Србија и Македонија за заеднички да набавуваат наркотична дрога марихуана и во повеќе наврати да ја транспортираат од Македонија во Србија. За таа цел користеле товарни возила и царински декларации со кои се прикажувало дека се превезува текстилна, прехранбена и друг вид стока. Откако наркотичната дрога ќе била пренесена преку државната граница, организирале нејзино складирање во месноста Коњух кај Крушевац, каде марихуаната се препакувала и дистрибуирала за натамошна продажба. Според досега обезбедените докази, истиот modus operandi бил применет при најмалку пет транспорти, за кои биле користени различни патнички и товарни моторни возила. Кај товарните возила со претходно царинета и пломбирана стока се отстранувала пломбата и се вадел дел од царинетата стока, а на нејзино место се ставале кутии со наркотична дрога марихуана со тежина приближно еднаква на тежината на извадената стока. Потоа товарното возило се упатувало кон ГП Табановце, при што било следено од некој од осомничените со патничко моторно возило. На овој начин марихуаната била транспортирана прикриена како прехранбени производи, перници и јоргани. На 21 јули 2026 година, српското Јавно обвинителство за организиран криминал поднесе обвинителен акт против шест членови на организирана криминална група за меѓународен недозволен транспорт на марихуана. Според тамошното обвинение, двајца од сопствениците на правното лице од Скопје давале насоки и инструкции и ги координирале припадниците на криминалната група кои имале задача во месноста Коњух да ја примат и складираат наркотичната дрога марихуана во магацински простор на правно лице, чиј сопственик и управител е исто така обвинет. Дел од дрогата потоа се складирала во помошни објекти во неговиот дом во Коњух, каде било организирано нејзино препакување за натамошна продажба, по што марихуаната наменета за продажба на територијата на Белград му била предавана на друг обвинет член на групата. Во меѓувреме, во постапката што се води пред ОЈО ГОКК, на 10 август 2026 година Основниот кривичен суд Скопје донесе две пресуди врз основа на предлог-спогодби склучени со двајца осомничени. Со спогодбите осомничените признаа дека го сториле кривичното дело што им се става на товар. Притоа им се изречени казни затвор во траење од три години и шест месеци, односно три години и осум месеци, соопштувата од Обвинителството.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter