ЕвропаТрагично заврши потрагата по 12- годишната Вероника од Германија- не се вратила во понеделник од училиште Потрагата по исчезнатата Вероника (12) во Германија заврши трагично.Итните служби го пронајдоа телото на детето во шумска област во близина на Столберг. Според сегашните информации, станува збор за ученичка која исчезнала во понеделник попладне. Вероника последен пат ја видел пријател во понеделник по училиште. Таа исчезнала околу 15 часот. Сè уште не е познато дали потоа се качила во училишниот автобус. Полицијата во Ахен започна голема потрага по девојчето откако беше пријавено дека е исчезнато. Хеликоптери, кучиња трагачи, беспилотни летала и бројни полицајци ја пребаруваа шумската област со каменоломи и природни резервати. Полициските службеници се сомневаат дека девојчето имало проблеми со менталното здравје и можеби извршило самоубиство. А потоа синоќа стигна најтажната вест. Нејзиното тело е пронајдено во шумска област. Полицијата започна истрага за нејзината смрт.Тагови: потрага училиште Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЌе има ли деблокада на европскиот пат на Македонија, патоказот за ЕУ условен со уставот Јотова во одговор на новинарско прашање тврди дека тие секогаш биле отворени за разговор, но дека прашањето не било билатерално, изразувајќи умерен оптимизам пред евентуалната средба.Се уште нема одговор од бугарска страна по упатеното барање од македонското МНР за билатерална средба меѓу шефовите на дипломатиите Муцунски и Петрова Чамова на маргините на министерскиот состанок за Коридорот 8 кој ќе се одржи во Софија на 8-ми октомври. На неколку дена пред состанокот, бугарската претседателка Илијана Јотова во одговор на новинарско прашање тврди дека тие секогаш биле отворени за разговор, но дека прашањето не било билатерално, изразувајќи умерен оптимизам пред евентуалната средба. „Засега ќе бидам умерен оптимист, затоа што е за прв пат од високо ниво во ЕУ се советува владата на Република Македонија, се сеќавате имаше неколку посети на претседателот на Европскиот Совет Антонио Кошта кој упати иста порака но резултати немаше. Се уште немам детали од раговорот во четири очи со Фон Дер Лајен. Но се надевам дека имала цврст став, знаете дека за две недели ќе се разгледува извештајот за напредкот на Македонија во Европската комисија. Се надевам дека имаат чисти мисли и искрена желба. Ќе разговарам со министерката за надворешни Велислава Петрова и сакам да се започнаам со текстот на упатената нота и како точно е формулирана“ - Илијана Јотова, в.д Претседателка на Бугарија Поранешниот амабасадот во Бугарија Марјан Ѓорчев смета дека Европската Комисија јасно укажала дека очекува искрен и контруктивен дијалог и смета дека Софија ќе прифати, но неговите проценки се дека нема да има конкретен исход за надминување на блокадата уште не првата средба. Но според него тоа ќе биде прв чекор кон враќање на довербата меѓу двете страни. „ЕК ќе инсистира на еден искрен разговор помеѓу минситрите за надворешни работи и во таа насока сигурно дека нивните преставници разговарале со бугарските политички чинители и од тука мислам дека ќе прозилезе конструктивен и плодотворен дијалог меѓу министрите. Размисмилсувам позтивно и мислам дека и бугарската страна разбира дека не ќе може со таа флоскула потпишавте - исполнувајте да продолжи и понатаму затоа што ЕК инсистира и двете страни да вложат напори за подобрување на односите. Доколку продолжи инсиситрањето на Комисијата и Бугаријха да даде свој прилог во напредување на односите меѓу двете држави, тогаш сигурно ќе има и понатамошни чекори во таа насока. Ова е би рекол првично кршење на мразот и мислам дека е добро да се постигне еден коректен дијалог со враќање на доцербата во разговорите“-Марјан Ѓорчев, поранешен амбасадор во Бугарија Дека посетата на шефицата на ЕК Фон Дер Лајен во земјава и предлогот кој прозилезе од неа за билатерална средба може да бидат клучни за процесите кои престојат за надминување на блокадата, вчера посочи и премеирот Христијан Мицкоски. „ Стигнавме до разговори. Порано нешто што не беше возможно еве, се случи. Министерот побара, сега останува на нашиот источен сосед да одлучи што понатаму“– Христијан Мицкоски, претседател на Влада Очекувањата на премеиеот Мицкоски се дека официјална Софија нема да си дозволи да не прифати билатерална средба иницирана од ЕУ, а средбата со фон дер лајен ја оцени како како корисна и пријателска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЛице со целосно слепило дискриминирано од страна на стручна комисија, му била намалена помошта15:0122. издание на Виз Ер Скопски маратон урна рекорди кои досега беа недостижни13:59Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54Се одржува „Виз Ер Скопски маратон 2026“, посебен сообраќаен режим во Скопје09:11Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
МакедонијаДали судскиот процес за трагедијата во Пулс ќе има епилог во догледно време?Дејан Јованов Деко, сопственикот на дискотеката Пулс иако доби нов притвор за друго кривично дело но тоа нема да го забрза судењето за пожарот во дискотеката Пулс во Кочани, сметаат дел од правниците. Откако за него обвинителството отвори нова истрага за давање поткуп судот вп петокот му определи нови 30 дена. Адвокатот Владимир Туфекџиќ смета дека тоа нема да влијае за побрзо и праведно решение а оправдани ќе останат реакциите на семејствата на загинатите. Според него проблемот е во како што вели погрешната поставеност на теоријата на случај со вака поднесеното обвинение, но вели дека постои начин процесот да се направи поефикасен и дел од постапките да завршат порано. -Упатно би било обвинетите министри од пред 10-15 години и уште неколкумина потполно “залутани” лица во овој судски предмет да побараат од судот измена на редоследот на изведувањето на доказите на одбраната за да се изведат нивните неколку предложени докази и со тоа да заврши доказната постапка за нив. Со ова доказната постапка спрема овие неколкумина обвинети би била исцрпена и обвинителството со оглед дека е исцрпена доказната постапка, ќе може да го преиспита обвинението спрема овие обвинети, а судот во раздвоена постапка би можел да донесе одлука,вели Туфекџиќ. Околу новата истрага за Јованов и притворот реагираше и универзитетскиот професор Гордан Калајџиев. „Отворање вештачки нова истрага само за да се изигра законот е злоупотреба на правото! На рокот обвинителите требало да мислат кога за пожарот обвинија кого стигнаа“, пишува Калајџиев. Во исто време, семејствата на загинатите во Кочани од последниот 50 по ред Марш за ангелите побраа побрзо судење, одговорност и одговори од институциите. Тие бараат судските рочишта да се закажуваат почесто, со повеќе од десет рочишта месечно, а секое одлагање да биде јавно образложено. Не бараат како што велат, пресуда од улица, туку процес во кој ќе се утврди кој сноси одговорност за трагедијата во која загинаа 63 лица. -Ние родителите и семејствата бараме интензивно судење со над 10 рочишта месечно. Бараме расправите да се закажуваат редовно а секое одлагање, јасно и јавно да се образложи. Нашите насилно убиени деца нема да се вратат, но правдата за нив веќе доцни. Секое тактизирање и купување време само ја продлабочува нашата болка. Одговорноста мора да се утврди веднаш. – Александар Наунов – Татко на загинатата Надица Следно рочиште за случајот е закажано за 8 октомври а за до крајот на годината се закажани уште 14 рочишта. Минатата недела постапката за овој предмет влезе во нова фаза со изведување на докази на одбраната на обвинетите со најавени 244 сведоци. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛице со целосно слепило дискриминирано од страна на стручна комисија, му била намалена помоштаНа целосно слепо лице му била намалена помошта за туѓа нега, бидејќи стручната комисија оценила дека му е потребна помош во помал обем и му закажала нова контрола по 12 месеци. Комисијата за заштита од диксриминацја утврдила директна дискриминација дека станува збор за целосно слепо лице и дека неговата документација утврдила дека таа состојба е трајна и непроменлива. Според Комисијата, не произлегувало ниту медицинско ниту фактичко образложение за различниот третман. На стручната комисија ѝ е препорачано повторно да ја процени потребата од помош и нега, со почитување на законските одредби за целосно слепите лица, но и да преиспита дали воопшто има основа за нови контролни прегледи. Од комисијата за заштита од дискриминација апелираат кај луѓето со трајни инвалидитет да не се бара прегледи, бидејќи нивната здравствена состојба не е променлива, тие прават дополнителни трошоци и малтретирање. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook